Следниот дел
Претходниот дел
уши...............24
Бољка сус кола флазе, ама низ иглини уши излезе.
Видела камилата уши, побарала рогои.
Видела шута рогове, притерала и уши.
Еден јъзик, а две уши чвек имат.
Ѕиздот имат и очи и уши.
Ѕиздот уши имат, плотот очи имат.
И водана имат уши.
И ѕидот има уши.
И ѕиздојне имет уши.
Кој тера рогове, ќе остане и без уши.
Мегу чужди љуѓе ко да си, требит да имаш зъјачки уши и соколој очи.
Најде уши, потера и рогове.
Не думе лошо, оти и стените уши имаа.
Не пливат магарето дури не му дојт водата до уши.
Низ иглени уши го провират.
Низ иглени уши поминал.
Низ иглини уши да гу вдениш (за оној што е многу слаб).
Од уста в уста, на царо в уши.
Поискала шута рогове, та останала и без уши.
Поминал низ иглени уши.
Раетит ко некој да го тргат за уши.
Растит дете како кога да го тргат некој за уши.
Растит ко ѓаоли да го тргет за уши.
Твојата реч во Божји уши.
ушиве.............1
Ако ми паднале убетките, ушиве ушче ми стоет.
ушине.............2
Ветар му вејт низ ушине.
Како памбук да имат во ушине.
ушите.............5
Барат шута рогој, ќе ги загинит и ушите.
Го пушчив да чукат со ушите круши.
Задоени во ушите.
На малечки кучиња сечат се ушите.
Си ги отворат ушите ко глушец в трици.
уште..............22
Ако бидам невеста уште еднаш, знам јас како да гувеам.
Дено се познаа уште од утрината како ќе биде до вечера.
Добрата реч оит надалеку, а лошата уште понадалеку.
Дојди, бре зло, оти без тебе уште позло.
Жал и радос од кај му се раѓа на чоекот, никој уште не знаит.
Зајакот ет брз за бегање, ама 'ртот уште побрз.
Како што е аџија, уште да не е ајанџија, секој ќе го веруат.
Коските и кожата уште му останаа на него.
Лошото донесуа уште полошо.
Пријател верен кој имат, уште една глаа ќе имат.
Савано на болниот уште му е ексик.
Со два прста многу работа се завршува; со јазик уште поише.
Уште една беља не помина, втасала друла.
Уште еднаш ако бидам зет, знам јас како да гувеам.
Уште на коњ не се вкачил, си замавтал нозете.
Уште не вјанал, фати да си маат ноѕете.
Уште не копнале нов бунар, го поганат стариот.
Уште си оди со од нункото кошулата.
Уште си оди со тој ум.
Што се поулаил, та уште дете се оженил.
Штркот и познаа уште од мали штркчињата кој се арни.
Штркот си го убива штрчето уште во седелото, ако не му бидит прокопсано.
ушче..............25
А бидам зет ушче еднош, знъм како да гувјам.
Ако е испасена тревата, корењата ушче стоет.
Ако ми паднале убетките, ушиве ушче ми стоет.
Арниот збор ојт далеку, а лошиот ушче подалеку
Бостанот го обравме, остана ушче да ја запалиме колибата.
Ела зло, зашчо без тебе ушче позло.
Јас мислам оту се врашчат, а тој ушче одел.
Мара го сакат Анета, ушче Ане да је сакат Мара.
На арен син имот не му требит, а на лош ушче појќе.
Од кого е, многу е; за кого е, ушче појќе е.
Окото гљат далеку, ама умот ушче подалеку.
Останае ушче двата краја и стредето.
Со него лошо, без него ушче полошо.
Трпи го лошото да не дојт ушче полошо.
Убо е грозјено, ама ушче нездрело, рекла лисицата не моела да го досегнит.
Удри умно, се прајт поумно; удри уло, се прајт ушче поуло.
Ушче вълкот невиден, викат по кучињата.
Ушче зъјакот нефатен изделкал ръжен.
Ушче крајот и стредето.
Ушче невидена реката, ги слекол гашчите.
Ушче ова не било.
Ушче Петко нероден капа му скроиле.
Ушче рибата во вода, је клал тавата на оган.
Ушче Тотот со шапката беше ексик.
Чувај ја честа ушче од мал.
учењето...........2
Корењата на учењето се горчли, ама плодојте благи.
Учењето е четири очи.
учен..............7
Никој не се родил учен.
Никој учен не се родил.
При завист учен ти не требе.
Сос учен до праг, сос мен до век.
Учен мајмун неќит камџик.
Учен мајмун стап несакат.
Штодека е учен некој кога е серсем.
учени.............3
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку по будали.
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку побудали.
Господ да те бранит од учени луѓе.
ученик............1
Волкот домаќин и Манго ученик.
учените...........1
Немало побудали од учените; колку поучени, толку побудали.
учет..............2
Мравката и пчелата не учет како се печалит.
Парите еднему му го земет умот, а другего го учет на ум.
учи...............34
Бела работа, не се учи човек да е.
Дури е младо детето, се учи.
Ѓаолот ни орат, ни копат, само и учи луѓето да се неќат.
Кој иска да учи, требе и да плати.
Мечка се учи, човек не се учи.
Мечка се учи, човек не се учи.
Мечката од гората се учи, не пак човек.
Не учи баба ка се сади лешча.
Не учи бавчанџија како се садет крастајци.
Не учи дедо ка се пржат јајца.
Не учи старец да макат јајца.
Не учи старец да пасит кози.
Не учи старца да мака јајца.
Сермијата сама го учи човека.
Стар кон раван не се учи.
Старо магаре не се учи раван.
Улао учи да бидит поулао.
Умнио учи да бидит поумно.
Учи в'ка не учи, па козите през ридо.
Учи в'ка не учи, па козите през ридо.
Учи се да чекаш.
Учи се на арно, лошото ни на ум да не ти идат.
Учи се од мал, за кога ќе остареиш, да не ти бидит жал.
Учи се од мал, та куга пораснеш да не ти е жал.
Учи, учи, глава бучи.
Учи, учи, глава бучи.
Учи, учи, тиква бучи.
Учи, учи, тиква бучи.
Човек се учи до гроб.
Човек се учи додека е млад.
Човекот се учи додека е жив.
Чоек се учи дури да умри, и па се не ќе научит.
Чоек се учи со збор, а мечка со стап.
Чоек се учи со збор, а мечката со стап.
Следниот дел
Горе