Следниот дел

Претходниот дел

 таман.............3
Десет јајца таман манџа.
Таман го научив магарето да не јајт, то цојса.
Таман сиромајот се вати на танец, се скина тапанот.
 тамо..............15
Дека дим, тамо свадба.
Дека дум — тамо кум.
Дека е нишката тенка, тамо се преќинува.
Дека има квачка тамо има и пилиња.
Кај збор не помага, тамо стап помага.
Кај не го сеиш, тамо никнуа.
Кај што има гнасотиј, тамо се збираат муи.
Кај што ќе појдит јунчето, тамо и порожето.
Кај што не помага збор, тамо и стап не помага.
Кај што нема вода, тамо село не бидуа.
Кај што паси овцата, тамо си ја остаа и волната.
Кај што чади, тамо се јадит.
Од дека е думата, од тамо е душата.
Од дека лежиш, од тамо р'жиш.
Од кај што е потешко, секој тамо навалат.
 таму..............21
Грнчаро кај сака, таму рачка клаа на грнето.
Дека е тенко таму се кине.
Ѓаволот ни ора ни копа, каде ќе стаса таму ропа.
Жената е ко врба — ке да је посадиш, таму растит.
Каде сите Турци, таму и ќоравиот Асан.
Каде среќа таму и несраќа.
Каде што ти е срцето - таму ти е куќата.
Кај што го боли на чоека забот, таму му оит јазикот.
Кај што паѓа чоек, таму и стануа.
Ке ќе паднит огнот, таму горит.
Ке ти очи, таму ти и гла.
Ке шчо го болит зъбот, таму му ојт и јъзикот.
Кога ти одеше таму, јас се врашчав отаде.
Кого къде го јајт, таму се чешат.
Кој ке никнал, таму навикнал.
Кој ке умират, таму и го закопвет.
Къде е мршата, таму се и галојте.
Къде кого го јајт, таму се чешат.
Къде ти очи, таму ти и гла.
Огнот ке ќе паднит, таму горит.
Од ке е дреото засечено, кун таму падинет.
 танас.............1
Дојде Танас, дојде лето у нас.
 танец.............5
Кога се вати сиромаиот на танец, се скина танецот.
Којшто се ваќа на танец, како ќе му свират, така ќе играт.
Којшто се ваќа на танец, треба да играт.
На танец којшто игра, секој ќе го гледат.
Таман сиромајот се вати на танец, се скина тапанот.
 танецот...........1
Кога се вати сиромаиот на танец, се скина танецот.
 танка.............1
Жена куса, руса и шишкаа, велит: ах, како не сум висока, калеша и танка бојлија?
 танчи.............2
Правината се танчи, ама не се кинит.
Правината се танчи, и не се кинит.
 тап...............1
Господ да те бранит од тап брич и од проста жена.
 тапан.............4
Ќе збере кашча колку прах на тапан.
Од дртаво теле — готов тапан.
Се надул како еѓупски тапан.
У момчето тапан чука, у момата абер нема.
 тапане............5
Еден тупа тапане, друг собира брашното.
Јас тропам тапане, друт го збира брашното.
На тапане ќе фрли, а на опашката игра.
Не чеке куга тупне тапане.
Ти тупаш тапане, друг собира брашното.
 тапани............2
После свадба тапани не поминуваат.
Тапани да буаат и не се разбудуат пијаниот.
 тапанн............1
Колку прав на тапанн аир да имаш.
 тапано............2
Кога се фати сиромавио на оро, се скина тапано.
Тапано сткраја да го слушаш, поарен лезет имат.
 тапанот...........1
Таман сиромајот се вати на танец, се скина тапанот.
 тате..............12
За бадјала и мама на тате не му дат.
Надала се мама на тате, тате на мама, и ѓубрето останало.
Надала се мама на тате, тате на мама, и ѓубрето останало.
Ни мама на тате забадјала не му дат.
Од мама на тате, од тате на мама.
Од мама на тате, од тате на мама.
Тате на мама, мама на тате — детето без капа.
Тате на мама, мама на тате — детето без капа.
Тате на мама, мама на тате, децата гладни.
Тате на мама, мама на тате, децата гладни.
Тате, пате, скри се в јасли да бараш аспри.
Тате, пате, скри се в јасли, идет Турци ќуљумарци.
 татка.............17
Ако е од татка ти, ќе се погодиме, ако си го спечалил ти — тешко.
Го бацил татка си в гъз.
Децата на татка си ја ќе му ја отворат куќата, ја ќе му ја затворат.
Децата се дар од Бога на татка си и на мајка си.
Едно дете што не слуша татка си и мајка си, тоа аир не ќе види.
Еѓуптинот ко се сторил цар, прво татка си го обесил.
И татка си за пари би го продал.
Има чоек што си колни и тепа татка си и мајка си.
Кауѓер кој се сторил, на татка си и на мајка си не му пожалал.
Кога се сторил Еѓуптинот цар, прво татка си го обесил.
На два татка без капа.
Не кажви му ги на татка ти загоните.
Не кажуј му на татка ти кај му се нивјето.
Санким татка му му го отепал некој, што се налугил.
Татка си си го барат во торбата што посига.
У туѓега татка, поголема патка.
Чис на татка си излезе, како да му ја скинал глаата.
 татква............3
Је барат татква си венчанина.
Како од татква си стока да дат.
Си ја барат татква си венчанина.
 таткво............2
Како од таткво си ќесе да плашчат.
Ко од таткво му ќесе да дат.
 татко.............27
Ако си ми татко, не си ми Господ, да што сакаш да ми се качиш како петел на врато?
Без татко полојна сирак, без мајка цел сирак.
Блазе си му на тој татко што има челад прокопсана.
Дај ми, боже, шчо ми мислит комшијана, а не мајка и татко.
Еве је татко в торба, се најде украдената капа.
Еднему татко, другему очув не биди.
Кавгаџија татко, кавгаџија и сино.
Каков татко, таков син.
Кого гледаш со брада и чалма, татко не ти бидуат.
Лесно е да бидиш на гото дете татко.
Лесно е да се прајш на гото дете татко.
На гото дете татко не прај се.
На гото дете татко се прајт.
На готој деца секој татко бидуа.
На татко пезевенк не викај.
Од стар татко деца — сирачиња.
Оти е рудо детето, а татко му калеш ништо.
Пари, пари, пак пари, пари татко, пари мајка.
Парите татко, парите мајка.
Само татко и мајка не се купвет.
Со пари се можиш да купиш, саде татко и мајка не можиш.
Стани, света владико, да седни татко.
Съде татко и мајка не се купвет.
Татко и мајка колај не се наоѓат.
Татко купи патка, та шчо беше слатка, та шчо пати дур је плати.
Татко огнишче — топло пепелишче.
Титиз татко, арамја син.

Следниот дел

Горе