Следниот дел

Претходниот дел

 цвеќињата.........1
Цвеќињата сет мили дури се развиени.
 цел...............17
Без татко полојна сирак, без мајка цел сирак.
Верен измеќар, цел стопан.
Да ти кажам ко на брат, за да го чујат цел град.
Еѓупците кога имаат пари, цел ден си пијат по меани.
Иако цел ден е пред икони, пак си е ороспија.
Кој секаде пљуват, цел свет го трујат.
Кокошкана едно јајце ќе сносит, цел свет ќе је разберит, а пчелата никој не је знъјт шчо прајт.
Ов легни, ов стани, цел стави, ич не крени!
Орала мувата цел ден на рогојте од волот.
Оф легни, оф стани, цел стави, не крени.
Риба во стреда не јадит, а рибарот цел го голтнуат.
Цел да му се преставиш на невернико, и пак не те веруат.
Цел легни, цел стани, цел стави не крени.
Цел легни, цел стани, цел стави не крени.
Цел легни, цел стани, цел стави не крени.
Цел стави, не крени.
Што музевир чоек ет, — цел Грк!
 цела..............6
Најде фела, побара цела.
Некој цела, некој немат ни фела.
Од вълк цела овца не се земат назад.
Од сто бради по лакно — цела брада; на стомина по лакно — без брада.
Од цела бука обрач не се прајт.
Пиши, попе, цела куќа будали љуге.
 целата............2
За една болва не гори ја целата черга.
Сносла кокошката едно јајце, је разбудила целата мала.
 целивање..........3
Ако не ми сет очиве за целивање, да за распознавање лошото и арното ми се.
Парите не сет за целивање.
Целивање — паметвање.
 целиваме..........1
Чие лице гљаме, то го целиваме.
 целиван...........1
Бричен, не целиван.
 целио.............1
Бујцата кај што ќе влезит, целио род ќе изумрит и куќата ќе ја запустит.
 целиот............1
Ако пријателот ти е од мед, не го јади целиот.
 цело..............7
Голи нозе под синија, цело прасе над синија не бидуа.
Една краста коза цело стадо ќе го окрастајт.
На жена не веруј се сосема, оти за цело не ет верна.
Некој се скривјат зад лист, некој зад цело дрео не можит.
Само тој да знъјт и цело село.
Съде тој да знъјт и цело село.
Цело јајце в зелник.
 целото............1
Целото море се сторило маштеница, за нас не се најде лајца, за да сркниме.
 цена..............2
Од првна цена не бегај.
Со мера мери, со цена цени.
 цената............1
На загубеното му а знаеме цената.
 цени..............4
Гледе му дузене, та му цени работата.
Здравјето не се цени додека се не изгуби.
На човеко прво му виж дузене, после му цени работата.
Со мера мери, со цена цени.
 ценит.............3
Коњот се ценит по тварот, а чвек по умот.
Слободата се ценит кога је немаш.
Чвекот не се ценит по рутишчата, туку по умот.
 цениш.............1
Парите ги цениш кога ги немаш.
 цепени............1
Дека има ногу ерѓење дрва цепени нема.
 цепи..............2
Не цепи ми шчици.
С клин дрва цепи и кашча врти.
 цепит.............3
Влакното го цепит.
Глата динамит не му је цепит.
И влакното го цепит.
 цергата...........2
Не спружви ги нозете надвор од цергата.
Пушчи си ги ноѕете спроти цергата.
 циганќи...........1
Три Циганќи цало село.
 циганин...........3
Ако сам црн, не сам Циганин.
На Циганин ќисело млеко не даве.
У грнчара ново грне и у Циганин матеница.
 циганино..........2
Да те ритне Турчин с чизма, нема да те боли, ама Циганино сос боса нога!
Нашел Циганино масло, та си намажал и газо.
 циганка...........1
Секоа Циганка нејните вретена фали.
 циганката.........2
Дај на Циганката, да ти бега од вратата.
Умре Циганката шчо те фалеше.
 циганска..........1
Циганска ритканица двојно боли.
 цигарата..........1
Мене ми се запалиле гаќите, тој вели: стој да си запалам цигарата.
 циц...............1
Циц, козице, на планина, прдни Марту на брадина.
 цица..............1
Кротко јагне од две маќи цица.
 цицале............1
Не те цицале мачки неќеска.
 цицат.............4
А јагнето блејт, а цицат.
Ако не плачит детето, мајка му не му дават да цицат.
Дури не заплачит детено, мајка му не му дат да цицат.
Кроткото јагне од две мајки цицат.
 цицето............1
Дури не плачи детето, не му даат мајка му цицето.
 цојса.............3
Да ти е жив коњот шчо ти цојса лани.
Дељми ми цојса коњот, сега и трева до колена нека растит ако сакат.
Таман го научив магарето да не јајт, то цојса.
 цојсаво...........1
Цојсаво магаре од вълк не се плашит.
 цојсан............3
Од цојсан коњ барат потковка.
Од цојсан коњ потковка не се барат.
Цојсан коњ не клоцат.
 цојсано...........1
Цојсано магаре не прдит.
 цојсвит...........1
Мачкана и кога цојсвит за глуфците мислит.
 црв...............2
Као црв во дрво се вие сиромаио.
Туку се виткат како црв во дрво.
 црвје.............2
Црвје имат детето во газот, што неќи да си седни на него.
Што ја гледаш толку снагата кога црвје ќе ја јадат.
 црвјето...........1
Црвјето во земјата живеат, а не луѓето да не живеат.
 црвјк.............1
Врти като црвјк в дрво.
 црвен.............10
Врзи си црвен конец на прстот.
На гол корем — црвен ремен.
Црвен како крв.
Црвен како крмуз.
Црвен како приш.
Црвен како прч.
Црвен како ружица.
Црвен како тетоско јаболко.
Црвен како трендафил.
Шуплив е на срце, ако го гледаш црвен на лице.

Следниот дел

Горе