Следниот дел
Претходниот дел
водиш.............1
Гемија по суо ако можиш да тргаш, да така жена лоша да водиш.
водичка...........2
Блага водичка, потурнилебец, рекол сиромајот кога јадел сув леб.
Чиста водичка, бистрта главичка.
воз...............5
Зајако воз рид бега.
Като си прост, ќе те вјаа и низ рид и воз рид.
Кој оди низ село воз село, дома не си дооди весело.
Пушчиш ле го низ село воз село, дома не дооди весело.
Шчо иде низ вода, не се вршча воз вода.
возит.............1
Кој се возит на чужџа кола, не ојт далеку.
возиш.............2
На чија кола се возиш нему песми пеј му.
На чија кола се возиш, него фали го.
вол...............16
Бодливие вол боде и без рогове.
Врзат ле те за уста, ќе те водат като вол.
Да фатит вол з' опашка, ќе му останит опашката в ръце.
Дека старио вол потргне, младие не може.
Ќе ја работи работата како вол за сламата.
Не се колит вол за ока месо.
Од еден вол две кожи не се дерат.
Опулил очи како од вол.
Првата бразда старие вол искарува.
Ргат ко урвен вол.
Со еден вол не се орат.
Старие вол дека тргне, там младие не може.
Старјот вол поарно орат.
Теле се роди, вол ќе умреш.
Шаренио вол ѓоа имал поеќе лој.
Шут вол не буцат.
волја.............1
Зошчо ми си на волја, ко те немат во неоља.
вола..............2
Арние ага и двата вола поткарува.
Арние таксидар продава и двата вола, а лошие едино.
воларо............1
Бегат воло дека го дупит со остено воларо.
воле..............2
Простако се раѓа како теле, живеит како јунче, умират како воле.
Толе, воле турни бука.
волк..............8
Воденичаре волк ти под колце, а лисица на огниште.
Волк пастрма не чуа.
Волк руно менува, но со јагне го заменува.
Ни волк ги јаде, ни орел ги дига.
Се спружил како волк на припек.
Туку клапа како волк во магла.
Туку клапа чапк'нот како волк во сечко.
Чојсано магаре од волк немат стра.
волко.............17
Викај си по волко откоа ќе влези во булукот.
Волко ако го клаиш да ти паси овци, тој сите ќе ти и издави.
Волко го гледат и трагата му ја барат.
Волко го крштаале и му велел попо да речи: ванѓелија, а тој велел: јагнелија.
Волко го прашале кога му студело поеќе, тој рекол: во сонце огревање.
Волко дави не дави, секој што да го види, ќе го гони.
Волко длаката ја менуат, ама ќудта не ја менуат.
Волко е побудала од лисицата.
Волко магла барат да дави овци.
Волко на пазар не оди.
Волко на синоро не дави.
Волко пастрма не држи.
Волко секоаш раѓа волчина, а не јагниња.
Го престрел волко, затоа стори убав ал'швериш.
Зер волко не бара магла за да нападни овчките стада?
Клај го волко да ти ги пасит овците, ако сакаш да ти ги издави сите.
Овца без фајда, волко не ќе ја јадит — давит.
волкот............19
Ако не си а врши волкот сам работата - не бидува дебел во вратот.
Борџот ет полош и од волкот.
Викај по волкот дури не влегол во булукот.
Викни го волкот да ти варди булукот.
Во празни трло и волкот не влегува.
Волкот ако не си ја врши работата сам тешко нему.
Волкот влаконото го менува, ама ќудта не ја менува.
Волкот домаќин и Манго ученик.
Волкот пастрма не држи, нема кој да му ја пржи.
Волкот сам си вршит работата, па зато му је дебел вратот.
Волкот си го менува влакното, но не и навиката.
Го клукнала и волкот змија.
Една овца што се дели од булукот, ќе ја изеит волкот.
Ем волкот сит, ем овците на број.
Која овца се дели од булукот ја јади волкот.
Овците сет кротки и будали, да затоа стојат да ги давит волкот.
По нарачано волкот не јадит.
Прнал волкот - се родил Грк.
Пцојсаното магаре волкот не го јадит.
волна.............2
Руно волна дала селанка за да купи ока јаболки.
Шума волна, дупка полна.
волната...........1
Кај што паси овцата, тамо си ја остаа и волната.
воло..............7
Бега воло да не влези во јаремо.
Бегал воло дека го дупна штркало.
Бегат воло дека го дупит со остено воларо.
Воло рие прахта му пада по грбо.
Воло рие прста на грбо си ја фрла.
Воло се врсува за роговето, а човеко за јазико.
Умре воло, се отпрегна плуго.
волој.............4
Дури има волој, ќе има и јареми.
Дури имат волој, ќе имат и јареми.
Чуму ти се три волој на орање.
Шчо ти требит три волој на орање?
волојте...........2
Да ги купиме еднош волојте, та ќе видиме кој ќе ги пасит.
Наместо волојте да рикет, оските крцкет.
волов.............1
Во волов рог да се скриет чоек, и пак смртта ќе го најдит.
воловето..........1
Шчо ти требе од мечка привој да ти се плашат воловето.
волови............1
Старите волови дури не тргнат - јунчињата не можат да ја ораат меѓата.
волои.............2
Ако се брзи волои, нивјето сет поделени на стопани.
Сурите волои и калешите овци мошне се мили.
волоите...........1
Волоите што ја тргаат колата молчат: колата, туку ти квичит.
волот.............14
Волот без ширкол не штрклее.
Волот коа да копат земјата на себеси ја фрлат.
Волот се врзвит за рого, а чвекот за јъзик.
Го фатил волот за рогој.
И под волот теле не се барат.
Ко волот за сламата.
Орала мувата цел ден на рогојте од волот.
Отишол волот, се тепаат за опашката.
Под волот барат теле.
Под волот теле не се барат.
Пукна волот, се отпрегна јаремот.
Тресна волот се расипа сапрагот.
Тресна волот, се отпрегна плугот.
Чвекот се врзвит за јъзик, а волот за рогој.
Следниот дел
Горе