Следниот дел

Претходниот дел

 умрелие...........1
За умрелие само арно.
 умреме............2
Додека има сол, за кат'к нема да умреме.
Ега си дома не умреме да си плашим децата.
 умрен.............7
За на свадба чекај да те канат двапати, а за на умрен сам појди.
И умрен да е, ако чујат за пари, би станал.
Лежит мрзливион како некој умрен.
Од умрен душа не се барат.
От умрен којн плочи брќе.
Умрен не прдит.
Умрен чоек пријател немат.
 умрена............1
Умрена уста не зборвит.
 умрени............2
И живи и умрени во една.
Станите умрени да влезиме живи.
 умрените..........4
Да се живи живите да ги споменвет умрените.
Умрените од никого страв немаат.
Христос воскресна од мртвите за да и оживит умрените и да пострами Евреите.
Христос ќе дојдит со ангелите и со светците за да судит живите и умрените.
 умрено............2
Од умрено теле готов тегар.
Умрено магаре од в'к не се плаши.
 умреш.............1
Теле се роди, вол ќе умреш.
 умри..............9
Болниот душа бери и пак се надеи да не умри.
Најумниот на веков ќе умри како најнеумниот.
Не умри магаре, ќе се роди зелана трева.
Не умри, коњу, до зелена трева.
Не умри, магаре, до зелена трева.
Умри, да ако сакаш да те жалам; оти дури си жив, ќе те карам.
Чоек кога се раѓа, од една врата излвгуа и кога умри, во друга влегуа.
Чоек се учи дури да умри, и па се не ќе научит.
Што да се роди на веков, ако не умри, земјата не ќе и кренит.
 умриме............2
Ако знъјме ке сме се родиле, не знъјме ке ќе умриме.
Цар, крал, књаз, богат, сиромав, сите ќе умриме и вземи ќе влезиме.
 умрит.............12
Да знъјт чвек кога ќе умрит, сам ќе си го ископат гробот.
Добрио владика откоа ќе умрит, ќе се паметуат.
Јад го фатил, та ќе умрит.
Кој не се родил, не ќе умрит; а кој се родил, ќе умрит.
Кој не се родил, не ќе умрит; а кој се родил, ќе умрит.
Лошио чоек кога ќе умрит, ќе се смирит.
Никој не знае кога ќе умрит.
Никој не знъјт кога ќе умрит.
Од ко ќе умрит чвек, лесно е за него да се зборвит сешчо.
Родот чоечки Господ го благосои за да се множи и да умрит.
Секој сакат да остарит, ама неќит да умрит.
Чоек како што се родил, така и ќе умрит.
 умриш.............2
Да прднам, ќе умриш.
Работи како за сто години да живеиш, а мисли како за утре оти ќе умриш.
 умртват...........1
Браќа коа ќе се збијат, трчај да и отмиш, оти ќе се умртват.
 унер..............1
Зеј го Трајка за унер.
 унија.............2
Со унија ум не се туриват.
Ум со унија не се туриват.
 уо................1
Зборуј му ти на шут чоек: со едното уо слуша, со другото пушта.
 уплаши............2
Не виж арно — не зарадувај се; не виж лошо — не уплаши се.
Ржаниче, медениче, ја летни, уплаши ме, оти ми подбелеа без тебе очиве.
 уплашит...........1
Магарето со рикањето му се чинит оти векот ќе го уплашит.
 употреби..........1
Пред да употребиш сила, употреби ум.
 употребиш.........1
Пред да употребиш сила, употреби ум.
 управјат..........1
Полесно се управјат едно царство, отколку една жена.
 упропаствит.......1
Сила без ум сама се упропаствит.
 урвен.............1
Ргат ко урвен вол.
 урда..............6
Ако се мрсиш, омрси се сос сирење, а не сос урда.
Видел на кур урда, помислил си бачија е.
За една рака урда ошол дури на Бистра.
За торба урда вера не се менвит.
Урда јади — душа вади.
Урда кур не пробира.
 урдата............1
Фрлил сирењето — собрал урдата.
 уреди.............1
Прво го суреди, после го уреди.
 уредна............1
Грда нека е жената, ама уредна да и е куќата.
 уриват............3
Ветрот дебелите дрвја ги уриват, а слабите ги виткат.
Договор куќа не уриват.
Со едно мање дъб не се уриват.
 уривет............1
Сложни браќа нови дворје градет, а несложни и старите ги уривет.
 урка..............2
Галената жена не преди со урка.
Разбој да ткаит жена, дома ќе седит; а урка кога преди, по комшиј одит.
 урнек.............1
Умирачката урнек немат.
 урнекот...........1
Народо се излошуат од урнекот од лошите попои, а нивјето и лозјата се расипуаат од лошите аргати.
 урнит.............1
Немат рофја в копри, туку в дъб да го урнит.
 урочи.............1
Кој урочи, пичка у очи.
 усвитено..........1
Кога се давит чвек, и за усвитено железо се фашчат.
 услужи............1
Куга човек неќе да услужи, за тове кол врзува коне.
 усои..............1
Мъгла носит по усои.
 успано............1
Пијано село — успано поле.
 успехот...........1
Не стравувај да ја вкусиш горчеливоста на успехот.
 успиват...........1
Сон е маѓија, те успиват веднаш.
 уста..............63
Баба куга бае и сос уста знае.
Брате, брате, пълна уста.
В една уста пљувет.
В царова уста има и оѓин и вода.
Во затворена уста мува не влегува.
Врапците буот го бркаат, ама сами в уста му влегуаат.
Врзат ле те за уста, ќе те водат като вол.
Газ што ќе посере се пере, ама уста што ќе посере не се пере.
Две раце една уста ранат.
Две раце за една уста.
Две ръце една уста ранет.
Една уста, а две ръце чвек имат.
Една уста, аљ' за смеење, аљ' за плачење.
Едно нешчо шчо те прајт од умен будала, не клај го в уста.
Здравјето низ уста влегвит.
Лошата уста сешчо мојт да речит.
Медената уста железни враќе отворат.
Мртва уста не зборвит.
На вълкот в уста.
На гла ти седам, в уста ти прдам.
На уста мед и масло, на срце пелин и зер.
Не те мам по уста, да ме фалиш.
Од уста в уста, на царо в уши.
Од уста в уста, на царо в уши.
Од уста мед и млеко, од срце зер и пелин.
Од уста ти в пазва.
Ојт како проѕевка од уста на уста.
Ојт како проѕевка од уста на уста.
Поканал гости со полојна уста.
Рашири уста за да ме лапнит.
Раширил уста како некоја ламја.
Секоја олџица не е за секоја уста.
Секоја уста не е за секоја олџица.
Си је носит чејнцата в уста.
Со уста јади, со ръце не гибај.
Таа олџица не е за твојата уста.
Ти клат маслинка в уста, а на гъзот кожа да му ја напълниш со масло.
Умрена уста не зборвит.
Уста да имаш, јазик да немаш.
Уста е на зглобаве.
Уста зборвит, аљ' гъз прдит?
Уста имат, јъзик немат.
Уста имат, уста немат.
Уста имат, уста немат.
Уста краси, уста гнаси.
Уста краси, уста гнаси.
Уста му зборвала, носон му слушал.
Уста му зборвала, шапка му слушала.
Уста пејт, срце не пејт.
Уста шчо посере, рака не опере.
Царска уста мед и масло.
Царската уста — мед и млеко.
Царската уста — остра сабја.
Чејнцата в уста си ја носит.
Чекаше мрзливиот да му падни од Бога алвица, ама си остана со зината уста.
Човеко е мил сос уста, сос уста е и мрзешен.
Човеко е мил сос уста, сос уста е и мрзешен.
Човечките уста не са враќа да и затниш.
Чоек чоеку помага и со пари, и со уста, и со нога.
Џвакат како со туѓа уста.
Шчо ќе излезит од уста, назад не се врашчат.
Шчо му на срце, то му и на уста.
Шчо му на уста, то му и на срце.

Следниот дел

Горе