Следниот дел
Претходниот дел
викај.............11
Ако најдеш некаде поарно, викај ме и мене.
Бори се со злото, и викај го на помош доброто.
Викај ме грне, само не крши ме.
Викај по в'ко додека не влегол в трлата.
Викај по волкот дури не влегол во булукот.
Викај по вълкот дури не влегол в трло.
Викај си по волко откоа ќе влези во булукот.
Кога мечка не ти гази лозјето, не викај по неа.
На татко пезевенк не викај.
Не викај го ѓаволот, сам ќе си дојде.
Не викај го лошото, само ќе ти дојт.
викајќи...........1
Кој види в'вко и вике и не, ама кој само чуе, одере се викајќи.
викаа.............3
В'ко не чека да го викаа — сам си дооди.
Додека ти викаа бисерко, колај е, ама ракоа ле ти посерко, това и ќе си останеш.
Шчо ти требе узул калпак да ти викаа дервиш ага.
викаат............2
Кај што те викаат, оди; кај што те тераат, бегај.
Магарето не го викаат на свадба за нунко, ами за да носи вода и дрво тоарено.
викам.............2
Ја му викам стрижено е, он ми вика бричено е.
Јас го викам бисерко, а он мене посерко.
викани............1
Мнозина сет викани за да бидат рисјани, ама малцина сет дојдени.
викат.............13
Брат без помош, враг се викат.
Двајца кога се караат, кој поеќе викат, нему правото му го дават.
Едниот викат, другиот не слушат. (Лошо извршена работа).
Ке шчо ѓаолот не можит, ја викат баба да му поможит.
Кој ојт по бога, викат до бога; кој ојт по врага, живејт ко ага.
На зъјакот му викат бегај, а на 'ртот држи.
Никој не го викат вълкон, ама тој и невикан идат.
Никој не го викат вълкот за до изејт.
Пријатељ без фајде душман се викат.
Секој кога плачит, викат: олеле, мајко!
То се викат мајстор, од арамја д' украдиш.
Ушче вълкот невиден, викат по кучињата.
Што туку викат како полјак.
викаш.............5
Додека те не заболи, не викаш: ох.
Зер ноќеска мачките си ги дојал, да што туку викаш: ми се јадит?
Мене до срце ме доболе, тој ми вели: што викаш олеле.
Не си водејнци али ваљајци, та викаш толку.
Тешко е Бисерко да се викаш, та за постранко е сосем лесно.
викаше............1
Ако ловџијата секогаш уловеше, не ќе се викаше ловџија.
вике..............3
Вике по в'ко додека не е однел јагнето.
Додека не рипнеш, не вике оп.
Кој види в'вко и вике и не, ама кој само чуе, одере се викајќи.
викет.............7
Давил не давил вълкон, ко ке го видет му викет: Уа, уа!
За поп викет доктур, а за доктур викет поп.
За поп викет доктур, а за доктур викет поп.
Заборајл како го викет.
Кога е за доктур, викет поп, а кога е за поп, викет доктур.
Кога е за доктур, викет поп, а кога е за поп, викет доктур.
Скопвит прасиња, само да му викет мајсторе.
викнала...........1
Викнала баба гости, а та седнала да се пошчит.
викнале...........1
Дури не викнале по песо дујда, да веднаш ќе си свие в газ опашката и ќе бега.
викнало...........1
Како што викнало, така му се оѕвело.
викнат............1
Ка ти викнат, така и ќе се јавиш.
викнато...........1
Како викнато, така оѕвано.
викне.............1
Петело најде ле зрно, викне кокошќите, а па сам го изеде.
викнеш............1
Ка викнеш така ќе ти озоват.
викни.............2
Викни го волкот да ти варди булукот.
Неолата викни ја секаде да ти помага.
вила..............3
За Марка вила немат.
Со вила ореи не се носат.
Собират ореј со вила.
вили..............1
Дека јали и пили, там в'пите вили.
вилиците..........1
Ги рашчепил вилиците ко бесно куче.
вино..............30
Ако пиеш вино, вино пи, а не пи си го умо.
Ако пиеш вино, вино пи, а не пи си го умо.
Али вино, али вода аљ' кажите да си сјодам.
Бацни прачка, пиј вино.
Блаосоено вино, а проклето пијанство.
Бодни прачка пиј вино.
Боцни пръчка, пи вино!
Вино носи, вода пиј.
Вино носит, вода пиет.
Во фети меој младо вино не се туриват.
Да не даваш милостина вино и ракија, оти грео не ти се проштаа.
Диви волци виеја кај што вино пиеја.
Жена млада и вино старо земај.
Како што се арџат пари за вино и ракија, така да се арџеа и за наука, не ќе тргаа сиромасите мака.
Кој вечерат вино, ќе ручат вада.
Кој вино пијат, без невеста спијат.
Кој вино пијат, на бунишче спијат.
Кој вино сакат, тој без гашчи скакат
Кој вино сакат, тој без невеста скакат.
Кој вино фалит, во калта се ваљат.
Мама вино не пијат, коза сено не јадит.
Млада жена имај си, старо вино купи си и ич гајле немај си.
Од благо вино гъз болит.
Од вино и раќија нема прокопција.
Од вода водет, од вино носет.
Пријатели има и за чаша вино и ракија.
Ракија и вино со пари го пиет, водата бадијала ет и не пиет.
Сади прачка, пи вино — не бидуа.
Сирење без дупчиња, леб со дупчиња, вино без пена и раќија со пена секогаш се арни.
Умнио чоек ако пие вино и ракија, ама умо не си го пиет.
виното............16
Ако е виното кисело, ама срцето ни е весело.
Виното в чаша мирно седи, а во главата чуда реди.
Виното го праи чоека еднипати везир, а еднипати резил.
Виното го прајт чвека и везир и резиљ.
Виното и раќијата немет нозе, ама по нозе мавет.
Виното и раќијата немет ръце, ама за очи фашчет.
Виното и умниот го збудаљвит.
Виното како што стои в бочва, не стои во чоека.
Виното кој го препива, челадта и куќата си ја слечуа.
Виното кој препива, кашчата си растура.
Виното не седит во глата мадро како во шишето.
Му легна на табието виното на пијаницата.
На едни пати виното го прави човек, на други резил.
На попо му е окото во виното.
Не играт тој, туку виното.
Смрденото бурило го расипвит виното.
Следниот дел
Горе