Следниот дел

Претходниот дел

 вехто.............1
Вехто крпи, конци губи; старо љуби, дни си губи.
 вештица...........1
Што вештица ет старана, со бубаќ крвта ти ја пиет.
 вечер.............6
Добро вечер свекрво, дали праеш макало. Макало е каша која се прави од брашно
Каков ќе си бидит чоек до ручек, таков и до вечер.
На парите добро утро, на парите добор вечер
Пари колај се арџат ја на вечер на меана, ја на свадба на дајре, ја на попо в котле.
Првата вечер се мачката дере.
Трите за в една вечер.
 вечера............7
Дено се познаа уште од утрината како ќе биде до вечера.
Кој на утро богато јајт, си легвит без вечера.
Кој си руча на конако, ќе вечера на сокако.
Којшто дал ручек, нека даит и вечера.
Ни мисла, ни грижа, ни добра вечера.
Овца без стадо вълку вечера.
Поарно и без вечера да легниш, отколку борчлија да станиш.
 вечерат...........3
Ке ручат не вечерат.
Кој вечерат вино, ќе ручат вада.
Мъмејнцата ке шчо ручат не вечерат.
 вечерата..........2
Каква ти е верата, таква ти е и вечерата.
Со пот поблага е вечерата.
 вечераш...........1
Ке си ручал да вечераш.
 вечерва...........1
Вечерва кучето и мачето заедно ќе спиет.
 вечеричка.........1
Мала вечеричка, долга живејачка.
 вечерното.........1
Празникот се познат по вечерното.
 вечерта...........2
Постаро е утрото од вечерта.
Утрото е поумно од вечерта.
 вечна.............4
Една грешка — вечна мака.
Жена лоша — вечна мака.
Лете рај, зима вечна.
Лоша жена — вечна мъка.
 вечната...........2
Лутината е огон од вечната мака.
Од гнев, во вечната мака.
 вечнина...........1
Богатина до пладнина, личбина (или убаина) до вечнина.
 вжлкот............1
Која овца се дели од булукот вжлкот ќе ја изеди.
 вземи.............4
Голи се родивме, голи вземи ќе влезиме.
Да има чоек многу пари и да и крие вземи, фајда не ќе види.
Мала роса подлабоко вземи влегуат.
Цар, крал, књаз, богат, сиромав, сите ќе умриме и вземи ќе влезиме.
 ви................3
Да паметвите кога бил дедо ви во Солун.
Не сам ве собрал да ве гоа, туку ребра да ви броа.
Со каква мера мерите, со таква ќе ви се врати.
 виќе..............1
Не виќе оп додека не рипнеш.
 вије..............1
Куче кога вије некој ки умре.
 вида..............1
Аха, куга си вида тило.
 видам.............11
Ако не ми беа очиве да видам, можеше и да се излажам.
Да видам и да не вервам.
Дај ми ги очите да те видам.
И да видам, не вервам.
Како смртта пред мене да си ја гледам кога тебе ќе те видам.
Коа ќе си го видам тило, тогај ќе ти видам аирот.
Коа ќе си го видам тило, тогај ќе ти видам аирот.
Кога ќе видам, ќе повервам.
Ќе прокопса, ама по смртта, или кога ќе си го видам тилот.
Многу ја кренал опашката, де да видам до кај ќе истера.
Не видов ајр од очиве, та од клепкиве ќе видам.
 видат.............3
Воукот те секнал. (Велат на вампир кога ќе видат на коњот дека се плаши од некое лошо суштество и на
Колку аир ќе видат берберите од попоите, толку аир ќе видат и арамиите од крадење.
Колку аир ќе видат берберите од попоите, толку аир ќе видат и арамиите од крадење.
 виде..............3
Му падна капата, му се виде глаата ќелаа.
Секој овчар што си виде троа изварка на стапот отвори бачило.
Со очите го виде и не поверуа, таков неверник ет.
 видел.............16
Арно ти шчо си видел, ами јас шчо не сум видел.
Арно ти шчо си видел, ами јас шчо не сум видел.
Видел манго масло, па си намажал и газо.
Видел на кур урда, помислил си бачија е.
Кој видел ајр од работа!
Кој ти видел овен, кој ти скршил рог.
Лошо праел, арно никогаш не видел.
На орото бил гајдаџија и па нишчо не видел.
Не сам видел арно од очите, та од клепќите ле?
Ни башча ми аир не е видел, не па ти.
Потпезил се шутар на ќупар, куга видел, и он като него.
Самар не видел, нога примаал.
Се насмејала козата на овцата оту је се видел гъзот.
Се промени Илија; кога се видел — пак во тие.
Ти си видел едно, а јас сто и едно.
Шчо му виделе очите, то му видел и гъзот.
 видела............10
Ако мирно седела, не би чудо видела.
Видела жаба дека се коне кове, и она придигала нога.
Видела жабата ке се коет коњите, та и та је кренала ногата.
Видела камилата уши, побарала рогои.
Видела шута рогове, притерала и уши.
Да е мирно седела, не би чудо видела.
Жабата видела како коват, и она си подала ногата.
Не кажвит баба шчо сон видела, ами шчо сакат да видит.
Се шчо видела Мара, се поискала.
Шчо имала баба на ум, видела и на сон.
 виделе............3
На оро играле, гајди не виделе.
Шчо му виделе очите, то му видел и гъзот.
Шчо очи виделе, то ръце напрајле.
 виделина..........3
Ако немаше тевнина, немаше да се милува виделина.
На борина попрела, на виделина заспала.
Немат ден без виделина.
 виделинава........1
Да немаше темница, ич не ќе ни беше мила виделинава.
 виделината........2
Ако немаше темница, виделината ич не ќе ни беше мила.
Ако немаше темница, ич не ќе се милуаше виделината.
 видело............8
Белото видело е најмило.
Да би мирно седело, не би чудо видело.
Да си мирно седело, не би чудо видело.
Дело на видело и секој ќе верува.
Мошне е мило бело видело.
Свкое дело излази на видело.
Сиромао на видело не го тере, ќе го најдеш и в тевнина.
Трпило имат, видело немат.

Следниот дел

Горе