Следниот дел

Претходниот дел

 требен............1
Пријателот е требен во нужда.
 требет............2
И за малата неста и за големата неста требет сватој.
На ќељав нокти не му требет.
 треби.............5
А вјавни, а бодни не бидуат, треби да клаиш нога на ѕенгија.
Арно е се да знаиш, ама не треби се да праиш.
За туѓо леле не треби плачење.
Зиме, лете треби да се работи, оти сака да се јади.
Чоекот треби да биди на срцето амбар.
 требит............45
Ако сакаш да жнијаш, требит прво да посејш.
Ако сакаш некого да го познајш, требит едно врешче сољ да изејш со него.
Ако требит се да знъјш, не требит се да прајш.
Ако требит се да знъјш, не требит се да прајш.
Да му требит капа, да му купиш, ум немојш да му купиш.
За голема гла, голема капа требит.
За село шчо се гљат, не требит калауз.
За стар мачорок младо глувче требит.
За Трајка капа не требит.
Ке врвит будалшчина, не требит ум.
Ке врвит мъмејнца, не требит вистина.
Кога да врни, за кокошките вода не требит.
Кога зборвит постар, помладите требит да малчет.
Кога ќе зафатиш една работа, требит да је битисаш.
Кога си се фатил на оро, требит да играш.
Кој имат арна жена, не му требит рај.
Кој купвит шчо не му требит, ќе продат и то шчо му требит.
Кој купвит шчо не му требит, ќе продат и то шчо му требит.
Кој сакат други да го честет, требит прво сам да се честит.
Кој сакат на старост да си починит, на младост требит да се потит.
Кој се фашчат на оро, требит да имат здрави ноѕе.
Кој шчо знтъјт и умејт, не требит да се страмит.
Којшто сам паѓат, не требит да плачит.
Којшто сам паѓат, не требит друг да го туркат.
Купеното без потреба го продат и то шчо ти требит.
Къклицата требит од корен да се откорнвит.
Малоо кравајче — голем ден, требит стиснат газ.
Мегу чужди љуѓе ко да си, требит да имаш зъјачки уши и соколој очи.
На арен син имот не му требит, а на лош ушче појќе.
На будалата не требит да му обесиш звънец, и без ѕвонец се познат.
На влажна земја дожд не је требит.
На ќеља гла, не требит капа.
На ќељав чешељ не му требит.
На празно грне не му требит капак.
На стар мачорок младо глуфче му требит.
На чисто лице малу вода му требит.
Не ми требит над глава ќаја.
Понекогаш требит да отстъпиш, за да надвијаш.
Пред да шијаш, требит да кројш.
Старо куче ко да лајт, требит да видиш шчо е.
Требит да знъјш, та да запејш.
Шчо ти требит во ѓаолското село црква?
Шчо ти требит од вълк лој?
Шчо ти требит од мечка ремен?
Шчо ти требит три волој на орање?
 трева.............22
Ако не му беше носон, трева ќе пасеше.
Арна пролет — трева до глушчови колена.
Да го немат носон, трева ќе пасеше.
Да не му беше носон, трева ќе пасеше.
Дељми ми цојса коњот, сега и трева до колена нека растит ако сакат.
Ежоа трева мнозина бараат за азно да отворат.
Зелената трева е на очите мила.
И ние леб јадеме, трева не пасеме.
Кај што мавна, трева не никна.
Кај што стапи, трева не порасна.
Камен што се тркала, тој трева не ваќа.
Ке шчо мат трева не никнит.
Лошио чоек кај ќе стапит, трева не ќе никиит.
Луѓето трева не пасат, ами луѓе пасат.
Надај се магаре на зелена трева, ако нема ни суа слама.
Не пасиме трева.
Не умри магаре, ќе се роди зелана трева.
Не умри, коњу, до зелена трева.
Не умри, магаре, до зелена трева.
Од ко ќе пцојсат моено магаре, сакало расло трева, сакало не.
Терај, кону, до зелена трева.
Трај, коњу, до зелена трева.
 тревата...........1
Ако е испасена тревата, корењата ушче стоет.
 тревки............1
Секакви тревки — секакви мирисје.
 трезвен...........1
Шчо трезвен мислит, то пијан зборвит.
 трезвеш...........1
Шчо мисли трезвеш, пијан го кажува.
 трезен............1
Во меана кој влегуа начесто, не излегуа трезен.
 трендавил.........2
Од трендавил трн, од трн трендавил.
Од трендавил трн, од трн трендавил.
 трендафил.........2
Овенал како некој скинат трендафил.
Црвен како трендафил.
 трендафило........1
Трендафило има трнчета, а човеко гајлета.
 трендафилот.......1
Трендафилот имат трнчиња и чоекот имат гајлиња.
 трепет............1
Пијаницата е страв и трепет на челадта.
 трепниш...........1
Арното не идит веднаш, да за лошото дури да трепниш со око.
 тресе.............1
Дека се е тресло, па ќе се тресе.
 тресење...........4
На ногу грмење, малку тресење.
На секое месење торба тресење.
Секое леб месење и торба тресење.
Секое месење торба тресење.
 тресела...........1
Се тресела гората, се родил глушец.
 треси.............1
Треси пола и пазва.
 тресит............6
Дете во мајка се тресит. (Многу страв).
Му се тресит ръкана како на Чифутин.
Од студ клинци тресит.
Се тресит како Евреин од крс.
Се тресит како лис на дрво.
Се тресит како прат.
 тресиш............1
Вреќа брашнена колку да ја тресиш, пак ќе прашит.
 треска............3
Голема сенка — гладна дупка. Голема сенка — голема треска.
Голо здравје — готоа треска.
Ко ќе ја видиш чумата, си разја и на треска.

Следниот дел

Горе