Следниот дел
Претходниот дел
умој..............1
Девеесет и девет умој слушај, пак на својот остани.
умов..............1
Тргај, глао, да тргаме, за да ни дојт умов.
умовит............1
Више вреди човек да е умовит, отколку имовит.
умоите............1
Старите му се чудат на младите оти си летаат со умоите.
умон..............2
Лесен е во умон.
Си прајт со умон бајрам.
умора.............3
Без мера работа — брза умора.
Од занаетот немат умора.
Поарно да се ваљаш од умора, отколку од глад.
умори.............1
Без мера којшто работи, брго ќе ее умори.
умот..............50
Ако е чоекот кус од алиштето, можиш да му го придаиш; ама ако е од умот — не можиш.
Ако ја менал капата, не си го менал умот.
Ако пиеш, умот да не си го пиеш.
Арамја да си со умот, а не со ръката.
Брада му порастила, ама умот не.
Види му го умот, крој му капа.
Види му го умот, купи му ја стоката.
Види му го умот, суди му за дома.
Види му умот крои му капа.
Воукот од влаконото се менвит, од умот не се менвит.
Глата му обелела, умот не му дошол.
Господ прво умот ќе му го зејт на чвека, а после стоката.
Зер му испила чавка умот, да неканет на гости ќе одит?
Каков му ет умот, таков му ет и домот.
Ко ќе дојт умот, ќе сјојт кумот.
Коњот се ценит по тварот, а чвек по умот.
Косата му обеле, и умот не му дојде.
Ќе му дојт умот, откако ќе си ојт кумот.
Ќе си дојде на годините, ќе му легне умот.
Лесен ет будалата во умот.
Му ваќа умот во глаата како на камен.
Му дојде умот, ама му појде кумот.
На децата умот му лета.
На младите умот им идет, им сјодвит.
Не пушчај го јъзикот пред умот.
Обесете го брата ми, оти мене ми се мели умот.
Од глата се остат, од умот не се остат.
Од умот ќе тргат глаата.
Окото гљат далеку, ама умот ушче подалеку.
Опитај кого сакаш, ама од умот твој не дели се.
Остаре, обеле и умот во глаата не му дојде.
Остаре, побеле, умот не ти дојде.
Остарел, ама умот не му дошол.
Очите не гљавет, ами умот.
Парите еднему му го земет умот, а другего го учет на ум.
Парите на едни им го земет умот, а на други им давет ум.
Пишви со умот, а не со калемот.
Секој на умот свој си чинит измет.
Секој со умот се богатеит за да стори нешто на веков.
Спроти умот и знъењето.
Умот во глаата стоит, а не во капата.
Умот гљат, а не очите.
Умот е пари.
Умот му е по страчкини седела.
Умот не се пришивјат за кожа.
Умот прајт, глата тргат.
Умот царвит, а снъгата аргатвит.
Чвекот не се ценит по рутишчата, туку по умот.
Што ќе дојт на умот, не збори пред кумот.
Што ќе ти доит на умот, не зборуј пред кумот.
умра..............2
Ако би знаел куга ќе умра, гробо сам ќе си ископам.
Не ме жали куга умра, жали ме додека сам жив.
умрам.............4
Ако умрам, зер векот ќе го сотрам.
Дека ќе умрам, да векот не ќе го сотрам.
Јас дека ќе умрам, зер векот ќе го сотрам?
Коа се родив, не знам и коа ќе умрам, па не знам.
умрат.............2
Малцина веруаат оти можи утре да умрат.
Мнозина сакаат да умрат за од мака да куртулисаат.
умре..............17
Ако му е дујден часут - ки умре.
Ако му е за умирајне, пуд камен да ги кладиш па ки умре.
Кој куга умре, тогај се копа.
Куче кога вије некој ки умре.
Умре воло, се отпрегна плуго.
Умре Еѓупката што ја валеше невестата.
Умре Еѓупката шчо те фалеше.
Умре јатрвата, се рашири золвата.
Умре Косто Биљан, умре Струга.
Умре Косто Биљан, умре Струга.
Умре ле етрвата, ќе се прошири золвата.
Умре ле јагнето, овцата се зам'зуза веднага.
Умре ми свекрвата — прошири ми се като.
Умре од болештина.
Умре свекрвата, се раширија катиштата.
Умре старио, падна од куќата дирекот.
Умре Циганката шчо те фалеше.
умрев.............1
Ако да знаев кога ќе умрев, сам гробот ќе си го ископав.
умреж.............1
Умреж куќа не рани.
умрел.............10
Ако е умрел, неговата дупка е нап'нил.
Башчати ако е умрел, ќерефеците не е однел.
Денеска бил жив, утре си умрел.
Никој не умрел од голотија и босота.
Поарно е жив глушец, отколку умрел лав.
Се скончал, починал, умрел.
Тука беше му пукнала земјата, тука беше умрел.
Умрел и си отишол на тој век.
Умрел кон не рита.
Умрел човек пријател нема.
умрела............5
Ако бабата е умрела, лажите не е однела.
Еѓупката не умрела од шегата.
Лани баба умрела, годинава се свапирила.
Лани баба умрела, годинава се смрдела.
Не умрела бабата од шегата, туку шчо је дошол денот.
умреле............5
Колцина излегле арамиј, сите тукуречи умреле по апсаани.
Мнозина луѓе умреле и се забораиле.
Мнозина се родиле луѓе, и магариња умреле.
Мнозина цареи и кралеи умреле, а Господ си живеит.
Појќе умреле од јадење и пијање, одошчо од глд и жед.
Следниот дел
Горе