Следниот дел
Претходниот дел
светец............11
Добрио владика за светец сам не се слага.
Каков светец, таков венец.
Каков светец, таков и тропар.
Лошио чоек и светец да бидит, пак ќе згрешит.
На лице светец, на срце вълк.
На Турчин и на светец не се фешчат.
Прав како светец.
Пред тебе светец, зад тебе ѓаол.
Пред тебе ти се препраат светец, а зад тебе ѓаол ет.
Прекален светец ни на бога не му е мил.
Светец да бидиш, пак треба да работиш и Бога да молиш.
светецо...........1
Според светецо и тропаре.
светецот..........2
Спроти светецот и клепалото
Спроти светецот, и свеќата.
свети.............5
Бог дал, свети Илија зел.
Жена работница ноќе је свети куќата.
Ја ум на улаите ја на Свети Наум.
Не е злато се што свети.
Одошто ет лош мој Никола, ми омрзна и свети Никола.
светиѓорска.......2
Светиѓорска кајгана не се јајт.
Светиѓорска кајгана скъпа е.
светија...........1
Бог да те чува од преправен светија.
светијте..........1
Светијте зер рогои имаат, ами и тие беа луѓе како нас.
светиите..........1
Чуден е Господ во светиите.
светит............7
Арапот кога нашол појќе масло, го намачкал и гъзот да му светит.
Еѓуптинот кога нашол појќе мас, го намачкал и гъзот да му светит.
Ко нашол Еѓуптинот појќе мас, го намачкал гъзот да му светит.
На жена работница је светит куќата.
Плугот колку појќе орат, толку појќе светит.
Праината појќе светит и од сънцено.
Светит не грејт.
светица...........1
Млада курва, стара светица.
светиш............1
Ега те главна р'гне та да светиш като камион.
светкавица........1
Грмавица без светкавица не бива.
светлата..........1
Му ја запали светлата.
светлината........2
Да немаше темница не ќе ни беше мила светлината.
Да немаше темница, не ќе ни беше мила светлината.
светнат...........1
Кога ќе ти врзам една трешница, обете очи ќе ти светнат.
свето.............5
За свето кој плачи, без очи ќе си останит.
На свето не се погажџа.
На свето устите не можиш да му ги затниш да не зборуаат за тебе лошо или арно.
Ни прави свето мостове да и газиш, ни биди мос да те газат.
Од ловџија и од загар поулав нема на свето.
светов............9
На младите светов останвит.
Парата вртит по светов, а праината по небо.
Парата го вртит светов, а праината небоно.
Светов е колце — се вртит.
Светов е скала: едни се качвет, други слегвет.
Светов ет аџаип.
Светов ет за чудење.
Светов за лошите е рај, а за арните — мъка без крај.
Светов на младите останува.
светот............6
Да не не носат светот од пазар на пазар.
Дури те честат светот, чести се и ти.
Имај си жена будала, ако сакаш по светот да те продаа.
Отвори си очите четири, оти светот ќе ти ги отворат со влакно.
Светот неќат приказни, ами сакаат пари.
Што знаи Господ, нека знаи и светот.
светотелица.......1
Кауѓерица — светотелица: во црква отишла, дете си родила.
светото...........1
Поклони му се на злото како на светото.
светрум...........1
Му помина светрум болеста.
светските.........1
Гледај се себе каков си, да после да гледаш светските кусури.
светци............3
Бог да не чуа од препраени светци.
Лицем светци, срцем вълци.
Светци јади, ѓаоли сери.
светците..........3
И светците грешеле , ама се посветиле.
И светците згрешиле, ама пак се осветиле, откоа се покајале.
Христос ќе дојдит со ангелите и со светците за да судит живите и умрените.
свештеници........1
Сложни свештеници и во петок мрсат.
свешча............4
Бела - дење свешча не се палит.
Запали му и на ѓаолот свешча, за помалку пакост да ти прајт.
На слеп свешча не се дат.
Продат рог за свешча.
сви...............2
Не се сви вода в речина.
Сви си ја опашката!
свиња.............19
Господ да те бранит од пијана жена и од бесна свиња.
Господ да те чуа од дива свиња в планина и од лоша дружина.
Жена и свиња од село не зимај.
Жена пијана ет како улаа свиња.
Знъјт свиња шчо е диња.
Ѕвонец на свиња не се бесит.
Лут како дива свиња.
Му прилега како ѕвонец на свиња.
На нова свиња, ново копанче.
На свиња ако сакаш и муцката пресечи му ја, пак таа ќе ринка во гнасотата.
На свиња бисер не нижи.
Не знаи свиња како се јади диња.
Од свиња мев не бидуат.
Разбират колку свиња од диња.
Рие ничкум како свиња во тиња.
Свиња милуа тиња.
Свињата си е свиња, затоа не знаи како се јади диња.
Се валка како свиња во калта.
Учител на село и свиња в стопанство.
свињата...........6
На разградена градина пълјак е свињата.
Пијанио се валка како свињата во калта.
Свињата ката месец се прасит.
Свињата си е свиња, затоа не знаи како се јади диња.
Свињата си копа за глаата.
Се закълнала свињата да не ријат лајна.
свињето...........1
Најубавата јабака свињето а јадат.
свињи.............5
Арните круши свињи ги јадет.
Здрелите круши диви свињи ги јадет.
Измешај се со трици, ќе те изејет свињи.
Кој се измешат со трици, свињи ќе го изејет.
Од свињи бачило не се прајт.
Следниот дел
Горе