Следниот дел

Претходниот дел

 трескалија........1
Домозет, борчлија и трескалија не мож да и познаеш кој шчо е.
 трески............2
Имат трески за делкање.
Кој варит манџа на трески, ќе му мирисат на чад.
 тресло............1
Дека се е тресло, па ќе се тресе.
 тресна............2
Тресна волот се расипа сапрагот.
Тресна волот, се отпрегна плугот.
 треснало..........1
Што вреснало, не треснало.
 треснам...........1
Ќе треснам ко орев на камен.
 третјо............1
Дај си нивата наполу — зиме на третјо.
 третјот...........3
Двајца без душа, третјот без гла.
Кога се карет двајца, третјот печалит.
Од кол на кол, третјот в гъз.
 трета.............1
Трета вода — киселина.
 третие............2
Двујца се пречкаа, третие добива.
Куга двуица се караа, третие добива.
 третиод...........1
Гостинот и рибата по третиод ден смрдат.
 третиот...........1
Кога двајца се карет, третиот го јајт ќотегот.
 трето.............3
Едно мислит, друго зборвит, трето прајт.
Едно на ум, друго на срце, трето на јъзик.
Неправедно спечалено не ќе втаса до трето колено.
 третото...........1
Неправедно спечалено, не стигвит ни до третото колено.
 трешница..........2
Кога ќе ти врзам една трешница, обете очи ќе ти светнат.
Одненадеж трешница.
 трешници..........1
За три лешници девет трешници.
 трешчава..........1
Кој грми, не трешчава.
 три...............32
Арам стока спечалена, не ќе оит до три појаса.
Вура супура за три дена, ох леле за сите дена.
Гос е мил до три дена.
Два гроша — петел, три гроша — крчма.
Две жени пазар, три жени панаѓир.
Додека е млад, оди сос две, после сос три и на крае сос четири.
Жената има девеесет и девет дупки, а иска сто три полупки.
За три лешници девет трешници.
И за најмилиот гостин три дни се доста.
Јал не јал, три и пол.
Мајстор Петко: од три буки — две вретана.
Мачката преку три куќи ја намирисуат рибата.
Месец без три недели.
Мие можиме три, а нас не можат триста.
Молк замолк до три години, пред цареа порта жолта курешница.
Молк замолк до три години.
Од три буки две вретена, едното криво, другото недопраено.
Од три буки две вретена.
Од три на глог.
Пет отерај, три дотерај.
Поарно три дни петел, отколку сто години кокошка.
Секое чудо до три дни се чудит.
Секое чудо за три дни.
Три ајдути, девет капидани.
Три гроша петел, пет гроша црква.
Три дни пред умирачката.
Три нешта се невозможни: до небото скала не се праи, на морето поклопка не се клава и на смртта нема
Три Циганќи цало село.
Тупа, лупа за три дни, оф и леле за си дни.
Турски ферман за три дни.
Чуму ти се три волој на орање.
Шчо ти требит три волој на орање?
 тријат............1
Му тријат сољ на глата.
 трие..............1
Железото железо трие, а збороите умо.
 триеше............1
Сол на глаата му триеше.
 тринг.............2
Тринг пара, тринг чаша.
Тринг пара, тринг чаша.
 трипати...........1
Трипати мери, еднаш сечи.
 трипъти...........1
Двапъти водејнци, трипъти ваљајци се кажвит.
 триста............23
Да сте кучки триста бачии ќе браните.
Да сте кучќи, триста бачии ќе браните.
Двесте овчички, двесте сълзички, триста пенушки, триста песмички.
Двесте овчички, двесте сълзички, триста пенушки, триста песмички.
Ѓаолска кожа и за т'пан не чинит.Еден будала што ќе зметкат, триста умни не может да го одметкат.
Еден будала шчо ќе заметнат, триста умни не может да го одметкет.
Зулумот кога навали, луѓето тргаат триста маки.
Имаш ле грб, самаре триста.
Испод мира — триста вира.
Кој украде — оди в грех; на кој му украдат — триста греа.
Мие можиме три, а нас не можат триста.
На арен грб, самаре триста.
Немат токму триста во глана.
Од ка се строши колата, коловозници триста.
Откако ќе се крши колата триста џадиња прај не оди.
Си дадоа лоши зборои, си зедоа од триста години.
Староста е на триста турлии.
Сто пари петел — триста пари крчма.
Триста ак'ла ни за една пара не вредат.
Триста алој си имам над глава.
Триста галој со еден камен се растурвет
Умен колку за триста палај.
Шчо мојт еден будала да заметкат, триста умни не моет да го одметкет.
 трите.............2
Од трите подългото.
Трите за в една вечер.
 трица.............1
Што трица чоек ет, туку се тагари.
 трици.............5
Во секое брашно имат трици.
Измешај се со трици, ќе те изејет свињи.
Кој се измешат со трици, свињи ќе го изејет.
Не јади трици.
Си ги отворат ушите ко глушец в трици.
 триците...........1
Скъп на триците, евтин на брашното.
 тркаљат...........2
Камен шчо се тркаљат нигде место не фашчат.
Камен шчо се тркаљат, мов не фашчат.
 тркала............1
Камен што се тркала, тој трева не ваќа.
 тркалести.........1
Парите затоа сет тркалести, да одаат од раце в раце.
 тркало............1
Иди коло на тркало.
 тркалце...........1
Ојт колце по тркалце.

Следниот дел

Горе