Следниот дел
Претходниот дел
водам.............1
Дај ми ги очите да те водам.
водана............4
И водана имат зъби.
И водана имат срце.
И водана имат уши.
И водана късат.
водат.............4
Ако ти ја клаат алката на носот, како мечка ќе ми те водат.
В која кашча нема мачка, глувците оро водат.
Врзат ле те за уста, ќе те водат като вол.
Зрелите круши свињите ги јадат, и убаите моми лоши момчиња ги водат.
водата............34
Водата е посилна и од огно.
Водата е посилна од оѓине.
Водата и огнот се добри слуги, ама лоши господари.
Водата ќе протечит, песокта ќе останит.
Водата не знъјт ни кумство, ни пријатељство.
Водата се мати и од изворо.
Водата се мијат, само јъзикот не го мијат.
Водата се мијат, само црнјот образ не мојт да го измијат.
Водата се мијат.
Водата се може да измие, само лошио јазик не може.
Водата се носит, само страмотата не ја однесвит.
Водата спие, душмано не спие.
Водата спијат, душманот не спијат.
Водата спијат, љуѓето не спијет.
Водата спијат, рајата не спијат.
Водата течит, песокта останвит.
Дека е текла водата, па ќе тече.
Дури е здрав чвек и водата му е блага.
Дури не се изматит водата, не се ваќат риби многу.
Еднаш се водата одбива.
Жена по модата и маж по водата.
Жените се облекле по модата, а мажите и понесло водата.
Каде е текла водата, па ќе тече.
Не пливат магарето дури не му дојт водата до уши.
Не рипни вов водата — не удави се.
Нозете да му ги мијаш, водата да му је пијаш.
Огно, водата и смртта ат'р не гледаат.
Огнот и водата не препознавет ни кумство ни пријатељство.
Огнот и водата се арни измеќари, ама лоши господари.
Оди на дека водата тече.
Оѓин и водата се арни слуги, ама лоши господаре.
Под рогуз водата ти ја пушчат.
Ракија и вино со пари го пиет, водата бадијала ет и не пиет.
Секој ја одбива водата накаде своата воденица.
водејнца..........8
Без чарк водејнца не мелит.
Вреден ко долниот камен од водејнца
Зборвит ко празна водејнца.
На водејнца со ред се мелит.
Навртвит вода на своја водејнца.
Не му запират јъзикон ко празна водејнца.
Не наврашчај вода на чужџа водејнца.
Устата е водејнца, и без вода.
водејнци..........5
Водејнци и ваљајци гајда не се слушат.
Двапъти водејнци се зборвит.
Двапъти водејнци, трипъти ваљајци се кажвит.
Не си водејнци али ваљајци, та викаш толку.
Чејнцата ојт ке ојт, пак водејнци ќе дојт.
водејнчарска......1
Брада царска, а гла водејнчарска.
водел.............1
Облекол е Алија, куга се водел — па в тија.
воден.............2
Воден газ јадит риби.
Воден од дожд не се плашит.
водени............2
Водени гаќи јадат риби, а суи јадат пиперки.
Суви гъзој јадет пиперки, а водени риби и ракој.
воденица..........15
Без вода воденица не мели.
Брблаица жена е како некоја празна воденица.
Вов воденица се по двапати повтара.
Воденица многу зборои се праат.
Воденица на ред меле.
Воденица неклепана и жена нетепана нема.
Воденица неклепана и жена нетепана — не оди.
Зборуат како празна воденица.
Какол и пченица си го мелит воденица.
Побрго сум бил воденица од тебе.
Санким во воденица се родил, што се туку вреви.
Секој ја одбива водата накаде своата воденица.
Со ред мели воденица.
Туку вреви како некоја празна воденица.
Што бара лисица воденица, зер да јади каша?
воденицата........3
Воденицата на ред меле.
Воденицата неклепана брашно не мели.
На ред меле воденицата.
воденичаре........2
Воденичаре волк ти под колце, а лисица на огниште.
Пченицата дека и да оди, каде воденичаре па ќе дојде.
воденичарот.......1
Знае воденичарот какво брашно турил во вреќата.
водет.............2
Од вода водет, од вино носет.
Очите водет, нозете носет.
води..............11
Бродот кога броди, не избира води.
Води го, буцат, терај го, клоцат.
Две жени води без гашчи оди.
Дедо води баба, оти не му даваа млада.
Жена миразлика дека иска мажо ќе си го води.
Жена што ќе си купи маж со пари, кај сака ќе си го води.
Каре го — рите, води то — боде. Ка е скрои, така и ќе се сќине.
Кон води — пешки оди.
Не води инат, като ти е на глава.
Терај го - клоцат, води го - буцат.
Умно оди, не бој се од води.
водила............1
Се водила, та родила.
водит.............4
Ако слепец слепца водит, двајцата в ендек ќе паднет.
Ако ти је клајт алката на носот, ќе те водит ко мечка низ село.
Ни се водит, ни се терат.
Слепец слепца водит.
водица............2
Бистра водица, мирна главица.
Дај милостина лебец и чаша студена водица, за поеќе греои да ти се простат.
Следниот дел
Горе