Следниот дел

Претходниот дел

 сољ...............9
Ако сакаш некого да го познајш, требит едно врешче сољ да изејш со него.
Во чужџа манџа не клај сољ.
За инет и врешче сољ се јајт.
Ко имат леб, немат сољ.
Ко имат сољ, немат леб.
Му тријат сољ на глата.
Немат толку сољ за то шчо ќе го опериш.
Поарно денеска леб и сољ, одошчо утре печена кокошка.
Сољ и пипер ќе јада ама не крада.
 сој...............7
Барај жена да најдиш од сој, да ако ет сиромашка.
Зеј жена од сој, а куче од копанче.
И за кучето опитвет од каков сој е.
И кучето се од сој тера.
И пес од сој се барат, камоли чоек.
Месо купвиш, дебело зеј, неста одбираш, од сој зеј.
Од сој и куче.
 сојката...........1
Било, што било, сојкино крило: сојката летна, мачката клепна.
 сојкино...........1
Било, што било, сојкино крило: сојката летна, мачката клепна.
 собар.............1
Бракот е добар кога нема собар
 собере............2
Ако бумбаро збира мед, ногу ќе собере.
Да може сека муа да бере мед бумбаро највеќе ќе собере.
 собереше..........1
Да береше секоја пчела мед, бумбарон ќе собереше најмногу.
 соберит...........2
Глата мојт да соберит појќе од морено.
Ќе соберит дом колку тъпан прав.
 собериш...........1
Мед да туриш, та да собериш.
 собира............4
Еден тупа тапане, друг собира брашното.
Парабучук го собира, топтан го дава.
Секоа муа мед не собира.
Ти тупаш тапане, друг собира брашното.
 собираат..........1
Восоко го собираат безгрешните пчели, затоа се гори пред чесните икони.
 собирано..........2
Собирано со ѓаол поѓаола ојт.
Шчо е со ѓаол собирано, поѓаола ојт.
 собират...........6
Господ не одбират, а собират.
Еден го бијат тъпанот, други ги собират парите.
Ке да појт, куќа собират.
Со игла се собират, со лопата се растурат.
Собират клинци, за да си купит коњ.
Собират ореј со вила.
 собра.............2
Му је собра дури и калта од под ноктите,
Му се собра ко на магарето
 собрал............2
Не сам ве собрал да ве гоа, туку ребра да ви броа.
Фрлил сирењето — собрал урдата.
 собрале...........2
Кога сме се собрале, да се слушаме.
Се собрале од кол и од фортома.
 собранието........1
Не е лошо собранието, туку сказанието.
 собујат...........1
Кој се љутит, сам ќе се собујат.
 собуај............1
Дури не видиш реката, не собуај гаќите.
 собуе.............2
Ако се лути нека се собуе.
Кој се лути, нака се собуе.
 собул.............1
Пред да ја видит реката, си собул гаќите.
 соголил...........1
Се соголил како мајка што го родила.
 создадено.........1
Нема во веков нешто што да не ет од Бога создадено.
 создаен...........1
Чоек е создаен просто да одит, за понабрго на небо да се пулит и Бога да смислит.
 создал............1
Дните откоа се создал векот, се тие сет.
 созданија.........1
Сите созданија што сет на земјава — сет за Божија потреба.
 сокак.............1
Пијан човек — тесен сокак.
 сокако............2
Каков ти е на оџако, таков ти е на сокако.
Кој си руча на конако, ќе вечера на сокако.
 сокаци............2
Господ да те бранит од дълги стапој и тесни сокаци.
Туку клапа како бесен пес по сокаци.
 сокацине..........1
Родила мајка синој да не се сокацине празни.
 сокаците..........1
Грди му се дните на слепците што просат по сокаците.
 сокол.............12
Гавран со гавран, а сокол со сокол.
Гавран со гавран, а сокол со сокол.
Гал одлета, сокол долета.
За алкот мрсуљ, за мене сокол.
Макар е гол, ама е сокол.
Од був сокол, од сокол був.
Од був сокол, од сокол був.
Од бух сокол не бива.
Од бух сокол — од сокол бух.
Од бух сокол — од сокол бух.
Ут буф сокол излеве, и от сокол буф.
Ут буф сокол излеве, и от сокол буф.
 соколој...........1
Мегу чужди љуѓе ко да си, требит да имаш зъјачки уши и соколој очи.
 соколон...........1
Да ми е жив соколон, еребици доста.
 соколот...........1
Јаребица му паднала на соколот в раце.
 сокот.............1
Ни во ракот, ни во сокот.
 сол...............13
В чужџа манџа не туре сол.
Додека има сол, за кат'к нема да умреме.
За да го запознаеш човеко, ќе излижеш сто ока сол.
Ќе го јадеше како леб и сол.
Леб и сол - Божи блаосов.
Леб и сол што дал Господ.
Поарно денеска да ми даиш леб и сол одошто утре леб и шеќер.
Поарно е леб и сол да јадеш, од шчо дома да се караш.
Поарно леб и сол да јадиш одошто дома да се караш.
Секој знаи да јади слатко-благо, ама ако немат со што да си купи, со сол и леб ќе си поминит.
Сол на глаата му триеше.
У туѓо грне сол не турај.
Што дал Господ, леб и сол.
 солена............1
Од еден извор не извира блага и солена вода.
 солената..........1
На сувата земја и солената вода је арна.
 солени............1
Женските сълзи се солени.
 солено............3
Како да не јајт солено.
Ко да не јајш солено.
Ни солено, ни палено.
 солзи.............2
Мирно срце Бога моли, а немирно солзи рони.
На туѓи гробишта плакала, та затоа солзи не пуштила.
 солиш.............1
Ка си солиш, така ќе си сркаш.
 солун.............1
Да паметвите кога бил дедо ви во Солун.
 солуна............2
У Солуна грош сомуна, ама до Солуна колку сомуна?
У Солуна грош сомуна, ама до Солуна колку сомуна?

Следниот дел

Горе