Следниот дел

Претходниот дел

 раѓала............1
Земјата од век раѓала бериќет и довек ќе раѓа.
 раѓаме............1
Голи се раѓаме, облечени се испраќаме.
 раѓат.............2
Брза кучка слепи кучиња раѓат.
Шипје и глоѓе не раѓат грозје.
 раѓачка...........1
У кого има раѓачка, ќе имат и умирачка.
 раќија............4
Ако носиш од једна страна раќија, од другата носиш ќотек.
Малечко зрно е леблебија, ама го јадат по раќија.
Од вино и раќија нема прокопција.
Сирење без дупчиња, леб со дупчиња, вино без пена и раќија со пена секогаш се арни.
 раќијата..........3
Виното и раќијата немет нозе, ама по нозе мавет.
Виното и раќијата немет ръце, ама за очи фашчет.
Раќијата во глата не стојт мадро ко в шише.
 рај...............25
Ако ме неќат стреде во рај, нека ме сакаат на крај.
Веков за лошите е рај, а за арните мъки без крај.
Да сум в рај, макар и на крај.
Дај Боже, да сме сите во рај, да ако сме на крај.
Дреото од рај излегло.
Жената - рај, жената - пекол.
Жената е рај за мажот ко ќе је арна.
Жената — рај, жената — пекол.
Кој имат арна жена, не му требит рај.
Кој траит, рај ќе наит.
Која душа не сакат да ојт в рај.
Лете рај, зима вечна.
Нека сум во рај, да ако сум накрај.
Ништо не се купуа без пари отколку рај Божи.
Пакос којшто праит, не мислит да влези во рај.
Рај би бил на земјава, ако живееја луѓето по заповедта Божја.
Сам чоек и во рај не го прилега.
Светов за лошите е рај, а за арните — мъка без крај.
Сиромајот и во рај ќе седи подолу од богатиот.
Со пари в рај, без пари ни на крај.
Со сила в рај не се влегвит.
Со сила ни в рај, ни в пекол не се влегвит.
Со ум и разум пари добиваш, а со права вера во рај влегуаш.
Стапот од рај излегол.
Трај, душо, за да најдиш рај.
 рајата............1
Водата спијат, рајата не спијат.
 рајка.............1
За Рајка немат капа.
 рајко.............1
Свири Рајко, играј Трајко.
 рајо..............2
Плаќај рајо вергија, нешто и за Шефкија.
Сам човек и в рајо го не пушчаа.
 рајот.............1
Овде е и рајот и пеколот.
 рајските..........1
Рајските порти сет отворени за тие луѓе што сет вистински рисјани.
 раат..............2
Без мака нема раат.
Раат вади — зло тегли.
 раахмет...........1
Без заахмет — нама раахмет.
 раб...............1
На шарена змија црн раб.
 рабоќе............2
Кој зафашчат многу рабоќе ниедна не битисвит.
Малу зборој, многу рабоќе.
 рабоке............1
Арните рабоке по кротко се прает.
 работа............73
Ако имаш ногу пари, фати се ќефил, а ако немаш работа, оди за сведок.
Арната работа се забат.
Барај работа, оти ако не работиш, ќе бидиш за страмота.
Без мера работа — брза умора.
Без работа леб немат.
Без работа, без леб; без работа, без чест.
Без работа, без леб; без работа, без чест.
Бела работа, не се учи човек да е.
Белите ръце чужџа работа барет.
Биди потрплив за секоа работа.
Брзата работа брзо се расипвит.
В кревет работа не свршуваш.
Гулаби рани, работа губи.
Денешната работа не остај ја за утре.
Дните в торба не влегоа, да што се стегаш за работа.
Добрата работа сама се пофалуа.
Добрата работа чоека обогатуа.
Ѓаволо ни оре ни копа, ни работа си има.
Ѓаволо си немал работа па си ебе децата.
Една пара работа му свршил, а сто гроша штета му сторил.
Едниот викат, другиот не слушат. (Лошо извршена работа).
Едно око домакинско свршвит појќе работа, отколку два ръце измеќарски.
Жени мрзливи седат без работа, ако децата му одат без кошула.
За најадок у сиромао — за работа у богатие.
За работа и фети рутишча не кажви ми.
Зборуј си ако немаш работа, сам си зборуаш, сам си слушаш.
И магаре не умира, ама и шарко си работа нема.
Итра Митра за комат, за работа никој пат.
Кауѓер стори се, од работа мачна откини се.
Кога ќе зафатиш една работа, требит да је битисаш.
Кога нема ѓаолот работа, си ги ебе децата.
Кога нема ѓаолот работа, си ги тепа децата.
Кој арно зафашчат, полојна работа битисвит.
Кој бркат чужџа работа, својата ќе је остајт.
Кој видел ајр од работа!
Кој сакат да работат, не останвит без работа.
Која работа се остат за после, никогаш не се битисвит.
Којшто работи и молчи, поеќе работа ќе свршит.
Мала работа, голема срамота.
Мъжот велит: Дај, боже, работа, а жената велит: Дај, мъжу, пари.
На ајнаџија кажи му работа, та ак'л да ти даде.
На прост чвек речи му честита работа, ќе те натерат да му поможиш во работата.
Натерај го мрзливјот на работа, да те научит на ум.
Не е срамота од работа.
Не потискај го носот ке не ти е работа.
Немал дедо работа, што си купил маторица.
Немал си ѓаоло работа, та си тепат децата.
Немала баба работа, та си купила прасуле.
Немат оџа работа, си је виткат чалмата.
Ни работа, но събота.
Од работа грба растит.
Од сто — ни една за в работа.
Пуста работа, што ќе чекаш од пијаница.
Р'ж да работа — пченица да јада.
Работа и фети рутишча никогаш не се сосвет.
Работа красота.
Работа непремислена ќе излези тиква или лубеница.
Работа што ќе ватиш, крајот да и го мислиш.
Се си е под работа, нишчо не свршава.
Се смејт денот на ноќната работа.
Секој ојт на пазар со својата работа.
Си немал ѓаолот работа си го мерел во песокот.
Силната работа сиромаштија потеруа.
Со два прста многу работа се завршува; со јазик уште поише.
Со остен да го тераш на работа
Со работа - со леб, со работа - со чест.
Со работа - со леб, со работа - со чест.
Со работа времето поборгу врвит.
Срамота, срамота, ама арна работа.
Старите што работа да сработат, младите непара ја бендисуаат.
Убата работа веднош не се прајт.
Убата работа пополека се прајт.
Џабе работа без касмет.

Следниот дел

Горе