Следниот дел
Претходниот дел
детено............1
Дури не заплачит детено, мајка му не му дат да цицат.
детенце...........1
Секое летенце и детенце.
детео.............1
Детео се научува да оди от куга почне да пада.
детето............34
Ако не плачит детето, мајка му не му дават да цицат.
Амо маќата не го остави, детето нема да заплаче.
Внучето е помило од детето.
Детето дури е мало, е безгрешно.
Детето и милувај го, ама и потепнувај го.
Детето и милуј го и негде накажуј го.
Детето кога вели кaкa, кaка, и ќе се покака.
Детето куга се роди, името треба да му се тури.
Детето мало како што го милуа шеќеро, така и огно.
Детето нека ти е мило на срцето, та и да не е на устата.
Детето повеќе милуве го сос раце отколку сос лице.
Детето се тепа пред да оди на вода.
Детето се чува додека е малечко.
Детето со многу татковци без капа оди.
Додека детето не заплаче, маќа му не го дига.
Дури е младо детето, се учи.
Дури не плачи детето, не му даат мајка му цицето.
Еѓупката си го носи детето в торба.
Жeната моја детето туѓо.
Јас си го вардам како очите детето.
Меѓу две маќи детето е ќилаво.
Мирно седи детето како јагне во трлото.
Му помина на детето лутината откога си ја изеде шлаканицата.
На две маќи детето неперено.
Натепај детето, па го прати за вода.
Овцата моја, рувото туѓо, жената моја детето туѓо.
Ожени го детето, клај му капина на гуша.
Олеле, мајко, плачит детето.
Оти е рудо детето, а татко му калеш ништо.
Тате на мама, мама на тате — детето без капа.
Тепе го детето додека не строши стовната.
Тепе го детето пред да иде на вода.
Црвје имат детето во газот, што неќи да си седни на него.
Црно е, ама мое ми е, рекла Еѓупката кога је рекле оту детето је било црно.
дефтер............1
Влегол во ќелеш дефтер.
деца..............36
Ваши деца, ваши судии.
Галените деца се качуаат на трпеза.
Едно дете, ѓаол дете, две деца, мој деца, рекол натемаго ѓаолот.
Едно дете, ѓаол дете, две деца, мој деца, рекол натемаго ѓаолот.
Знъјт Петко да плашит деца.
Играјте, деца, оти местото е свирено.
Јас му велам: сум ад'м, тој ме прашат: колку деца имаш?
Кој за деца плаче, за очи да плаче.
Кој си има деца, има си и грижи.
Малечки деца — малечко гајле, гулеми деца — гулемо гајле.
Малечки деца — малечко гајле, гулеми деца — гулемо гајле.
Мек леб за деца, а попара за баба.
Мирните и кротките деца Христос ги пофали и ги блаосои.
Мрзлива жена — вошливи деца.
На готој деца секој татко бидуа.
На шака деца се прает.
Научи башча ти ка се деца прават.
Од мали деца, мал изитет, од големи деца голем изијет.
Од мали деца, мал изитет, од големи деца голем изијет.
Од многу баби втурени деца.
Од многу деца угриз не бидуат.
Од стар татко деца — сирачиња.
Од шега деца се рожџет.
Ох за деца — ох од деца.
Ох за деца — ох од деца.
Сал си седа и се чуда зашчо ми са деца боси.
Ситни деца — тимар гулем.
Со деца маштеница не се срка.
Со деца маштеница не се сркат, оти ќе те испрскаат.
Со деца мъшчејнца не се сркат.
Така знаи дедо, така плаши деца.
Така знъјт Петко, така плашит деца.
У сиромајот деца, у богатјот златни колца.
Чаша пълна, деца гладни.
Шалаите деца не седат мадру и в црква.
Што бараат у кауѓер деца и у Еѓуптин маштеница.
децата............36
Ако е Петко ќор, децата му се опулени.
Гледај го пијаницата, пожалај му децата.
Гледе го пијаницата — пожали му децата.
Гљај го пијаницата, пожаљај му ги децата.
Децата гајле не берат, затоа и брго растат.
Децата ги јадат сливите на старите им трпнеат забите.
Децата е поарно да ти се мили на срцето од шчо на устата.
Децата јъже на гуша ти клавет.
Децата на татка си ја ќе му ја отворат куќата, ја ќе му ја затворат.
Децата напрајле, татковците ќе тргаат.
Децата поеќе ја милуаат играчката од јадачката.
Децата са като роса: сега и има, сега и нема.
Децата се дар од Бога на татка си и на мајка си.
Децата се ко роса: сега ги имат, сега ги немат.
Децата си играат како браќа, ако не се родени од една мајка.
Ѓаволо си немал работа па си ебе децата.
Ѓаолот ко немат шчо да прајт, си и перит децата.
Ега си дома не умреме да си плашим децата.
Жени мрзливи седат без работа, ако децата му одат без кошула.
Играчка плачка праат децата.
Играчките за децата, а за мажите работата.
Ја збират парата како чумата децата.
Кога нема ѓаолот работа, си ги ебе децата.
Кога нема ѓаолот работа, си ги тепа децата.
Куќата ја кренаа на глаа децата од разлаачка.
Къде бабат многу баби, децата без гла се рожџет.
Му се чини на децата оти се што летат се јадит.
На децата умот му лета.
Немал си ѓаоло работа, та си тепат децата.
Петко ќор и децата ќори не ќе бидет.
Пијаницата саде ќев терат, а децата без леб седат.
Растат децата како лубениците во бостан.
со него и плашит децата.
Тате на мама, мама на тате, децата гладни.
Таткото и мајката берат гајле за децата, затоа брго ќе остарат.
Таткото кога ќе му делит стоката на децата, не треба на едно да дават со грс и на друго со прс.
Следниот дел
Горе