Следниот дел

Претходниот дел

 човека............9
Гајлето го јаде човека ко 'рѓата железото.
Гајлето го јаде човека, ко железото р'ѓата.
Дај му власт на човека, па ќе видиш каков е.
Зорле на човека можеш да му земеш, не можеш да му дадеш.
Като шчо е мирна в буре, така не е мирна в човека.
Од бога дојде да трпиш, та од човека ле?
Работата го краси човека.
Сакаш ли човека да го видиш каков е дај му власт.
Сермијата сама го учи човека.
 човеко............7
Воло се врсува за роговето, а човеко за јазико.
За да го запознаеш човеко, ќе излижеш сто ока сол.
Златото се познава во оѓине, а човеко вов зло.
На човеко прво му виж дузене, после му цени работата.
Полето се познава по посевјето, а човеко по думањето.
Трендафило има трнчета, а човеко гајлета.
Шчо не оди в грло, за това и човеко не знае.
 човекот...........3
Гајлето го јаде човекот како 'рѓата железото.
Работата го краси човекот, а мразата го гнаси.
Си ја гледа човекот женичката како говедарот стелната крава.
 човеци............1
Кавга без човеци не бива.
 човечќи...........1
Подигни кучешки глави, човечќи не диге.
 чоек..............101
Ако е чоек сиромав, ама да е барем здрав.
Ако е чоек слаб на лице, ама нека е здрав на срце.
Ако и да има чоек многу стока, пак ќе има нешто неугодно в куќа.
Ако не ги арџеше чоек парите што ги вадеше, калдрма од нив ќе напраеше.
Ако не можит чоек да бидит личен и богат, да за умен и чесен можит.
Али се стори чоек арамија, по себе си ја влечи ортомата.
Али се стори чоек арамија, тој веќе си ја клал глаата в торба.
Арниот чоек се добрина праит и пак никому не се фалит.
Без дури не пати чоек, не можит да се научит.
Без пари не можи чоек да живеи.
Беља чоек пари да има, беља да нема.
Биди чоек, а не нечоек.
Богатио чоек на секого в очи му биет.
Болен лежи лошио чоек, на постела ет и пак од лошото не се остаа.
Брзио чоек не оди да пие вода на чешма, ами жеднио оди.
Вај, бај чоек да не налепи од лоша жена на кат и од лош коњ на пат.
Во волов рог да се скриет чоек, и пак смртта ќе го најдит.
Гол чоек на бања го прилега.
Гора со гора се ставуа, камули чоек со чоека.
Грешен чоек жив ет во гроб закопан.
Да има чоек многу пари и да и крие вземи, фајда не ќе види.
Да се чуа чоек од лошо дури не му дошло.
Ден работи, ден седи, не треба чоек да праи.
Денеска чоек се роди, и гроб му се отвори.
Ѓаолот и во чоек се препраат коа да сакат.
Еден син да има чоек и прокопсан, вредит за десет.
Еден чоек плачит, а друг се радуа.
Еден чоек што не оди по Бога, тој ќе оди по ѓаола.
Еднаш се раѓа, еднаш умира чоек.
За да има чоек многу пари, треба ноќе-дење да работи.
Залудо чоек се трудит кога нема што да работит.
Зборливио чоек ет писмо без муур.
Зборуј му ти на шут чоек: со едното уо слуша, со другото пушта.
Зулумќар чоек што се стори, бре!
И коњо познава што чоек го вјават.
И од пиле млеко се наоѓа кога чоек да барат.
И пес од сој се барат, камоли чоек.
И царот е чоек, ама од Бога е благосоен.
Има чоек што вели: што знам јас никој не знаит.
Има чоек што добрина не припознаат и имат што припознаат.
Има чоек што имат пари и пак чоечки не живеи.
Има чоек што си колни и тепа татка си и мајка си.
Кај што паѓа чоек, таму и стануа.
Кај што плука чоек, треба да не лижи.
Каков ќе си бидит чоек до ручек, таков и до вечер.
Кривиот чоек и од сенката се боит.
Лажлив чоек и прао да кажуат, никој не го веруат.
Лошио чоек ако ти се ватит за полата, сечи ја и остај му ја в рака.
Лошио чоек добро утро да ти речит, зијан ќе те најдит.
Лошио чоек змија не го јадит.
Лошио чоек и аџија да бидит, пак лош ќе бидит.
Лошио чоек и владика да бидит, пак лош ќе бидит.
Лошио чоек и од ѓаолот не се страшит.
Лошио чоек и светец да бидит, пак ќе згрешит.
Лошио чоек кај ќе се прибери, се зијан ќе сторит.
Лошио чоек кај ќе стапит, трева не ќе никиит.
Лошио чоек кога ќе умрит, ќе се смирит.
Лошио чоек рогои немат: и тој е чоек.
Лошио чоек рогои немат: и тој е чоек.
Лошото поеќе чоек го паметуа одошто доброто.
Лут чоек пријател не држит.
Лутио чоек ет орди-озан.
Лутио чоек ет тури-леќе.
Лутио чоек сам себе се јадит.
Лутио чоек тој што ќе речи, тоа сака да бидит.
Многу е мачно кога чоек дома нема брашно.
Мрзливио чоек малку работит, а многу сакат да печалит.
Мрзливио чоек остануат и небричен.
На лош чоек секој не можи да му ги јади збороите.
На маката чоек и на песо брате му велит.
Ножо ет за потреба, а не да праит чоек повреда.
Од страв чоек побегнуа, а од страм не можит.
Паднал како чоек: еден Господ не паѓа.
Парата, и нем да ет чоек, ќе го прозборуат.
Поарно чоек да проси ошто да крадит.
Работи и живеј со правина, за Господ и чоек да те милуаат.
Сака чоек да бидит пијаница, да затоа влегуа в меана.
Сам чоек и во рај не го прилега.
Секој чоек имат по малку лутина, а едни и улавштина.
Секој чоек што се раѓа, и к'сметот Господ му го дава.
Серсем чоек прилега на ѕвер.
Со брзина ништо не бидуа: чоек од магаре паѓа, и се починуат.
Со свој чоек јади и пи, ал'швериш не прај.
Со умо чоек грешаа, со глаата си трга.
Со чоек што има една вреќа брашно поеќе од тебе не заваќај се.
Со чоек што има многу дари не заваќај се.
Стар чоек да честиш, Бога го честиш.
Стар чоек со стапче се потпират, а младио со стапчето кутур капа си игра.
Трн да те боцни, ама лош чоек да не те закачит.
Ум и разум туку да има чоек, и пари ќе имат.
Умнио чоек ако пие вино и ракија, ама умо не си го пиет.
Умнио чоек во лутината се познаат.
Умрен чоек пријател немат.
Цревата за чоека се скаруаат, а не чоек со чоека.
Чеснио чоек секој го веруат.
Чоекот знаит колку еден чоек, а Господ го знаит сичкото.
Широк чоек на срце живеит поеќе годиње.
Што јагула чоек ет, в рака не се ваќат.
Што музевир чоек ет, — цел Грк!
Што трица чоек ет, туку се тагари.
Штотуку да руча чоек, и ќе му се одручат.

Следниот дел

Горе