Следниот дел

Претходниот дел

 вересија..........13
Вересија кој дава, непара ќе напредуа.
Вересија потресија.
Вересија — гола шија.
Вересија — истресија.
Вересија — реси ја.
Вересија, потресија, дај со раце, барај со нозе.
Дај вересија, ама на мразо пиши ја.
Денеска со пари, утре вересија.
Којшто дават вересија, ќе си остани без сермија.
Куга си го дал газо на вересија, ќе трпиш.
Не си давај газо на вересија.
Немат кабает тој што зема вересија, ами тој што дават.
Шчо ќе ти од готово вересија.
 вересијата........1
Продај си палтото, исплати си вересијата.
 веричка...........1
Имај веричка во себе и во својето магаренце.
 верна.............2
Ако ти е жената верна и работна, полна ќе ти биди куќата.
На жена не веруј се сосема, оти за цело не ет верна.
 верни.............1
Ако имаш верни пријатели, ќе имаш и пари.
 верно.............3
Ако не е лажа, верно е.
Држ' пријатело чесно и верно за да не го изгубиш брго.
Кучето е верно на стопанот.
 верски............1
Ѓаконот е верски слуга, не оди во црква туѓа.
 веруј.............3
Бога да молиш и лошо да праиш, не веруј да се спасиш.
На дете и куче непара веруј се.
На жена не веруј се сосема, оти за цело не ет верна.
 веруа.............2
Варди се од тој што нема вера и што не веруа во Бога.
Чоек веруа тоа што поеќе му се сакат.
 веруање...........1
Кандило пред икона палење, без Христа чисто веруање — немат спасение.
 веруаат...........4
Жените поеќе од мажите и веруаат маѓиите.
За една пара не го веруаат тој што не си плаќат.
Лагата поарно ја веруаат одошто вистината.
Малцина веруаат оти можи утре да умрат.
 веруам............1
Јас на моите очи зер не ќе се веруам, ами на туѓите зборои?
 веруат............9
Евангелието кој го слушат и го веруат, тој се спасуат.
Како што е аџија, уште да не е ајанџија, секој ќе го веруат.
Кога даваш со мера права, секој те веруат.
Којшто ќе излажит еднаш, не се веруат другаш.
Лажлив поп сеедно да кажуат за Бога, никој не го веруат.
Лажлив чоек и прао да кажуат, никој не го веруат.
Лажот и сам себе не се веруат, камоли другога.
Цел да му се преставиш на невернико, и пак не те веруат.
Чеснио чоек секој го веруат.
 веруаш............3
Вера да веруаш, ама и добри работи да праиш.
Да се не веруаш и на брата ти, та да му кажиш некој скришим работи.
Поарно ет да си веруаш твоите очи одошто туѓи речои.
 верува............5
Дело на видело и секој ќе верува.
Здрав болен не верува.
Кој не верува, с очи ќе си види.
Лажлив човек и право да кажува, никој не го верува.
Сит на гладан не верува.
 верувај...........1
Поп шчо прави, ти не прави, а шчо ти каже, верувај го.
 верували..........1
Две риби се пекли на еден оѓин — една друга не си верували.
 веруве............1
Куче куга спие и жена куга плаче, не веруве.
 весел.............3
Ако ми е весел комшијата, побрго ќе си ја испредам каделката.
Ако ми е весел комшијата, побрго ќе си ја свршам работата.
Кој рано станвит, весел станвит.
 весела............1
Полна карта — весела куќа.
 веселба...........2
Ако е куќата мала, ама да има пиење и веселба.
Од мене песна, од Бога здравје и веселба.
 весели............1
Јади, пи, весели се и во жиотот посери се.
 веселил...........1
Петел пеит на буниште да си ги веселил кокошките.
 веселит...........1
Цвеќето расти за чоекот да го веселит.
 весело............12
Ако е виното кисело, ама срцето ни е весело.
Ако е село весело, и моата фурка ќе преде.
Ако е селото весело, и мојава фурка ќе предит.
Весело срце кадел'а преде.
Весело срце къдељка предит.
Да ми е село весело, фурката да си допреда.
Кој оди низ село воз село, дома не си дооди весело.
Нека е село весело да си допреда фурката.
Пушчиш ле го низ село воз село, дома не дооди весело.
Село да е весело, да си допреда фурката.
Шчо ојт по село не идат дома весело.
Шчо шчитат по село, не се врашчат весело.
 вет'р.............1
Му зела глаата вет'р.
 ветар.............13
Ветар го вејт на бела кобила.
Ветар дупка не пълнит.
Ветар му вејт низ ушине.
Ветар терат со капата.
Гласот е побрз од ветар.
Да не дуваше ветар, пајацине небоно ќе го премреже.
Зборвиш по ветар.
Кој пљуват спроти ветар, ќе му паднит на брадата.
Кој се мокат спроти ветар, ќе се испрскат.
Куче лајт, ветар носит.
Не мокај се спроти ветар, зашчо ќе се испрскаш.
Се мокат спроти ветар.
Терат ветар со капата.
 ветвата...........1
Сиромајот од јанг'н не берит гајле, чунки ветвата ругузина не му горит.
 ветво.............3
Грнчарот во ветво грне манџа јадит.
Грнчарот во ветво грне си вари на огниште.
Мене ветво — тебе ново.
 ветер.............3
Ветер вати, ветер пушти.
Ветер вати, ветер пушти.
Кој сее ветер, ќе жнее бура
 ветро.............3
Ветро крпи, конци губи; старо љуби, ноќ си губи.
Ветро што ќе донесит, ѓаолот ќе однесит.
Додека не дувни ветро, лисјата не паднуваат.
 ветрон............1
Пред да тивнит ветрон е најсилен.
 ветрот............10
Ветрот дебелите дрвја ги уриват, а слабите ги виткат.
Ветрот е најсилен пред да тивнит.
Ветрот коа да веит, од никого не се боит.
Ветрот ќе повеит, песокта ќе останит.
Ветрот ќе поминит, и плевата ќе одвеит.
Ветрот од кај што иди и кај што оди, никој не знаи.
Најсилен е ветрот пред да тивнит.
Од кај ќе повеит ветрот, отаде надај сакмата.
Од ке дуват ветрот, сврти ја гуната.
Трскана се виткат спроти ветрот.

Следниот дел

Горе