Следниот дел
Претходниот дел
умилвит...........1
В лице ти се умилвит, а зад тебе гробот ти го копат.
умира.............21
Арние јунак дома не си умира.
Болес душа не вади: болнио станува, здравио умира.
Еден умира, друт го навира.
Еднаш се раѓа, еднаш умира чоек.
Еднаш се ражџа — еднаш се умира.
Еднио умира од глад, а другио го прашал што ручал.
Еѓуптинот не умира за јадење, оти ако не му донесит Еѓупката, тој сам ќе си пропитат.
Замира ле, не умира.
Занаато чоека нито го умира, нито го оживуа.
И магаре не умира, ама и шарко си работа нема.
Кој замира, не умира.
Кој нож вади, од нож умира.
Којшто умира еднаш, не умира дваш.
Којшто умира еднаш, не умира дваш.
Кукавицата умира на буката.
Магаре меѓу две копи гладно умира.
Магаре од прекор не умира.
Од подгоор баба не умира.
Правдата понекогаш спие, но не умира.
Тој што раѓа и што се раѓа и умира.
Храбар јунак дома не умира.
умирања...........1
Две умирања нема, без едно не се може.
умирајне..........1
Ако му е за умирајне, пуд камен да ги кладиш па ки умре.
умираат...........1
Поеќе луѓе умираат од прејадуање одошто од гладуање.
умират............24
Арниот јунак дома не умират.
Еднош се умират.
Еднош чвек се рожџат, еднош умират.
Зъјакот умират на седелото.
Инатчијата умират, ама зборот назад не си го земат.
Кој ке умират, таму и го закопвет.
Кој не се рожџат, не умират.
Кој се рожџат и умират.
Магаре од шега не умират.
Младиот можит, а старјот сигурно умират.
На две враќе кучето од гладост умират.
Пес од грозје не умират.
Простако се раѓа како теле, живеит како јунче, умират како воле.
Рекол Господ да умират чоекот.
Се шчо се рожџат, умират.
Титизот и кога умират не прајт арно.
Умират инатчијата, ама назад не се враќат.
Умират инатчијата, ама не се поклонуат.
Чвек не умират дури не му дојт денот.
Чвек се учит дур е жив и пак неучен умират.
Чоек кога се раѓа, не знаит од кај иди, а кога ќе умират, знај оти пред Бога ќе се преставит.
Чоекот со плач се раѓа, со плач умират.
Што бара жена во Света Гора кога ќе умират.
Шчо се рожџат и умират.
умирачка..........4
Има умирачка за нестреќа и за стреќа.
У кого има раѓачка, ќе имат и умирачка.
Умирачка — бел образ.
Умирачка — куртулачка од секоја мака.
умирачката........7
На пес кога ќе му дојдит умирачката, на црковна врата ќе се измочат.
На смрт лекот му е умирачката.
Три дни пред умирачката.
Умирачката да е жива.
Умирачката и грбата је исправјат.
Умирачката исправјат се.
Умирачката урнек немат.
умирет............2
Жена и мачка мъчно умирет.
Пари од чума не умирет.
умишта............1
Од мнозина ако земаш умишта, ќе те пратат во тињата или Лимја.
умиштата..........1
Умиштата разно разни.
умна..............7
Арно е да имаш жена и умна и лична, арно ама Господ две добра на едно место не дава.
Арно е да имаш жена умна и лична, арно ама господ две добра на едно место не дава.
Жена умна и разумна не го остаа мажо да страда.
Не фали лична жена, туку умна.
Не фали ми лична жена, ами умна.
Руса нека е или калеша невестата, ама да ет умна и разумна.
Умна була в празна кула нема шчо да прави.
умната............4
Блаѕе на умната гла и вредната ръка.
На умната гла и едно око је доста.
Убаата жена е угодна на очите, а умната на срцето.
Умната домакинка е поскъпа од елмаз.
умни..............6
Ѓаолска кожа и за т'пан не чинит.Еден будала што ќе зметкат, триста умни не может да го одметкат.
Еден будала шчо ќе заметнат, триста умни не может да го одметкет.
Мажите кој се умни си ги честат жените.
Поарно да имаш десет умни душмани, одошчо еден будала пријатељ.
Улај деле, умни јале.
Шчо мојт еден будала да заметкат, триста умни не моет да го одметкет.
умнио.............4
И улаиот бега од пијаниот, камоли умнио да не бега.
Умнио учи да бидит поумно.
Умнио чоек ако пие вино и ракија, ама умо не си го пиет.
Умнио чоек во лутината се познаат.
умниот............9
Блаѕе си му на умниот меѓу будалите.
Виното и умниот го збудаљвит.
Поарно со умниот да ораш, отколку со будалата да пијаш.
Поарно со умниот да плачиш, отколку со будалата да пејш.
Тешко на умниот меѓу будалите.
Умниот е јунак, а не силниот.
Умниот и во сонот си го изват лебот.
Умниот пополека ојт, ама поборгу ќе фтасат.
Умниот пополека ојт, ама подалеку ќе фтасат.
умните............3
Дури да се умат умните палајте ќе го поминат векот.
Дури се думет умните, будалите си го врвет веков.
На умните работите само брадите им ги знъјет.
умно..............2
Удри умно, се прајт поумно; удри уло, се прајт ушче поуло.
Умно оди, не бој се од води.
умножит...........1
Господ милоста да им ја умножит.
умо...............17
Ако пиеш вино, вино пи, а не пи си го умо.
Види му умо, да после есапи го домаќино.
Дојде му умо, куга си ојде кумо.
Железото железо трие, а збороите умо.
Их, што му сечи умо глаата!
Како му стори умо, нека му трга глаата.
Куга му дојде умо, ојде си кумо.
Ќе ја затрнит куќата со умо што киниса.
Ќе му дојди умо, ама ќе му појди кумот.
Му испи чавка умо на пијанио.
Не ми испила чавка умо, да да праам лошо.
Со умо чоек грешаа, со глаата си трга.
Умнио чоек ако пие вино и ракија, ама умо не си го пиет.
Умо не е расол.
Чавка зер умо му го испи на жена што се опила.
Чафка му испила умо.
Што му иди на чоека на умо, набрго тоа можи и да го сторит.
Следниот дел
Горе