Следниот дел
Претходниот дел
секоја............37
Во секоја манџа - мирудија.
Во секоја манџа мироѓија.
Во секоја манџа пипер не влегви.
Врзи прс, за да бараш лек, да секоја баба ќе ти баи како што знаи.
Да береше секоја пчела мед, бумбарон ќе собереше најмногу.
Да береше секоја пчела мед, ќе беше ока и пара.
Лете има на секоја лединка и лебинка.
Мајска роса секоја капка и флорин.
На секоја бољка имат лек, а на страмот ни до век.
На секоја бољка имат лек.
На секоја манџа и мирудија се праит.
На секоја манџа и црн пипер бидуат.
На секоја мъка имат крај.
Секоја болес си има и лекот.
Секоја вода шчо течит, се пијат.
Секоја Еѓупка своето решето си фалит.
Секоја коза а своја нога.
Секоја коза за својата нога ќе си висит.
Секоја коза ќе виси за својата нога.
Секоја коза си има и брада.
Секоја крава своето теле го лижит.
Секоја круша си има и опашка.
Секоја мајка поеќе ќерка си ја милуат од сина си.
Секоја мома да си седи дома.
Секоја мотика кун себе тргат.
Секоја мъка имат крај.
Секоја овошка навреме си здреит.
Секоја олџица не е за секоја уста.
Секоја олџица не е за секоја уста.
Секоја планина своја тежина.
Секоја пчела ако би брала мед, бумбарот би набрал најмногу.
Секоја пчела мед не берит.
Секоја уста не е за секоја олџица.
Секоја уста не е за секоја олџица.
Сите радости се исти, но секоја тага е различна.
Смртта е најарен лек за секоја боља.
Умирачка — куртулачка од секоја мака.
секојден..........2
Не е секојден бајрам.
Не е секојден велиден.
секоа.............14
Биди потрплив за секоа работа.
Врзи прс и тере лек, па да ти бае секоа баба като шчо знае.
Да може секоа муа мед да бере, бумбаро ќе збере највеќе.
На секоа дума амин не се вика.
Секоа болес си има лек.
Секоа козичка за своа ножичка.
Секоа козичка — своа брадичка.
Секоа колиба си има адет.
Секоа коприва не пари.
Секоа крава не дава млеко.
Секоа крушка си има и рачка.
Секоа муа мед да збираше, бумбаро каца ќе збареше.
Секоа муа мед не собира.
Секоа Циганка нејните вретена фали.
секоаш............5
Белото си е секоаш бело, а црното — црно.
Волко секоаш раѓа волчина, а не јагниња.
Мрзливио секоаш прашај го да кажит колку е саатот.
Правината си е секоаш правина.
Секоаш збирај, ама не растурај.
секогаш...........18
Ако ловџијата секогаш уловеше, не ќе се викаше ловџија.
Арамот секогаш си е арам.
Две глави секогаш мислат подобро од една.
Здравје, жиот и убо време секогаш се мили.
Мачкана секогаш на ноѕе падинат.
Многу пъти силата се радвела, ама секогаш правдата надољвела.
Мъмејнцата мојт да бидит дебела ама секогаш е куса.
На лакомјот секогаш му е малу.
Не е секогаш Велигден.
Поевтиното секогаш е поскъпо.
Поскъпото секогаш излегвит поевтино.
Последниот секогаш најблаго се смејт.
Потен ручег секогаш е поблаг.
Празната чупка секогаш тропат.
Праината секогаш си е праина.
Сега и секогаш, та никогаш.
Сирење без дупчиња, леб со дупчиња, вино без пена и раќија со пена секогаш се арни.
Црвеното јаболко секогаш е гнило.
секого............12
Богатио чоек на секого в очи му биет.
Времето е пари за секого, кој што го есапи.
Жената имат за секого пълна торба сълзи.
Зборот дури не го предумаш и преживаш арно, не зборуј го пред секого.
Кажуј праото пред секого и ич не бој се од никого.
Не сум сънце, та секого да огреам.
У секого има лутина, ама блазе на тој што ја заузда.
У секого има мисла, ама блазе си му кој си ја има чиста.
У секого има по нешто аресно и свесно.
У секого има по нешто арно и по нешто лошо.
У секого имат по троа чес.
У секого се наоѓа по една пара ум.
секое.............46
Ако од секое дрво бива сворче од мое бастун кафал.
Ако од секое дрво бива сворче, од мое куре кавал.
Ако од секое дрво свирче се правеше, од магарешкиот кур сурла ќе бидеше.
В секое село требе да имаш по еден пријател.
Во лето имат на секое трнче и лепче.
Во секое брашно имат трици.
Во секое жито има и какол.
Во секое жито имат граор.
Во секое село и град башка адет.
За секое грнче има капаче.
На секое грнче не му се прајт капак.
На секое дрво клин му не требе.
На секое зло лек му е смртта.
На секое зло смртта му е лекот.
На секое месење торба тресење.
На секое пиле месото не се јаде.
На секое рапче своето седело му е мило.
Не прај се на секое грне капак.
Од секое дрво јемиш не се берат.
Од секое дрво не бидува свирка.
Од секое дрео род не се берит.
Од секое дрео свирка не се прајт.
Секое време си носит свое бреме.
Секое грне си сака својата поклупка.
Секое жито има кркол.
Секое зафашчање е тешко.
Секое зло за добро.
Секое зло на добро.
Секое куче пред портата си лае.
Секое леб месење и торба тресење.
Секое летенце и детенце.
Секое магаре својот твар си го носит.
Секое месење торба тресење.
Секое нешто си има и времето.
Секое нешто си имат две лица.
Секое нешто си сака своето.
Секое нешчо си има свое место.
Секое нешчо си тера редо.
Секое петле на своето буниште си пее.
Секое пиле вов своето јато лита.
Секое пиле си има седело.
Секое пиленце си седи на своето седелце.
Секое село свој адет.
Секое срце е од месо, а не од железо.
Секое чудо до три дни се чудит.
Секое чудо за три дни.
Следниот дел
Горе