Следниот дел

Претходниот дел

 богати............4
Ако фатиш богати пријатели, подготви повеќе трошоци.
Кражба не богати.
Лето за сиромаси, а зимо за богати.
Наредил Господ да има и богати и сиромаси.
 богатие...........6
Богатие цапи парата.
За најадок у сиромао — за работа у богатие.
На богатие и враните јајца носат.
На богатие и парите се плодат.
У богатие да се наработиш, у сиромао да се најадеш.
У сиромао и јадење и пиење, у богатие муабет.
 богатина..........1
Богатина до пладнина, личбина (или убаина) до вечнина.
 богатио...........2
Богатио чоек на секого в очи му биет.
На богатио дури да му дојди ќеот, на сиромајот ќе мо стои празен меот.
 богатиот..........5
Дури да му дојт на богатиот ќејфот, на сиромајот ќе му излезит душата.
Лесно му е на богатиот.
На богатиот зер в гроб ќе му ја клаат стоката?
На богатиот и на младиот секако му играт коњо.
Сиромајот и во рај ќе седи подолу од богатиот.
 богатите..........4
Богатите чалми носат, а сиромасите и без капа одат.
Богатите чалми носат, сиромасите без капи одат.
Сиромашчијата купвит п' една ока брашно и пак е повесела од богатите.
Честа не ет саде у богатите.
 богато............1
Кој на утро богато јајт, си легвит без вечера.
 богатото..........1
Богатото мамче младо се жени.
 богатство.........9
Арно братство, помило од богатство.
Без здравје немат богатство.
Богатство немат наситство.
Здравјето е за чоеко најголемо богатство.
Здравјето е најголемо богатство.
Знъењето е најголемо богатство.
Знъењето е право богатство.
Мајската роса е најгулемо богатство.
Слободата е најгулемо богатство.
 богатството.......3
Икономијата е мајка на богатството.
Ни на богатството радви му се, ни на сиромашиијата плаши је се.
Сонцето и богатството дури и слепецот го осветуаат.
 богоројца.........3
До Богоројца праој, од Богоројца калој.
До Богоројца праој, од Богоројца калој.
Лажи - Богоројца не биди.
 богородица........2
До Богородица и сламата жито — од Богородица и житото слама.
До Богородица и сламата жито — од Богородица и житото слама.
 богу..............6
Без неоља немат богу мољба.
Ни богу проскура, ни ѓаолу ќиселец.
Ни богу темјан, ни врагу колач.
Подари сиромав, дај Богу на заем.
Садаката — богу заем.
Шчо е право и богу е драго.
 бодата............1
Бодата спие, думата не спие.
 боде..............5
Бодливие вол боде и без рогове.
Каре го — рите, води то — боде. Ка е скрои, така и ќе се сќине.
Тоде, Тоде што тж боде?
Шут со рогат не се боде.
Шуто та боде.
 боди..............1
Прво се ти боди сос нож, после други.
 бодливие..........1
Бодливие вол боде и без рогове.
 бодливо...........2
Ем шуто, ем бодливо.
Шуто — та бодливо, криво — та ритливо.
 боднал............1
Оште не вгјанал и е боднал.
 бодни.............2
А вјавни, а бодни не бидуат, треби да клаиш нога на ѕенгија.
Бодни прачка пиј вино.
 боеше.............2
Ако се боеше дедо од врапците, просо не ќе посееше.
Ако се боеше дедо од прахците, момпир не ќе да садеше.
 божја.............1
Рај би бил на земјава, ако живееја луѓето по заповедта Божја.
 божјето...........2
Божјето око гледа на луѓето.
Божјето око гледа насекаде.
 божји.............1
Твојата реч во Божји уши.
 боже..............9
Ах боже, ако ме видиш в црква да ме ебеш.
Боже, чуај, брани од лоши другари.
Дај Боже, да сме сите во рај, да ако сме на крај.
Дај ми, боже, шчо ми мислит жена ми, а не мајка ми.
Дај ми, боже, шчо ми мислит комшијана, а не мајка и татко.
Жената знъјт за дај мъжу, а не за дај боже.
Мъжот велит: Дај, боже, работа, а жената велит: Дај, мъжу, пари.
Пази Боже од крстен ѓаол.
Пази, боже, слепо да не прогледне.
 божи..............3
Законо Божи и царски треба секој да го чести и држи.
Леб и сол - Божи блаосов.
Ништо не се купуа без пари отколку рај Божи.
 божиќ.............2
Ако нема на Божиќ бело, ќе нема на Гурѓевден зелено.
Прасе не се гои спроти Божиќ.
 божија............1
Сите созданија што сет на земјава — сет за Божија потреба.
 божик.............8
Божик идат, со шчо ќе не најт?
Гладен од Бъдник до Божик.
На Бъдник петел, на Божик расол.
Од Бъдник до Божик не се јадени.
Пред Божик прасето не се рани.
Санќим си ми рикал на Божик.
Се одделил од Бъдник до Божик.
Спроти Божик прасе не се гојт.
 божич.............1
Ако на Божич нема бело, ќе нема на Ѓурѓовден зелено.
 боза..............1
Продаваш боза на бозаџија.
 бозаџија..........2
Алваџија за бозаџија.
Продаваш боза на бозаџија.
 бои...............1
Мокор од дож не се бои.
 боит..............4
Ветрот коа да веит, од никого не се боит.
Жена што се боит од Бога секој ја милуа.
Кривиот чоек и од сенката се боит.
Туѓина којшто оди, не треба да се боит.
 боиш..............1
Од тоа што се боиш, ќе налепиш.
 боксава...........1
Варвара вари, боксава брка, Никола срка.
 болат.............5
Ако плачиш на чуш гроб, ќе те болат очите.
Ноќта вода не са плиске вонка, зашто ќе те болат очите.
По туѓ грб сто стапа не болат.
Сто стапа по туѓ газ ич не болат.
Сто стапои по туѓ газ тебе не те болат.

Следниот дел

Горе