Следниот дел

Претходниот дел

 болници...........1
Болници лежат, квасници врват.
 борџ..............2
Плот гнијат, борџ не гнијат.
Фетеното е борџ.
 борџој............1
Мајски дожџој плашчет борџој.
 борџот............5
Борџот е лош другар.
Борџот ет полош и од волкот.
Му влезе змија во ќесето, што не си плаќа борџот.
Пътот за одење, борџот за плашчање.
Чвекот гнијат, борџот не гнијат.
 бора..............1
Лошата пљага заздравјат, ама лошјот збор не се за бора.
 борба.............1
Ако не биде сос молба, ќе биде сос борба.
 борет.............1
Се опијанила козата, та го побарала вълкот да се борет.
 бори..............8
Бори се со злото, и викај го на помош доброто.
Мечка со мрака се бори, а не шут со рогат.
Мравка сос мечка не мож да се бори.
Мравката со мечка не се бори.
Со богат не суди се, со рогат не бори се.
Со јак не бори се и со богат не топори се.
Со јак не бори се, со богат не мери се!
Сос јак не бори се, сос богат не мери се.
 борија............1
Му помина под рака, ама откоа се борија и падна.
 борина............5
Барат беља со борина.
На борина попрела, на виделина заспала.
На стоте сто и еден твар борина.
Си го бара ќотеко со борина.
Стото сто и тоар борина.
 борит.............3
Мрава со мечка не можит да се борит.
Мрава со мечка не мојт да се борит.
Шут со рогат не мојт да се борит.
 бориш.............3
Ако се бориш со жена и ја кутниш, голема чес не ќе добиеш.
Ако се бориш со жена и падниш, голем страм ќе си донесиш.
Со ќељав да се бориш, беља ќе си сториш.
 борливи...........1
Не наде се, Пере, на борливи моми.
 борна.............1
Ега те с борна терам.
 боро..............2
Ми насобрал оро и боро.
Насобрал оро и боро.
 борч..............8
Борч неплатен, греф непростен.
Господ борч не плаќа.
Жените сиромашки се облекле во кондури сан'клии, ако се со борч од кондураџии се купени.
Никоја река не го мие, лели во борч влезе.
Од две нешта да се чуат чоекот: од борч и измеќарл'к.
Пат со одење, борч со плаќање.
Плет гние — борч не гние.
Плот гниет, борч не гниет.
 борчлија..........12
Борчлија ако си молчи, малку давај и многу моли.
Борчлија човек не е свој човек.
Домозет, борчлија и трескалија не мож да и познаеш кој шчо е.
Кој дълго спијат, борчлија станвит.
Којшто не ет борчлија, за богат се слагат.
Крпен биди во алиштата, ама не биди борчлија во чаршијата.
Лилјако ноќе излегуат и ноќе се криет, како да ет борчлија на Евреите колку страв имат.
Мажо е борчлија да носи дома, а жената — да го спастри.
Мошне ми оди на прт-кека, ама ако е до гуша и на Еѓупците борчлија.
На арамјата секој му е борчлија.
Нека си прозакрпен да не бидиш борчлија на Евреин.
Поарно и без вечера да легниш, отколку борчлија да станиш.
 борчлијата........3
Борчлијата ја во устата мед нека има, ја со раката во џеб нека посига.
Борчлијата треба да се моли, ако нема да си плати.
Мене ми е мака дури да го клаам борчлијата в рака, да после ќе си го клаам кај што прдат магарињата.
 борчлии...........1
Жените во полки кадифени, а мажите во сенети борчлии потпишани.
 бос...............3
Бос оди, пишчол носи.
Гос сос една нога бос.
Обујан бос преку вода носит.
 боса..............2
Да те ритне Турчин с чизма, нема да те боли, ама Циганино сос боса нога!
На трујца може една жена боса да оди.
 боси..............1
Сал си седа и се чуда зашчо ми са деца боси.
 босиљок...........3
Вода со трње не се кршчат, туку со босиљок.
Не се кршчат вода со трње, туку со босиљок.
Не се прајт карта со къпина, туку со босиљок.
 босиљокот.........1
Заради босиљокот и шчирот го вадит.
 босота............1
Никој не умрел од голотија и босота.
 бостан............2
Растат децата како лубениците во бостан.
Чоекот треба да е растурен како бостан.
 бостанџија........2
На бостанџија крастајци не му се продавет.
На бостанџија лубеници не продаве.
 бостанот..........2
Бостанот го обравме, остана ушче да ја запалиме колибата.
Го обравме бостанот.
 бота..............2
Името од бота е поголемо од се.
Кој ојт по бога, леликат до бота.
 боцкат............1
Вистината боцкат.
 боцкет............2
Го боцкет паричките.
Те боцкет паричките.
 боцни.............2
Боцни пръчка, пи вино!
Трн да те боцни, ама лош чоек да не те закачит.
 бочва.............7
Виното како што стои в бочва, не стои во чоека.
Љутата киселина зијан на својата бочва је прајт.
Од бурило бочва.
Од една бочва — и вода и киселина не се пушта.
Попо ако е пијаница, мирјанино треба да си седи на бочва.
Празна бочва многу ѕвечит.
Празната бочва оддалеку се познат.
 бочвата...........1
Пушти му чепот од бочвата, и ќе видиш што има во неа.
 брќе..............1
От умрен којн плочи брќе.
 брање.............3
Зборуат и туку брборит како газ на грозје брање.
Ќе му и плати парите лани на грозје брање.
Ќе му и плати парите лани на лук брање.
 браќа.............14
Ако сме браќа, ќесињата не ни се сестри.
Браќа коа ќе се збијат, трчај да и отмиш, оти ќе се умртват.
Браќа колку и да се скараат, пак ќе се смират.
Два дни во зиме браќа не сет.
Децата си играат како браќа, ако не се родени од една мајка.
Добри пријатели од браќа се помили.
Кај што се караат браќа, истај се ти поскраја.
Ќарот и зијанот браќа са.
Ќарот и зијанот се браќа.
Несакањето и неможењето се браќа.
Од женцки пари браќа се делиле и се истепале.
Си живеет браќа како ракој в торба.
Сложни браќа куќа градат.
Сложни браќа нови дворје градет, а несложни и старите ги уривет.

Следниот дел

Горе