Следниот дел

Претходниот дел

 велигден..........10
Ката ден Велигден не бидуат.
Ката ден газда, на Велигден парталеста.
Катаден зелник, на Велигден попарник.
Катаден Мара гизда, а на Велигден гнида.
Не е секогаш Велигден.
Се наврли како леќа на Велигден.
Секој ден Велигден не бива.
Секој ден не е Велигден.
Трај, душо, за месо до Велигден.
Чужџото и на Велигден ти го земет.
 велигденои........1
Велигденои пости многу сет долзи.
 велиден...........4
Велиден е еднаш в годината.
Не е секојден велиден.
Секи ден не е велиден.
Чужџото и на велиден се зима.
 великој...........1
Кога немат манџа — пости, кога немат пари — великој пости.
 велипеток.........1
Сложни калугери и на Велипеток мрсно јадет.
 велит.............10
Гоопод велит: поможи си сам, да и јас да ти поможам.
Гъзот не велит ејвала.
Жена куса, руса и шишкаа, велит: ах, како не сум висока, калеша и танка бојлија?
И на прдежот појли му велит.
Лесно се велит, ама тешко се одвељвит.
Мъжот велит: Дај, боже, работа, а жената велит: Дај, мъжу, пари.
Мъжот велит: Дај, боже, работа, а жената велит: Дај, мъжу, пари.
На маката чоек и на песо брате му велит.
Сватојте дошле во двор, а нестата је велит на мајка си: Оди зеј гребени да влачиме вълна за дарој.
Тој шчо велит — иљјада греој, тој шчо зел — еден грев.
 велиш.............2
Којшто разбира, од еден збор разбират; а кој не разбират, и илјада да му велиш, пак не ќе те разбери
Ти је велиш косено, та стрижено.
 венец.............3
Етрва на етрва зелен венец не вие.
Каков светец, таков венец.
Мачката сос венец глувци не лови.
 венчанина.........2
Је барат татква си венчанина.
Си ја барат татква си венчанина.
 вепар.............1
Од красто прасе дебел вепар се прајт.
 вепрој............1
Кој вервит соној, пасит вепрој.
 вера..............29
Варди се од тој што нема вера и што не веруа во Бога.
Вера да веруаш, ама и добри работи да праиш.
Вера е да се држит, а закон е да се вардит.
Вера имало од века и ќе има довека.
Вера планини поместува.
Вера со пари кој купуа, тој бргу ја остаа.
Вера сос пари кој купува, брже а остава.
Верата си е вера, законот си е закон.
Жена вера немат.
За печена кокошка вера не се продат.
За торба урда вера не се менвит.
Змија и жена вера немет.
Јака вера планини премествит.
Јака вера — страчкин мозок.
Јунак вера немат, момичка страм немат.
Кој немат мера, немат ни вера.
Коњ и куче вера немет,
Куче и Турчин не са за вера.
Мера — вера.
На жена вера да немаш.
На мајстора вера немај.
Ни во куче вера, ни во лаком мера.
Ни на гъзот свој вера да немаш.
Око на око вера немет.
Поарно без вера, одошчо без леб.
Рисјанцката вера чоека го преродуа.
Со ум и разум пари добиваш, а со права вера во рај влегуаш.
Турчин вера нема.
Турчин пријатељ, син пасинок и жена вера немет.
 верава............1
И верава наша била полу тикви, полу чупки.
 верата............15
Ако си ортак во работата, не си ортак во верата.
Верата е стара и млада.
Верата и планини подмрдвит.
Верата ни се ваќа, ни се гледа; ни се јади, ни се мириса.
Верата од Бога е остаена.
Верата планиње преместуа.
Верата си е вера, законот си е закон.
Верата со пари не се купуа.
Верата Христоа го омекнуа чоека.
Каква ти е верата, таква ти е и вечерата.
Кој си ја менвит верата, ја менвит и душата.
Кој си ја менвит верата, је менвит и народноста.
Кој си ја менвит капата, је менвит и верата.
Не ти чинит верата.
Рисјаните ако си крепеа верата прао, со стребрени лајци ќе сркаат.
 вервање...........1
Жена и змија не се за вервање.
 вервам............5
Да видам и да не вервам.
Жар на меот да си клајш, пак не те вервам.
И да видам, не вервам.
Поарно да ти вервам, отколку да одам д' опитам.
Поарно е да вервам на очиве свој, одошчо на чужџи зборој.
 вервеле...........1
Две риби на една скара се печеле и една на другата не си вервеле.
 вервет............2
Кој едношка измъмит, втор път не му вервет.
Кој едношка измъмит, после и вистината да је кажвит, не му вервет.
 верви.............3
Верви му на момокот, ама и на окото.
На летен облак и зимна ведрина многу не верви им.
Појќе верви им на очите, одошчо на устите.
 вервит............3
Кој вервит соној, пасит вепрој.
Кој лесно вервит, лесно се мъмит.
Чвек вервит во шчо му се сакат.
 вервиш............2
Ако не вервиш, оди број.
Да видиш и да не вервиш.
 вергија...........1
Плаќај рајо вергија, нешто и за Шефкија.
 вергијата.........1
Продај си кошулата и плати си вергијата.
 верен.............4
Верен измеќар, цел стопан.
Верен слуга — здрав кључ.
Измеќар верен — прав стопан.
Пријател верен кој имат, уште една глаа ќе имат.

Следниот дел

Горе