Следниот дел
Претходниот дел
сама..............22
Ако ти е жената многу лична, не пуштај а сама на свадба.
Арна стока сама се познава.
Арната стока сама се продава.
Арната стока сама се продат.
Добрата работа сама се пофалуа.
Добре дошла, неољо, ако си сама дошла.
Здрелата круша сама падинат.
Змијата сама си је јајт опашката.
Кога ќе је дојт за носење, кокошката сама ќе си најт седело.
Лична жена не се пушчат сама на свадба.
Сама паднала — сама станала.
Сама паднала — сама станала.
Сама рака — газорака.
Сермијата сама го учи човека.
Сила без ум сама се упропаствит.
Сиромаштијата ако сама дојди, нека добре дојди.
Стоката арна сама зборуа и се продаа.
Убаа момичка сама се мъжит.
Убата стока сама се продат.
Црвосаната круша сама падинат.
Шуплива јаболка сама падина од гранката.
Шуплосаната круша сама падинат.
самар.............6
Зобниче магарешко, а самар коњски.
Каков самар, таков товар.
Ко имат самар, зош' да вјат наголо.
Самар којнски, зобница магарешка.
Самар магарешки, зобница којнска.
Самар не видел, нога примаал.
самарџија.........1
Ако ги слушаше господ магарињана, ниеден самарџија не ќе останеше жив.
самаре............5
Арен грб не се плаши од самаре.
Дај му на магарето зоб, да ти носи самаре.
Имаш ле грб, самаре триста.
На арен грб, самаре триста.
Не може по магарето, та по самаре.
самари............2
Дељми си магаре, самари ќе се нает.
Дури имат магариња, ќе имат и самари.
самаро............3
Би го самаро да се сети магарето.
Не можит магарето, го бие самаро.
Продал коњо, купил самаро.
самарот...........7
Го поканиле магарето на свадба, ама му рекле и самарот да си го зејт.
Не куца магарето од самарот.
Не мојт по магарето, удират по самарот.
Спроти плешчите и самарот.
Спроти самарот и зобницата.
Удри по самарот да је текнит на кобилата.
Удри по самарот да му текнит на магарето.
самарче...........1
Зобница којнска, самарче магарешко.
самарчето.........2
Ќе и го потполни самарчето.
Порасти магарчето, му се скуси самарчето.
сами..............6
Врапците буот го бркаат, ама сами в уста му влегуаат.
Еѓупците и пари да имаат, пак чес немаат, оти сами не се честат.
Очите сешчо гљавет, сами себеси не может да се видет.
Улавите рогове немаа, сами си и кажуваа.
Шупливите јаболка сами си паѓаат од гранка.
Шупливите јаболки сами си паѓаат од гранка.
самиот............1
Те сака тебе ама повеќе се сака самиот.
самите............2
Очите гледаат све, но не се гледаат самите.
Самите пијаници знаат оти од ѓаолот сет зауздани.
само..............73
Ако палтото е мусо, само да не е кусо.
Арен бијол, само рогојте му се кусо.
Барај го доброто и најди го, оти не ти иди само.
Без питање само магаре одговара.
Брат само мајка рожџат.
В'ко куга краде, не гледа ни бела ни црна, само да е подебела.
Викај ме грне, само не крши ме.
Водата се мијат, само јъзикот не го мијат.
Водата се мијат, само црнјот образ не мојт да го измијат.
Водата се може да измие, само лошио јазик не може.
Водата се носит, само страмотата не ја однесвит.
Грбата само в гроб се исправјат.
Ѓаолот ни орат, ни копат, само гљат пакост да ти напрајт.
Ѓаолот ни орат, ни копат, само и учи луѓето да се неќат.
Ѓаолот нишчо не работат, само љуѓе скарвит.
Ѓаолот се сакал да бидит, само чирак и војник не.
Едно зло никогаш не доаѓа само.
Жената не го кажвит само то шчо не го знъјт, а од то шчо знъјт само годињето.
Жената не го кажвит само то шчо не го знъјт, а од то шчо знъјт само годињето.
За сешчо имат биљка, само ако ја знъјш.
За умрелие само арно.
И од пиле млеко се наожџат, само чвек да барат.
Кој види в'вко и вике и не, ама кој само чуе, одере се викајќи.
Куга му дојде време, петлето само си пропое.
Лошото куче ни само је јајт коската, ни на друго је дат.
Лошото ни ора ни копа само греди.
Лошото само си дооди.
Мајсторе, ти дам месо и коски, а ти барам само коски.
На брзина само в але се ојт.
На високо дрео само чавки стоет.
На умните работите само брадите им ги знъјет.
Не викај го лошото, само ќе ти дојт.
Не гљај само пред себе, туку и зад себе.
Не јаде само тове шчо оре.
Не пите за улаво, само ќе ти дојде.
Не само за в гъз, туку и за над гъз.
Новото сито само сејт.
Од празна пушка двајца се плашет, а од пълна само еден.
Пари ко лајна, само немат кој да ги јајт.
Поминал низ меана и ич не се напил ракија, само ја мириснал.
Пушти аро на вода, само оди по него.
Рекана не влечкат само вода, туку и камења.
Сам чвек само в але го личит.
Сам чвек само за в але.
Само арап не белејт.
Само господ е чорбаџија.
Само Господ знаит што праит.
Само Господ ќе ги суди прао луѓето.
Само кожа и коски се сторил.
Само месо дома дошло.
Само на ќосето мустаќи не му растет.
Само од пиле млеко шчо немат.
Само ока брашно да имаш, дај му го на мајсторот да го месит.
Само сос гулеми камења ѕид не се ѕида.
Само срце ке шчо жаљат, око плачит.
Само стори се овца, вълците се готој.
Само татко и мајка не се купвет.
Само тој да знъјт и цело село.
Само црн образ со нишчо не белејт.
Се бидуат, само на ќос брада не никнуат.
Се ќе бидит, само на ќосето мустаќи не ќе му порастет.
Се ќе бидит, само нас ќе не немат.
Се можиш да купиш со пари, само здравје не можиш.
Се стори шчо се стори, само цвеќето наше се исуши.
Се што е мало е мило, само мала риба не е мила.
Секаде четиристо драмој оката, само во Елбасан петсто драмој.
Секој само ум ти продат, а никој не ти помогвит.
Скопвит прасиња, само да му викет мајсторе.
Снего не пада само да побелее земјата, туку и секој ѕвер да си покаже дирата.
Со брзање само в але се ојт.
Турчин е само за да расипит.
Убавото само се фали.
Убаина не се јади, само со очи се гледа.
Следниот дел
Горе