Следниот дел

Претходниот дел

 видение...........1
Останете збогум и добро видение.
 видено............1
Ни чуено ни видено, на гости дојдено.
 видет.............2
Давил не давил вълкон, ко ке го видет му викет: Уа, уа!
Очите сешчо гљавет, сами себеси не может да се видет.
 видех.............1
Не видех аир од очите, та од клепките ле?
 види..............28
Арамијата има и на тило очи, а пак дење не му се види.
Бабата не ја гледа кофата, сакаш да види иглата.
Види го прво дрвото, да после седни под него.
Види гъзе новина, не дочекај година.
Види му ги опинците, та пушчи го дома да ти влезит.
Види му главата, па му а крој капата.
Види му го умот, крој му капа.
Види му го умот, купи му ја стоката.
Види му го умот, суди му за дома.
Види му и другарето, па го есапи каков е.
Види му на чоека другарите и после есапи тој каков е.
Види му умо, да после есапи го домаќино.
Види му умот крои му капа.
Види поп, јади боб.
Види си в кесе, да после купи си прасе.
Волко дави не дави, секој што да го види, ќе го гони.
Гладна кокошка куга се најаде излази на вр'о секој да а види.
Да има чоек многу пари и да и крие вземи, фајда не ќе види.
Едно дете што не слуша татка си и мајка си, тоа аир не ќе види.
Кој види в'вко и вике и не, ама кој само чуе, одере се викајќи.
Кој не верува, с очи ќе си види.
Којшто кради, аир не ќе види.
Не види црно куче на бел снег.
Не може да отрезнее, та да види шчо прават пијаните.
Се промени Јаглика да ја види владика.
Се што да види попо, си сака.
Слези, Господи, наземи и види што се праит.
Стар човек е като дете: шчо види, се иска.
 видиме............6
Да ги купиме еднош волојте, та ќе видиме кој ќе ги пасит.
Да сме живи, да видиме.
Нек се раздени, да после ќе се видиме кој кај сме.
Нека дојди Видовден, та после ќе се видиме.
од другио: кога ќе се скинит, да видиме кој ќе паднит.
Шчо поминало, знъјме; шчо ќе поминит, ќе видиме.
 видит.............7
Да му речет: Летат магаре, тој ќе излезит да го видит.
И арамијата знаит оти од тоа што го крадит аир не ќе видит.
Многу ѓаол ет, ама аир не ќе видит.
Не кажвит баба шчо сон видела, ами шчо сакат да видит.
Пред да ја видит реката, си собул гаќите.
Трагата на ѓаолот никој не можит да му ја видит, и пак мнозина по неа одат.
Укит време прс пред око не се видит.
 видиш.............20
Ах боже, ако ме видиш в црква да ме ебеш.
Видиш ле луд, не стануве друг.
Видиш ле матна вода, не гази.
Да видиш и да не вервиш.
Да им го видиш ајрот ко прав на тъпан.
Дај му влас да му видиш ак'ло.
Дај му власт на човека, па ќе видиш каков е.
Дај му на човек власт и ќе видиш колку вреди.
Додека не го видиш дрвото, не седнуве под него.
Дури не видиш реката, не собуај гаќите.
Ко ќе ја видиш чумата, си разја и на треска.
Ко ќе си го видиш тилот.
Комшијата ќе го видиш пред сънцено да го видиш.
Комшијата ќе го видиш пред сънцено да го видиш.
Крсти се и плукни си в пазуа кога да видиш пијаница.
Пушти му чепот од бочвата, и ќе видиш што има во неа.
Сакаш ли човека да го видиш каков е дај му власт.
Симни си капата и пресуди се на неа, да ќе видиш оти не си поарен ти од мене.
Слези, Господи, од небеси и наѕрии, да да видиш што се праи наземи.
Старо куче ко да лајт, требит да видиш шчо е.
 видов.............4
Видов, не видов, чув, не чув, држ'ја еврејската.
Видов, не видов, чув, не чув, држ'ја еврејската.
Мечка страв, мене не страв, кога ја видов, се испострав.
Не видов ајр од очиве, та од клепкиве ќе видам.
 видовден..........1
Нека дојди Видовден, та после ќе се видиме.
 видох.............1
Ако зелќи не донесох, баре земја видох.
 видуаат...........2
Очи со очи што набрго се видуаат и се милуаат.
Очи што набрго не се видуаат, се забораваат.
 вие...............5
Дрво се вие додека е зелено.
Дури е младо дрвото се вие.
Етрва на етрва зелен венец не вие.
Као црв во дрво се вие сиромаио.
Ќе пропиштите и вие како змија под пенушка.
 виеја.............3
Диви волци виеја кај што вино пиеја.
Диви волци виеја кај што пијаници играа.
Диви волци виеја кај што свадба праеја.
 виет..............1
Дрвото дури е зелено се виет.
 виж...............6
Виж дрвото какво е, па седни под него на сенќа.
Виж му рацете, та па главата.
Виж се сам, па наоди маана на другите.
На човеко прво му виж дузене, после му цени работата.
Не виж арно — не зарадувај се; не виж лошо — не уплаши се.
Не виж арно — не зарадувај се; не виж лошо — не уплаши се.
 вижџа.............1
Арен човек арно не вижџа.
 вижџање...........1
Есап вижџање — половин плашчање.
 вика..............12
Браво се вика на магаре куга излезе од ажмако.
Има нешчо та се вика Џоревата чешма.
Ја му викам стрижено е, он ми вика бричено е.
На вълкот вика, а лисиците месото го јадет.
На р'то вика држ, на зајако — беге.
На секоа дума амин не се вика.
На чурко се вика доброутро.
Петело најде зрно, вика кокошките ѓоа да ги нарани и сам си го изеде.
Поп шчо прави — прави и ти, ама шчо вика — не го слуше.
Удрен зер ет в глаа, што толку вика.
Што туку вика како магариште.
Што туку вика како улав.

Следниот дел

Горе