Следниот дел
Претходниот дел
бога..............78
Арната жена ет од Бога блаосовна.
Без Бога нема добрина.
Без Бога нема слога.
Без бога ни до прагон.
Бога да молиш и лошо да праиш, не веруј да се спасиш.
Бој се од Бога и не бој се од никого.
Будала го слагаат чоека, ако оди по правина и по Бога.
Варди се од тој што нема вера и што не веруа во Бога.
Верата од Бога е остаена.
Глоби сирота и погледај на Бога.
Го фатија Господа за очи. (Не мислат веќе за Бога во делата си.)
Дај му на бога проскура, за да не му даш на ѓаолот ќиселец.
Дај на питач, на бога му даш.
Дека има слога, има и бога.
Дека нема слога, нема ни бога.
Децата се дар од Бога на татка си и на мајка си.
Еден чоек што не оди по Бога, тој ќе оди по ѓаола.
Жена што се боит од Бога секој ја милуа.
Жената од Бога е блаосоена да му бидит на мажо помошница.
Живот со пари не се купуат, оти дар од Бога се дават.
Зер тој зборуал со Бога, да што знаел?
И кокошката кога пиет вода, се пулит на Бога.
И царот е чоек, ама од Бога е благосоен.
Имај мислата при Бога за да ти помага.
Кој е против царо, он е против бога.
Кој ојт по бога, викат до бога; кој ојт по врага, живејт ко ага.
Кој ојт по бога, викат до бога; кој ојт по врага, живејт ко ага.
Кој ојт по бога, леликат до бота.
Којшто дава на сиромав милостина, пред Бога му се, наоѓа.
Којшто знаи книга, поеќе знаи да се моли на Бога.
Лагата е колната од Бога.
Лажлив поп сеедно да кажуат за Бога, никој не го веруат.
Лежит мрзливион на плеќи и чекат нешто од Бога да му паднит.
Лошјот и од бога е белезан.
Мадроста е блосов од бога.
Мирно срце Бога моли, а немирно солзи рони.
Мирно срце бога молит, а немирно сълзи ронит.
Мршата од чоека во земјата, а душата пред Бога.
Не даве на Бога сус прсте, дава на врага сус грсте.
Не сам бил бога с камење.
Нека молит бога да сум жив, за да му платам.
Нема во веков нешто што да не ет од Бога создадено.
Ни од Бога го грев, ни од чоека го страм.
Нишчо без бога не се мојт.
Нуждата го натерала чоека што да греши на Бога.
Од бога дојде да трпиш, та од човека ле?
Од Бога ништо не се криет.
Од Бога што ќе доит, добре нека доит.
Од кај знаи тој што кажуат, зер со Бога зборуал?
Од мене песна, од Бога здравје и веселба.
Отколку што моиш работи, и моли се на Бога да ти ја блаосоит.
Пијанството е од ѓаолот, а сиромашчијата е од бога.
По ѓаолот ојт, на бога се молит.
Поблизу до црквата, подалеку од бога.
Под вода — од два бога.
Пред бога сме сите еднакви.
Прекален светец ни на бога не му е мил.
Простено и благосоено од Бога и од попо.
Работата е од Бога блаосоена.
Радуј се, чоече, кога имаш добриње, оти од Бога ти се даени.
Речено е од Бога за да се потресни таткото и мајката за челадта.
Сакај му на Бога што ти треба, ама со молба.
Сакај од Бога царстото негоо, а не друго.
Светец да бидиш, пак треба да работиш и Бога да молиш.
Сила Бога не молит.
Сиромашчијата е од бога, а пијанството од ѓаолот.
Со пари при бога, без пари во гроба.
Стар чоек да честиш, Бога го честиш.
Судо ет од Бога остаен за да одат луѓето по правото.
Судо од Бога е остаен.
Тако ти Бога, не прај џева.
Твоја Бога твоја душа.
Чекаше мрзливиот да му падни од Бога алвица, ама си остана со зината уста.
Чисто срце бога молит, а нечисто сълѕи ронит.
Чоек е создаен просто да одит, за понабрго на небо да се пулит и Бога да смислит.
Чоек кога се раѓа, не знаит од кај иди, а кога ќе умират, знај оти пред Бога ќе се преставит.
Чоек колку да ет праведен, пак пред Бога е грешен.
Шчо е под вода, това е под два бога.
богаство..........1
Поарно чесна сиромашија одошто бесчесно богаство.
богат.............21
Ако не можит чоек да бидит личен и богат, да за умен и чесен можит.
Ако не мојш да бидиш богат и личен, мојш да бидиш умен и чесен.
Ако си сиромав, не токми се со богат.
Алиштата ако ти се издрпани, никој за богат не те есапи.
Алиштата го покажуаат чоека за богат и сиромав.
Арамијата сеедно кради, а богат или тргоец не можи да биди.
Влав сиромав — Македонец; Влав богат — Грк.
Господ е еден и за богат и за беден.
Денеска бил богат, утре осиромашел.
Дури не ти се посерит чужно куче во ќесето, не се прајш богат.
Еден гроб е и за богат и за сиромав.
Којшто не ет борчлија, за богат се слагат.
Појди кај сиромав, подари го, а кај богат — поразвесели го.
Рутишчата го прает чвека богат, аљ' сиромав.
Секој сиромав сакат да се обогатит, а богат неќи да се осиромашит.
Секој што имат челад се слага богат.
Со богат не суди се, со рогат не бори се.
Со јак не бори се и со богат не топори се.
Со јак не бори се, со богат не мери се!
Сос јак не бори се, сос богат не мери се.
Цар, крал, књаз, богат, сиромав, сите ќе умриме и вземи ќе влезиме.
богатјот..........1
У сиромајот деца, у богатјот златни колца.
богата............1
Есен богата, зима рогата.
богатеит..........1
Секој со умот се богатеит за да стори нешто на веков.
Следниот дел
Горе