Следниот дел

Претходниот дел

 болва.............1
За една болва не гори ја целата черга.
 болвата...........1
На болвата узда је клава тамавќарот.
 болвите...........1
Ја збират парата како песо болвите.
 боле..............1
Го врте јазикот кај што го боле забот.
 болело............3
Како срце болело, така и очи плакале.
Како срцето болело, така очите плакале.
Колку срце болело, толку очи плакали.
 болен.............17
Ако сум здрав, зошчо ми е имот, ако сум болен, зошчо ми е имот.
Аргатот е болен, кога денот е голем.
Болен здрав носит.
Болен ле си лежал или си болен чувал?
Болен ле си лежал или си болен чувал?
Болен лежи лошио чоек, на постела ет и пак од лошото не се остаа.
Болен се кани да јади, а здравио, и да не го каниш, ќе си јади.
Болен се моли.
Болен човек душа бере, па за живот мисли.
Здрав болен не верува.
Здрав болен носит.
Здрав иди — болен дојди.
Здрав не се опитвит, туку болен.
На земја мирисе, се вели за некој што е многу болен.
Не сум болен та ме опитвиш али сакам.
Појди кај болен, покади го и поразгоори го.
Тешко е без без болес да си болен.
 болес.............10
Болес душа не вади: болнио станува, здравио умира.
Еќим на веков не ќе требаше, ако болес немаше.
Кога кукумавка куке, знај оти болес ного ки има.
Куса болес, благи конец.
Не искај болес, ами искај здравје.
По смрт болес.
Секоа болес си има лек.
Секоја болес си има и лекот.
Сиромаштијата ет од болес полоша.
Тешко е без без болес да си болен.
 болест............10
Гола сиромашчија, готва болест.
Голо здравје, готва болест.
Дълга болест полоша од смрт.
Живот по сосила. (Мачно живее от болест или од бедност).
Здравје без пари, готва болест.
Нам здравје, на Турци болест.
Немат полоша болест од немачка.
Нему болест, другему здравје.
Празно ќесе — готва болест.
Топли рутишча во топла ода — болест.
 болеста...........10
Болеста дооди сос товаре, а си оди сос грамове.
Болеста ет по луѓето, а не по планињето и по камењето.
Болеста иди у чоека со оки, а бега со драмој.
Болеста лесно дооди, лесно не си оди.
Болеста се ваќа за чоека како некоја пијавица.
Болнио во болеста најмногу за грео се сеќаа.
Бргу иде, бавно си оди болеста.
Лесно иде, ама тешко си оди болеста.
Му помина болеста како на некое куче.
Му помина светрум болеста.
 болет.............1
По чужџ гъз и сто стапој не болет, а по свој и еден болит.
 болеше............1
Го болеше за неговото, па маваше по туѓото.
 болештина.........1
Умре од болештина.
 боли..............10
Ако те боли забот, не седи под дабот.
Боли го забо та криви.
Ве боли на вашето, па удри на туѓото.
Да те ритне Турчин с чизма, нема да те боли, ама Циганино сос боса нога!
Ебењето у газ и двајцата ги боли.
Ем боли, ем срби.
Кај што го боли на чоека забот, таму му оит јазикот.
Като шчо те мрази, така да те боли, нема зашчо да си жив.
Криви со ногата, оти го боли забот.
Циганска ритканица двојно боли.
 болит.............19
Ајванот немат јъзик, та не знъјт да кажит шчо го болит.
Да те клоцнит ат, се јајт некако, ама магаре да те клоцнит, болит.
Знъм шчо го болит, ама не можам да му поможам.
Ке шчо го болит зъбот, таму му ојт и јъзикот.
Кого го болит, тој плачит.
Кој прс да пресечиш, се ќе те болит.
Ме прало да ме болит.
Од благо вино гъз болит.
Од малчење гла не болит.
Од мирно седење гла не болит.
Од молчење глаа не болит.
Од појќе ум гла не болит.
Од свој камен не болит.
По чужџ гъз и сто стапој не болет, а по свој и еден болит.
Пранјот знъјт аљ болит.
Пресечи го еднјот прст — болит, пресечи го и другјот — болит.
Пресечи го еднјот прст — болит, пресечи го и другјот — болит.
Рака на суд сечат и не болит.
Со свој камен појќе болит.
 болна.............3
Болна жената, болна и куќата.
Болна жената, болна и куќата.
Ошто ми е болна жената, печена кокошка изедуат
 болни.............1
Мнаѕина се болни, ама не јъчет.
 болние............1
Еќим душа не дава, ама болние полесно оздравува.
 болнио............3
Болес душа не вади: болнио станува, здравио умира.
Болнио во болеста најмногу за грео се сеќаа.
Не ти е вајде — му влезе шапот во газо на болнио.
 болниот...........8
Болниот душа бери и пак се надеи да не умри.
Болниот малу јајт, ама многу арџит.
Гајрет на болниот, дури да му излези душата.
Дури е в постела болниот, ќе му земи поеќе пари еќимот.
Еќим душа не дава, ама болниот со полесно го оздравуат.
Ми се чини оти болниот ќе скинит.
Савано на болниот уште му е ексик.
Тешко на болниот дури да му излезит душата.
 болните...........1
Жените му баат на болните, ама и му пеат со попоите.

Следниот дел

Горе