Следниот дел
Претходниот дел
хартија...........1
Неслогата ѕида кули од хартија.
храбар............1
Храбар јунак дома не умира.
христа............2
Кандило пред икона палење, без Христа чисто веруање — немат спасение.
Ќешке да не се родеше Јуда одошто го предаде Христа.
христоа...........1
Верата Христоа го омекнуа чоека.
христос...........6
Ако те удри некој со камен, ти удри го со леб, така рекол Христос.
Мирните и кротките деца Христос ги пофали и ги блаосои.
Сам Христос работеше, да ние да не работиме?
Христос воскресна од мртвите за да и оживит умрените и да пострами Евреите.
Христос ќе дојдит со ангелите и со светците за да судит живите и умрените.
Христос се роди за да не спасит.
хрт...............1
Со врзан хрт заец не се лови.
цал...............1
Без башча — половин сирок, без маќа — цал.
цала..............2
Од една главна цала кашча оѓин.
Од една греда цала каштурка.
цалие.............1
Ако е пријатело мед, не го изедуве цалие.
цало..............1
Три Циганќи цало село.
цапени............1
Дека има ногу ерѓење, дрва цапени не тере.
цапи..............5
Богатие цапи парата.
Јајцето стриже, влакното цапи.
Клин дрво цапи, кур кашча врти.
Скржавие влакното цапи, јајцето стриже.
Стипцар човек влакното цапи.
цар...............12
Ако е цар, не е господ.
Ако е цар, не носит две глај.
Бог да чува — цар да брани.
Воред слепи и ќоравие е цар.
Еѓуптинот го клале цар, а тој опитал: Шчо ќе прам за леб?
Еѓуптинот ко се сторил цар, прво татка си го обесил.
Кога се сторил Еѓуптинот цар, прво татка си го обесил.
Куга ти цар ебе маќата, на кој ќе се жалиш?
Мегу слепите тој со едно око е цар.
На цар џуап не даве.
Цар, крал, књаз, богат, сиромав, сите ќе умриме и вземи ќе влезиме.
Шчо го нема ни цар го не тера.
царвит............3
Ум царвит, ум гладзит.
Умот царвит, а снъгата аргатвит.
Царвит ко зима на мраз.
цареа.............1
Молк замолк до три години, пред цареа порта жолта курешница.
цареи.............1
Мнозина цареи и кралеи умреле, а Господ си живеит.
царица............5
Еѓупката и царица да бидит, пак ќе просит.
Еѓупката је клале царица, а таја ќинисала да питат.
Парица — царица.
Праината в темница, а кривината царица.
Шчо е у царица, това е и у магарица.
царо..............6
Во устата од царо има и огон и вода.
Давај си на царо даноко и на попо колако.
Зад грбо и царо се псуа.
Кој е против царо, он е против бога.
Од уста в уста, на царо в уши.
Од што нема, и царо не зема.
царова............2
В царова уста има и оѓин и вода.
Знам оти не сам царова шчерка.
царот.............8
Господ високу, а царот далеку.
И царот е чоек, ама од Бога е благосоен.
Не кревај се на големо пред царот и кнезот.
Од едно јајце до царот сто се сториле.
Со опитвене дури ке царот се ојт.
Тоа шчо немат и царот не јајт.
Царот далеку - Господ високу.
Шчо немат, и царот не јајт.
царска............4
Арниот збор и царска врата отворат.
Брада царска, а гла водејнчарска.
Наведена глаа под царска сабја поминуа.
Царска уста мед и масло.
царската..........5
Арната реч царската порта ја отварат.
И царската рана се свршвит.
Царската ръка дълга е, далеку досегвит.
Царската уста — мед и млеко.
Царската уста — остра сабја.
царски............1
Законо Божи и царски треба секој да го чести и држи.
царские...........1
Оди си по царские пат.
царско............1
Во царско азно влезе, и пак празен си излезе.
царското..........2
Врви си со арџот со поевтино за да си платиш царското.
И царското азно се битисвит.
царство...........3
Зулум додека не стане, царство не ѓине.
Пијанството изгубува царство.
Полесно се управјат едно царство, отколку една жена.
царсто............1
Зулум дури не биди, царсто не гинит.
царстото..........1
Сакај од Бога царстото негоо, а не друго.
царува............2
Ум царува, ум робува ум гуски чува.
Ум царува, ум робува, ум патќи пасе.
царуве............1
Ум царуве ум робуве.
царче.............1
Родила жена дете, је се сторило оти родила царче.
цвеќата...........1
Пчелата од цвеќата берит мед, а пъјакот — зер.
цвеќе.............11
Жената не е цвеќе да го помирисаш, за да знъјш какво е.
И пчелана по убото цвеќе летат.
Јас не сум цвеќе, да да ме мирисаш, ами сум коприва.
Не е цвеќе да го помирисаш.
Не е цвеќе за мирисање.
Не е цвеќе чоекот, да го мирисаш.
Немат гашчи на гъзишче, а на гла цвеќе ми клал.
Со едно цвеќе лето не бидвит.
Со едно цвеќе лето не идит.
Цвеќе во градина секој го милуат.
Чвекот не е цвеќе да го помирисаш, та да го познајш.
цвеќено...........1
Страмот го личит чвека ко цвеќено градината.
цвеќенцето........1
Не гледај го коренчето, ами гледај цвеќенцето.
цвеќето...........7
Не гљај го коренот, туку цвеќето.
Не гљај го цвеќето, туку коренот.
Се стори шчо се стори, само цвеќето наше се исуши.
Цвеќето го кинат и киски го праат.
Цвеќето расти за чоекот да го веселит.
Цвеќето се берит дури е росно, а моме се љубит дури е младо.
Цвеќето се берит дури е росно.
Следниот дел
Горе