Следниот дел

Претходниот дел

 фашчет............3
Виното и раќијата немет ръце, ама за очи фашчет.
Со суви гашчи риби не се фашчет.
Турчин побратим и калуѓер девер не се фашчет.
 фела..............2
Најде фела, побара цела.
Некој цела, некој немат ни фела.
 ферк..............1
Арамја од арамја ферк имат.
 ферман............4
В арман не се чита ферман.
В орман ферман не се пејт.
Турски ферман за три дни.
Ферман в орман не се пејт.
 фесътчија.........1
Земјата е фесътчија.
 фета..............1
Фета шчица боја не фашчат.
 фетено............2
Фетено — дадено.
Фетено — сторено.
 фетеното..........1
Фетеното е борџ.
 фети..............3
Во фети меој младо вино не се туриват.
За работа и фети рутишча не кажви ми.
Работа и фети рутишча никогаш не се сосвет.
 фето..............4
Кој не крпит фето, не носит ново.
Кој фето не крпит, ново не носит.
На фето врешче нова крпа не се клат.
Фето крпи, конци губи, старо љуби време губи.
 фешчање...........1
Од фешчање куќа не се расипвит.
 фешчат............2
Кој немат, лесно фешчат.
На Турчин и на светец не се фешчат.
 фидан.............1
Прав како фидан.
 фитиле............1
Ламба без газје и фитиле не гори.
 фитнеџијата.......1
Фитнеџијата е по лош и од катил.
 флазе.............1
Бољка сус кола флазе, ама низ иглини уши излезе.
 флорин............1
Мајска роса секоја капка и флорин.
 фодул.............1
Господ да те чуа од гол та фодул.
 фодули............1
Господ да те бранит од голи фодули.
 фортома...........2
Кој од кол, кој од фортома.
Се собрале од кол и од фортома.
 фортомата.........1
Арамјата ја влечкат фортомата по себе.
 фрљај.............1
Не фрљај камен в ќенеф зашчо ќе те испрскат.
 фрљам.............2
Ако не е вака ко шчо ти вељам, мустаќиве ќе ги фрљам в але.
Не фрљам по господа со камење.
 фрљат.............4
И в амбар со мера се фрљат.
Лесно се фрљат каменот в бунар, ама тешко се изват од бунар.
На чисто стребро 'рѓа фрљат.
Не му фрљат ни слама.
 френг.............1
У Бугарин инат, у Грк салтанат, а у Френг марифет.
 фрла..............4
Бесно куче и на чорбаџијата се фрла.
Воло рие прста на грбо си ја фрла.
Леб по земја не се фрла — греота е.
Лутото можеш после да го дојадеш, а смрдливото се фрла.
 фрлај.............1
На ќишаво лајно камен не фрлај оти ќе се испрскаш.
 фрлат.............1
Волот коа да копат земјата на себеси ја фрлат.
 фрли..............20
Извај од зъбот, фрли на гъзот.
Кога зглежџаш момичка, фрли опуљ и на мајката.
Ќило фрли, кутел најди.
На тапане ќе фрли, а на опашката игра.
Направи па го фрли в морето.
Не фрли се вов оѓине, не изгори се.
Орај, копај, Караџо, ќило фрли, кутел најди!
Роди ме мајко со к’смет, фрли ме на патот.
Роди ме, мајко, со късмед, фрли ме на бунишче, ќе ме најш на огнишче.
Стегни од зъбот, фрли на гъзот.
Стори арно, фрли го в море.
Стори добро, фрли го зад себе, ќе го најш пред себе.
Фрли глиста, фати ргуља.
Фрли го в море, ќе излезит со овци.
Фрли го на бунишче, ке го најш на огнишче.
Фрли зад себе, да најш пред себе.
Фрли зад тебе, ќе најдеш пред себе.
Фрли наза за да најдиш напре.
Фрли рипче да фатиш крапче.
Човечкото око е ненаситно додека не му се фрли грс земја.
 фрлил.............3
Ги фрлил плочите.
Како в бунар да си го фрлил.
Фрлил сирењето — собрал урдата.
 фрлиш.............3
Ако некој скокнит да се давит, не ќе се фрлиш и ти по него.
Ако фрлиш зад тебе ќе најдеш пред тебе.
Игла немат ке да фрлиш.
 фртома............1
Од кол и од фртома.
 фрчи..............1
Ем трчи, ем фрчи.
 фтасат............3
Кој ојт пополека, ќе фтасат подалеку.
Умниот пополека ојт, ама поборгу ќе фтасат.
Умниот пополека ојт, ама подалеку ќе фтасат.
 фтасаш............3
Ако не те чекат честа, ни со најбрз коњ не мојш да ја фтасаш.
Ако ојш по далечнијот път, порано ќе фтасаш.
Не смеј му се на будалата зашчо лесно мојш да го фтасаш.
 фтасвит...........2
Не му фтасвит една събота.
Пес опален не му фтасвит.
 фтесин............1
Ем фтесин, ем бесин.
 фурка.............8
Ако е село весело, и моата фурка ќе преде.
Ако е селото весело, и мојава фурка ќе предит.
Ако срце фурка не држи, појас ич нема да држи.
Не му е мила фурка.
Орање шетање — фурка троширебра.
Се сетила фурка на къдеља спроти недеља.
Фурка без рачка е като куче без опашка.
Фурка срце ако не а држи, појас ич.
 фурката...........4
Да ми е село весело, фурката да си допреда.
Је стежнала фурката.
Нека е село весело да си допреда фурката.
Село да е весело, да си допреда фурката.
 фурна.............1
На женска фурна малку дрва требат.
 фустане...........2
Кој не знае да држи на попадија фустане, ќе држи на попо бастуне.
Фустане не ти е кус, ак'ло ти е кус.
 фустата...........1
Ако не знаеш на попадија да бркнеш под фустата, ќе бркнеш на попо вов гашчите.
 фути..............1
Кој се лути, брже ќе намакне фути.

Следниот дел

Горе