Следниот дел
Претходниот дел
сакат-неќит.......2
Змијата кога се влечит се се кривит, ама кога ќе приближи до дупката, сакат-неќит ќе се испраит.
Се ватил на орото, сакат-неќит, ќе го играт.
сакаш.............38
Ако не можеш да направиш како сакаш, направи како можеш.
Ако не мојш да напрајш како сакаш, напрај како мојш.
Ако сакаш голема лажица земи и голема мотика.
Ако сакаш да го отепаат некој пес, речи оти е од бес.
Ако сакаш да жнијаш, требит прво да посејш.
Ако сакаш некого да го збудалиш, пофали го.
Ако сакаш некого да го познајш, напрај го големец.
Ако сакаш некого да го познајш, требит едно врешче сољ да изејш со него.
Ако си ми татко, не си ми Господ, да што сакаш да ми се качиш како петел на врато?
Бабата не ја гледа кофата, сакаш да види иглата.
Биди му на ѓаолот другар, ако сакаш да те турни в бунар.
Вати ја копривата, да ако сакаш да ти ја изџарка раката.
Вати ја работата од порано, да ако сакаш да ја свршиш побрго.
Вати пријател поп, да ако сакаш да му го раниш коњо со зоб.
Дај му на жена узда, ако сакаш да ти запусти куќата.
Даруј на Еѓупка леб, ако сакаш да те вати некој грев.
Зборои треба да арџиш кога сакаш нешто да продаиш.
Имај си жена будала, ако сакаш по светот да те продаа.
Имај си жена расипница, ако сакаш да ти се запусти куќата.
Имај си кротко срце, ако сакаш да живеиш поеќе годиње.
Камо бради та за чешли колку сакаш.
Клај го волко да ти ги пасит овците, ако сакаш да ти ги издави сите.
Летај ако сакаш по облаци, и пак не можиш да се вкачиш на небеси.
Мрмори ако сакаш везден, нема кој да те слуша.
На свиња ако сакаш и муцката пресечи му ја, пак таа ќе ринка во гнасотата.
Однеси го магарето каде сакаш, тоа пак ке се врати како магаре.
Опитај кого сакаш, ама од умот твој не дели се.
Поарно да даваш одошто да сакаш.
Прашај Евреин, ако сакаш да те излажт и атот да си го загубиш.
Сакаш ли човека да го видиш каков е дај му власт.
Сакаш, мачко, риба?
Сакаш, слепче, очи?
Свири му ако сакаш со дреноа шупелка, коа не те разбира.
Сина жени кога сакаш, ќерка мъжи кога мојш.
Удри си ја глаата, ако сакаш од најголемио камен, и пак фајде немаш.
Умри, да ако сакаш да те жалам; оти дури си жив, ќе те карам.
Чорба имаш? — Чорбалаци колку да сакаш!
Шчо сакаш, то ти се слушат.
сакаш-неќиш.......1
Рипни од високо, сакаш-неќиш, нозете ќе си ги скршиш.
сакаше............1
Јади, Маро, сирење зашчо овчар сакаше.
саке..............1
Кој саке да не месе, ден везден брашно сее.
сакет.............3
И малата и големата неста сакет сватој.
Јаки очи сакет, појаки не давет.
Момчето се женит кога сакат, момичето се мъжит ко ќе го сакет.
сакмата...........1
Од кај ќе повеит ветрот, отаде надај сакмата.
сакое.............1
Сакое грне си има и капак.
сал...............1
Сал си седа и се чуда зашчо ми са деца боси.
салија............1
Алија на мевот, Салија капа му крое.
салтанат..........1
У Бугарин инат, у Грк салтанат, а у Френг марифет.
сам...............117
Ако би знаел куга ќе умра, гробо сам ќе си ископам.
Ако да знаев кога ќе умрев, сам гробот ќе си го ископав.
Ако мислиш зло на друг, и сам го чекај.
Ако не си а врши волкот сам работата - не бидува дебел во вратот.
Ако сам рекол, не сам отсекол.
Ако сам рекол, не сам отсекол.
Ако сам селјак, не сам акмак.
Ако сам селјак, не сам акмак.
Ако сам црн, не сам Циганин.
Ако сам црн, не сам Циганин.
Ако се налути сам, сам ќе се одлути.
Ако се налути сам, сам ќе се одлути.
Ако ум нема сам, не тежи ниту грам.
Ако чвек сам не се пострамотит, никој не мојт да го пострамотит.
Арс'з човек сам се окажува.
В'ко не чека да го викаа — сам си дооди.
Виж се сам, па наоди маана на другите.
Волкот ако не си ја врши работата сам тешко нему.
Волкот сам си вршит работата, па зато му је дебел вратот.
Гоопод велит: поможи си сам, да и јас да ти поможам.
Господ да ме бранит од будали пријатели, а од душманите ќе се бранам сам.
Господ да ме вардит од пријателите, а од душманите сам ќе се вардам.
Господ да те чуа од лоши пријатели, да за од душмани сам ќе се чуаш.
Да знъјт чвек кога ќе умрит, сам ќе си го ископат гробот.
Да има црна овца касмет, та и јас да сам касметлија.
Да сам ошче еднаш невеста, знам ка да се кланам.
Добрио владика за светец сам не се слага.
Дури чвек сам не се пострамотит, никој не мојт да го пострамотит.
Еѓуптинот не умира за јадење, оти ако не му донесит Еѓупката, тој сам ќе си пропитат.
За на свадба чекај да те канат двапати, а за на умрен сам појди.
Занает никој не ти продат, ако не го зејш сам.
Зборуат, ама и тој сам не знаит што зборуат.
Зборуј си ако немаш работа, сам си зборуаш, сам си слушаш.
Зборуј си ако немаш работа, сам си зборуаш, сам си слушаш.
Знам оти не сам царова шчерка.
Ископал гроб за други, сам паднал во него.
Јас сам последната дупка на свиралото.
Кој копа гроб на друг, сам в него влазина.
Кој копа дупка на друг сам ќе падне во неа.
Кој многу дат, сам ќе питат.
Кој на кого му копа, сам во дупката падва.
Кој оре, сам не јаде.
Кој сакат други да го честет, требит прво сам да се честит.
Кој се љутит, сам ќе се собујат.
Кој си ја има муата, сам се окажува.
Којшто копа гроб другему, сам паѓа во него.
Којшто сам паѓат, не требит да плачит.
Којшто сам паѓат, не требит друг да го туркат.
Коњо сам ет арамија.
Лажот и сам себе не се веруат, камоли другога.
Лажот и сам себе се лажит.
Лутио чоек сам себе се јадит.
На в'ко му е дебел врато, оти сам си свршува работата.
На лош син стока не му треба да му остааш, оти ќе ја изеит; и на арен не му требат, оти сам ќе си сп
Не викај го ѓаволот, сам ќе си дојде.
Не копај гроб другему, зашчо сам ќе падниш во него.
Не копе гроб на брат ти, оти сам ќе влезеш в него.
Не ме жали куга умра, жали ме додека сам жив.
Не ме пите ка сам, туку ка ќе да сам.
Не ме пите ка сам, туку ка ќе да сам.
Не пите ка сам, туку ка да сам.
Не пите ка сам, туку ка да сам.
Не сам бил бога с камење.
Не сам ве собрал да ве гоа, туку ребра да ви броа.
Не сам видел арно од очите, та од клепќите ле?
Не сам за двадни пораснал.
Не сам с'нце да огреа насекаде.
Не се фали сам, чеке друг да те пофали.
Не си вади очите сам.
Оди сам да не те е срам.
Ошче еднаш да сам невеста, знам ка да се кланам.
П'ти просјак да сам, ама леб и пари да си имам.
Петело најде зрно, вика кокошките ѓоа да ги нарани и сам си го изеде.
Петело најде ле зрно, викне кокошќите, а па сам го изеде.
Пијаниот неќи туркање, оти сам си паѓа во калта.
Поарно ет друг да те валит ошто сам.
Поможи си сам и господ да ти поможит.
Продај си го песот, лај сам.
Пушти го петело в куќи, да за на полица сам ќе се качит.
Р'жен леб да јада, ама да сам здрав.
Разбое сам не ткае.
Сам Господ се чуди кога гледа поп да лажи и да кради.
Сам кој паѓа, не плачит.
Сам кој се издига, господ го снужува.
Сам себе си се јајт ко месечина.
Сам си ги носам годињето.
Сам си дроби, сам си срка.
Сам си дроби, сам си срка.
Сам си дробил, (и) сам ќе си сркаш.
Сам си дробил, (и) сам ќе си сркаш.
Сам си е кадија на ќисето.
Сам си свири, (и) сам ќе си играш.
Сам си свири, (и) сам ќе си играш.
Сам си свири, сам си игра.
Сам си свири, сам си игра.
Сам си свири, сам си играт: кој го гледа, му се чуди.
Сам си свири, сам си играт: кој го гледа, му се чуди.
Сам Христос работеше, да ние да не работиме?
Сам чвек за нигде не е.
Сам чвек само в але го личит.
Сам чвек само за в але.
Сам чвек, пресечено дрео.
Сам човак е като пресечено дрво.
Сам човек за никаде не е.
Сам човек и в рајо го не пушчаа.
Сам чоек и во рај не го прилега.
Се човек сам шчо си направи, друг не мож да му направи.
Секој сам се бендисал.
Серт човек сам се докундисува.
Старие човек не го буте, он сам ќе си падне.
Туѓина вали — сам не оди.
Човек шчо сам ќе си направи друт не мож да му направи.
Чоекот ако сам не се бендисаше, сам себе ќе се убиеше.
Чоекот ако сам не се бендисаше, сам себе ќе се убиеше.
Чужџина другему фали (ја), а сам (ти) не оди.
Чужџина фали, сам не оди.
Шчо можит чвек сам да си сторит, никој не мојт да му сторит.
Следниот дел
Горе