Следниот дел

Претходниот дел

 дена..............3
Вура супура за три дена, ох леле за сите дена.
Вура супура за три дена, ох леле за сите дена.
Гос е мил до три дена.
 денес.............1
Ако сме денес утре не сме.
 денеска...........27
Ако не зедовме денеска пари, барем дадовме ја.
Војдана ни вчера чиста витка ни денеска.
Денеска бил богат, утре осиромашел.
Денеска бил жив, утре си умрел.
Денеска бил сиромав, утре обогател.
Денеска везир, утре резиљ.
Денеска гълтај, утре џвакај.
Денеска за денеска.
Денеска за денеска.
Денеска о-хо-хо, утре ох и ох.
Денеска ов, ов, утре в гроб.
Денеска свирам, утре глас ќе се чуе.
Денеска сме, утре не сме.
Денеска со пари утре без пари.
Денеска со пари, утре вересија.
Денеска чоек се роди, и гроб му се отвори.
Дури да бидит есенеска, нека бидит денеска.
Една душа што ќе излегуат утре, нека излезит денеска.
Зачувај денеска да ти се најт за утре.
На тове шчо мислиш утре да му одиш, денеска не му оди.
Парата, не стои у еднега: денеска у мене, утре у тебе.
Поарно денеска да ми даиш леб и сол одошто утре леб и шеќер.
Поарно денеска јајце, отколку утре кокошка.
Поарно денеска леб и сољ, одошчо утре печена кокошка.
Секој ден п' еден таин, денеска два таина.
Страчка чавка, караше: кај си било денеска?
Шчо мојш денеска да напрајш, не оставјај го за утре.
 денешната.........1
Денешната работа не остај ја за утре.
 дено..............4
Дено се од ѕаранта познава.
Дено се познаа уште од утрината како ќе биде до вечера.
Дено што носи годината не носи.
Ноќта отруднуа, и дено го раѓа.
 денове............1
Црни пари за бели денове.
 деновето..........1
Деновето си минат като сос крила.
 денови............1
Броени денови брзо минуваат.
 денот.............12
Ако е кус денот, дълга е годината.
Аргатот е болен, кога денот е голем.
Денот по утрото се познат.
Денот се познава по утрото.
Денот треба да го купиме, та да живејме.
Денот што донесуат, годината не носит.
На слепјот и денот и ноќта му се едно.
Навечер денот се фалит.
Не умрела бабата од шегата, туку шчо је дошол денот.
Се смејт денот на ноќната работа.
Силниот чвек го преполовјат денот.
Чвек не умират дури не му дојт денот.
 денчокот..........1
Удри, кутра, гребено: утре ми е денчокот.
 дерат.............1
Од еден вол две кожи не се дерат.
 дервиш............1
Шчо ти требе узул калпак да ти викаа дервиш ага.
 дердои............1
Женцки пари маж што ќе земи, ќе му отворат тешки дердои.
 дере..............1
Првата вечер се мачката дере.
 деребан...........1
Деребан, доробан калеми ѓирмес.
 дери..............2
Дери газ — крпи образ.
Дери го, печи го, па си е тај.
 дериме............1
Кој се лути, ќе го дериме.
 дерит.............4
Овчарот овците ги стрижит, а касапот ги дерит.
Од вошка кожа не се дерит.
Од жива мечка кожа не се дерит.
Сечко сечит, марта дерит, април кожи продат.
 десен.............1
Лева рака — десен џеб.
 десет.............8
Девет вели, десет не вели.
Десет јајца таман манџа.
Дури не даиш девет, не земаш десет.
Еден син да има чоек и прокопсан, вредит за десет.
Качи се на едното магаре, број девет, слези — број десет.
Поарно да имаш десет умни душмани, одошчо еден будала пријатељ.
Слези од магаре, број десет, вкачи се девет.
Чвек шчо работат вредит колку за десет шчо зборвет.
 десетпъти.........1
Десетпъти срквите, попара не прајте.
 десната...........1
Ако даиш со десната рака милостина, гледај да не те узнаи левата.
 десно.............1
Кога игра десно - на арно е“.
 дете..............54
Ако му даваш на мало дете се што сакат, ќе те натерат да му ја симниш и месечината.
Ако паднам, пак ќе станам; не сум дете да да плачам.
Без дури не паѓа дете, не можи да се научи да оди.
Галеното дете е како ѓупцото теле.
Галеното дете е како магарешко прле.
Господ да не те остајт со едно око и со едно дете.
Дете ако не плачи, маќа му го не тера.
Дете брго се лути и брго ќе се одлути.
Дете во мајка се тресит. (Многу страв).
Дете да милуаш поеќе со срце, од што со лице.
Дете дури е помало, е помило.
Дете знае и две и двесте.
Дете мало ет како кучето и мачето.
Дете не сум, да ќе плачам.
Дете поризливо секому му е мило.
Дете при машчаа и народ под друга држава потиснен.
Дете смеа не знаи, та затоа за ништо се лути.
Едно дете што не слуша татка си и мајка си, тоа аир не ќе види.
Едно дете — не е дете.
Едно дете — не е дете.
Едно дете, ѓаол дете, две деца, мој деца, рекол натемаго ѓаолот.
Едно дете, ѓаол дете, две деца, мој деца, рекол натемаго ѓаолот.
Задрогазе дете ќе има крваво носе.
Зимното време е ко дете: час плачит, час се смејт.
Кауѓерица — светотелица: во црква отишла, дете си родила.
Куту на куче ки помине (се вели за дете кога ќе се удри).
Куче, маче, теле јагне, рипче, врапче и дете — сите се мили, дека се мали.
Лесно е да бидиш на гото дете татко.
Лесно е да се прајш на гото дете татко.
Многу бабици, килаво дете.
Многу ми е мило да сум дете младо.
Мошне ми е мило да сум дете младо.
На гото дете татко не прај се.
На гото дете татко се прајт.
На дете арам му ет облеклото, а алал му е јадењето.
На дете и куче непара веруј се.
На дете му е алал шчо јаде, арам шчо носи.
На дете стапчето му е конче.
На дрва со дете не се ојт.
На едно дете — еден кум. На едно дете многу кумој не чинит.
На едно дете — еден кум. На едно дете многу кумој не чинит.
На свој г’з кажи, на свое дете не кажи.
Најаден ко попско дете на мртва събота.
Од стара мајка дете.
Поврти ми дете точилово да си наточам секирчево.
Растит дете како кога да го тргат некој за уши.
Роди, бабо, дете!
Родила жена дете, је се сторило оти родила царче.
Се радува како мало дете на црвено јајце.
Со едно дете многу кумој фашчат.
Со многу баби килао дете.
Стар човек е като дете: шчо види, се иска.
Убао и кротко дете секој сакат да го земи в раце.
Што се поулаил, та уште дете се оженил.

Следниот дел

Горе