Следниот дел
Претходниот дел
уловеше...........1
Ако ловџијата секогаш уловеше, не ќе се викаше ловџија.
ум................81
Ај без пари си бил, ај без ум си бил.
Ај без пари, ај без ум, се едно ти е.
Ако ум нема сам, не тежи ниту грам.
Господ бој му дал, ама ум не му дал.
Да ми беше ум до судот, ко шчо ми беше од судот.
Да ми е овој ум, а она младост.
Да му требит капа, да му купиш, ум немојш да му купиш.
Друго време, други ум.
Еден ум имам: дали за лете, дали за зиме.
Еден ум чвек имат.
Еден ум, аљ за лете, аљ за зиме.
Едно на ум, друго на срце, трето на јъзик.
Едно на ум, друго на срце.
Има у мнозина ум, ама у малцина разум.
Имаш ум во глата!
Имаш ум во глата, аљ во петиците?
Ја ум на улаите ја на Свети Наум.
Ја ум, ја св. Наум.
Капа се купвит, ама ум не.
Ке врвит будалшчина, не требит ум.
Ко делел господ ум, тој стоел зад врата.
Кој немат ум, имат нозе.
Кој шчо ќе речит слушај, од својот ум не дели се.
Којшт нема ум, нека нема и глаа.
Купи си ум со пари и продај го без пари.
Лесен ум, јаки ноѕе.
Лош ум, готов суд.
Љуѓето не се мерат со ършин, туку со ум.
Малите приказни голем ум даваат.
Младио има кувет (сила), а старио ум.
Му дал господ бој, ама не му дал ум.
Мъката на ум те учит.
На кој ум измет чиниш?
Натерај го мрзливјот на работа, да те научит на ум.
Неолата ум дават на чоека.
Од многу ум капата му се дупнала.
Од појќе ум гла не болит.
Од улав ум не купуј.
Парите еднему му го земет умот, а другего го учет на ум.
Парите на едни им го земет умот, а на други им давет ум.
Поарно без пари, одошчо без ум.
Поарно драм ум, отколку сто ока сила.
Послежен ум не излегуа прав.
Пред да употребиш сила, употреби ум.
Секој по еден ум имат.
Секој само ум ти продат, а никој не ти помогвит.
Секој си имат ум во глаата: нека мисли, после нека праи.
Сила без ум сама се упропаствит.
Сиромајот од ум ет сиромав.
Слаб ум, јаки плешчи.
Со инка ум не се турат.
Со сврдел ум не се клат.
Со ум и разум пари добиваш, а со права вера во рај влегуаш.
Со унија ум не се туриват.
У мнозина ум, у малцина разум.
У секого се наоѓа по една пара ум.
Ум и разум со пари не се купвет.
Ум и разум туку да има чоек, и пари ќе имат.
Ум имам, пари немам; пари имам, ум немам.
Ум имам, пари немам; пари имам, ум немам.
Ум се с пари не купува, туку с мака по наука.
Ум со пари не се купвит.
Ум со пари не се купуат, ами со мака по наука.
Ум со унија не се туриват.
Ум треба и мотика, а не молитва.
Ум царвит, ум гладзит.
Ум царвит, ум гладзит.
Ум царува, ум робува ум гуски чува.
Ум царува, ум робува ум гуски чува.
Ум царува, ум робува ум гуски чува.
Ум царува, ум робува, ум патќи пасе.
Ум царува, ум робува, ум патќи пасе.
Ум царува, ум робува, ум патќи пасе.
Ум царуве ум робуве.
Ум царуве ум робуве.
Учи се на арно, лошото ни на ум да не ти идат.
Уште си оди со тој ум.
Човек не се мери по снага, туку по ум.
Што на ум, тоа на друм.
Шчо имала баба на ум, видела и на сон.
Шчо на ум, то на друм.
ума...............2
Загуби и ума и дума.
Чума од ума не се плашит.
умат..............1
Дури да се умат умните палајте ќе го поминат векот.
умејт.............3
Ако не умејт да напрајт, умејт да расипит.
Ако не умејт да напрајт, умејт да расипит.
Кој шчо знтъјт и умејт, не требит да се страмит.
умејш.............3
Да знъјш не е марифет, марифет е да умејш.
Не е марифет да знъјш, марифет е да умејш.
Поарно е да умејш, отколку да имаш.
умее..............1
На секој се пилето качува на рамото, ама блазе му на оне кој умее да го фане.
умеиш.............1
Поарно ет да умеиш одошто да можиш.
умела.............1
Умела од кумела не му излегуа.
умен..............12
Ако не можит чоек да бидит личен и богат, да за умен и чесен можит.
Ако не мојш да бидиш богат и личен, мојш да бидиш умен и чесен.
Биди умен и опулен.
Едно нешчо шчо те прајт од умен будала, не клај го в уста.
Коњ зелен и даскал умен немат.
Поарно еден умен душман да имаш одошто сто пријатели будали.
Поарно со умен да плачиш одошто со улав да се смеиш.
Поарно умен душман, одошчо будала пријатељ.
Со умен и камења носи, со будала не прај се другар.
Со умен плачи, со будала не пеј.
Умен биди, да ако немаш многу пари.
Умен колку за триста палај.
Следниот дел
Горе