Следниот дел
Претходниот дел
секол.............1
Не сум му го секол попокот.
секому............5
Господ секому не можит како што сакат да му угодит.
Дете поризливо секому му е мило.
Не се родил тој шчо можит секому да му поможит.
Секому своето му е најмило.
Секому срцето му е од месо.
секуј.............1
Додека е млад, секуј го иска, остаре ле, нико го неќе.
секугаш...........4
Две и две секугаш не са четири.
Кавгата е секугаш за метрото, за нивата не е.
Кусие пат секугаш излази под'г.
Чужџото е секугаш послатко.
селјак............1
Ако сам селјак, не сам акмак.
села..............3
Гладен ќе заминеш през девет села, а гол ни през едно.
Една камбана за две села не чука.
Крпеж и трпеж две села поминале.
селанка...........1
Руно волна дала селанка за да купи ока јаболки.
селата............1
Жена со пари се купуа, ама по селата.
селимет...........1
На лек и селимет! - се вели кога ќе заврши лечењето.
село..............56
Ако е село весело, и моата фурка ќе преде.
Ако ти је клајт алката на носот, ќе те водит ко мечка низ село.
В секое село требе да имаш по еден пријател.
В село не го прибирет а тој опитвит ке седит попот.
Вало-прдло наш Неделко се повали настред село.
Во еврејско село црква не се прајт.
Во мало село многу кучиња.
Во малоо село честа ангарија.
Во секое село и град башка адет.
Во село без пци — и без стап се оди.
Во старо село нов адет не прај.
Врзан поп, мирно село.
Гладен вълк постред село ојт.
Град фали в село живеј.
Да ми е село весело, фурката да си допреда.
Дека село плувне, там река тече.
Една кашча не прави село.
Еѓуптинот под черга лежит, а Еѓупката по село пита.
Жена и свиња од село не зимај.
За село шчо се гљат, не требит калауз.
И в село без кучиња с тојага се оди.
Кај што нема вода, тамо село не бидуа.
Кој излази на чело, не мисли за село.
Кој оди низ село воз село, дома не си дооди весело.
Кој оди низ село воз село, дома не си дооди весело.
На пијаница ни село не мож да му исплати.
Нашол село без кучиња.
Него в село не го пуштаат, тој од попо куќата ја барат.
Нека е село весело да си допреда фурката.
Низ село без кучиња се врвит без стап.
Од кумити село нема мира.
Од свое село мома, како вода в чаша, од чуждо село мома, како вода в стомна.
Од свое село мома, како вода в чаша, од чуждо село мома, како вода в стомна.
Пијано село — успано поле.
Поарно в село на чело отколку вов градо зад ѕидо.
Поарно в село џорбаџија, одошчо в град ќумурџија.
Пушчиш ле го низ село воз село, дома не дооди весело.
Пушчиш ле го низ село воз село, дома не дооди весело.
Само тој да знъјт и цело село.
Се по село не плаче.
Секое село свој адет.
Село без гробишта нема.
Село гори — баба се поска.
Село горит, баба се чешљат.
Село да е весело, да си допреда фурката.
Село одеднаш не плаче.
Село се пали, баба се гали.
Село фали в град живеј.
Село што се гледа калауз неќит.
Съде тој да знъјт и цело село.
Тие в село не го прибирет, а тој опитвит за куќата од попот.
Три Циганќи цало село.
Учител на село и свиња в стопанство.
Шчо ојт по село не идат дома весело.
Шчо ти требит во ѓаолското село црква?
Шчо шчитат по село, не се врашчат весело.
селово............1
Ко си ни дошол во селово, ќе поиграш и на орово.
селото............12
Ако е селото весело, и мојава фурка ќе предит.
Варди го попот, за да е мирно селото.
Вов селото не го пушчаа, а он поповата шчерка тера.
Врзи попо да е мирно селото.
Кучка за селото да го брани не лаит, ама за газо свој да си вардит.
Лошата кучка го вардит селото.
Него го неќат в селото, а он пита за поповата кашча.
Постаро е селото од попот.
Селото гори, баба се чешла.
Селото е постаро од попот.
Селото со пљунка го давит чвека.
Тргај, старче, орото да се збери селото.
селсќи............1
За селсќи говеда не збире слама.
селска............1
Селска кашча зиме без расол, а лете без матеница, не е кашча.
семе..............4
Дури не врлиш во нива семе, не никнуа, а за трње си растат несеани.
Какво семе, таква жетва.
На бел снег и црно семе се јаде.
Од варена пченица не се истерува семе.
семејството.......1
Мажот е глава на семејството, ама жената е вратот.
семето............1
Се плашит дан' му се затријат семето.
семката...........1
Како семката, и ластунката.
сенќа.............2
Виж дрвото какво е, па седни под него на сенќа.
Минало поле сенќа.
сенќата...........1
Давенико и сенќата лови.
сенети............1
Жените во полки кадифени, а мажите во сенети борчлии потпишани.
сенка.............6
Голема сенка — гладна дупка. Голема сенка — голема треска.
Голема сенка — гладна дупка. Голема сенка — голема треска.
И јъсикана е висока, ама сенка немат.
Ладна сенка — гладна дупка.
Лете кој лежи под сенка, зиме под стреа.
Тешко е да се потиш под сенка.
Следниот дел
Горе