Следниот дел

Претходниот дел

 работај...........6
Бадјала работај, бадјала не седи.
За бадјала работај, забадјала не седи.
Малу зборви, многу работај.
Празен работај, празен не седи.
Работај да јајш, кри да имаш.
Работај на младост, кри за старост.
 работале..........1
Гологлај работале, бунџоглај ќердосале.
 работат...........17
Ѓаолот нишчо не работат, само љуѓе скарвит.
Едни неќаат да работат, ами сакаат да се обогатат.
Јајт ко мечка, а работат ко мравка.
Јајт ко мравка, а работат ко мечка.
Кој како работат, така е и платен.
Кој не работат дома, ќе работат по чужџи куќи.
Кој не работат дома, ќе работат по чужџи куќи.
Кој не работат на свое, ќе работат на чужџо.
Кој не работат на свое, ќе работат на чужџо.
Кој сакат да работат, не останвит без работа.
Лесно е да се зборвит, ама тешко е да се работат.
Лете работат и мравките.
Раце што работат никокогаш не просат.
Секој си работат по ќејфот свој.
Секој шчо работат за другего работат.
Секој шчо работат за другего работат.
Чвек шчо работат вредит колку за десет шчо зборвет.
 работата..........54
Ако беше арна работата, и владикана ќе работаше.
Ако ми е весел комшијата, побрго ќе си ја свршам работата.
Ако му згазиш на чоека на стапалката, не гази му на работата.
Ако не артирисаш од работата, артирисај од устата.
Ако не си а врши волкот сам работата - не бидува дебел во вратот.
Ако си ортак во работата, не си ортак во верата.
Бадијала да работиш, откоа не те брка работата, нема што да спечалиш.
Барај късмед во работата, а не во надежта.
Вати ја работата од порано, да ако сакаш да ја свршиш побрго.
Волкот ако не си ја врши работата сам тешко нему.
Волкот сам си вршит работата, па зато му је дебел вратот.
Гази ми на стапалката, ама не гази ми на работата.
Гледај си работата, а не гледај кај што течит реката.
Гледе му дузене, та му цени работата.
Да е арна работата и владиката ќе работи.
Да е арна работата, и владиката ќе оре.
За мал подарок си ја загубил работата.
Занаетчијата работата го фалит.
Играчките за децата, а за мажите работата.
Ја врзавме работата со бубаќерен конец.
Ја донесе работата варангуца.
Ја од устата, ја од работата.
Ја тиква ја лубеница ќе му излезит работата.
Како ќе ја бркаш работата, така ќе ти ојт.
Кој малчит, си ја знъјт работата.
Кој оди по ѓаола, ќе му ја работи работата негоа.
Късмедот барај го во работата, а не во надежта.
Ќе ја работи работата како вол за сламата.
Мрза туку нема у чоека, мила му е работата.
На в'ко му е дебел врато, оти сам си свршува работата.
На маж и на жена не им се брке в работата.
На прост чвек речи му честита работа, ќе те натерат да му поможиш во работата.
На човеко прво му виж дузене, после му цени работата.
Не брзај со јъзикот, ами со работата.
Непара милуј ја чашата, оти ќе си ја остаиш работата.
Плата спроти работата.
Поеќе милуј а работата одошто празнотата.
Работата ако беше арна, и владикана ќе работаше.
Работата го краси човека.
Работата го краси човекот, а мразата го гнаси.
Работата го краси чоека, а мрзата го гнаси.
Работата го фалит мајсторот.
Работата да се страшит од тебе, не ти од неа.
Работата е бел образ.
Работата е од Бога блаосоена.
Работата е од Госпо дадена.
Работата и редот го држет веков.
Работата краси — мрзата гнаси.
Работата никогаш не битисвит.
Работата никого не го пострамотила.
Стегни од работата, покри ја страмотата.
Ти дуј, јас чукај и ете се стори работата.
Чвека ќе го познајш по работата.
Чвекот се познат по работата.
 работаше..........2
Ако беше арна работата, и владикана ќе работаше.
Работата ако беше арна, и владикана ќе работаше.
 работење..........1
Ламја си за јадење, а за работење мрава.
 работеле..........1
Мазнопътци работеле, бунџоглај јале.
 работен...........1
При касметлија работен колку пари чини.
 работет...........1
Устата е да зборвит, а ръцете се да работет.
 работеше..........1
Сам Христос работеше, да ние да не работиме?
 работи............29
Арно јади, ама и арно работи.
Бадијала работи, бадијала не седи.
Без мера којшто работи, брго ќе ее умори.
Вера да веруаш, ама и добри работи да праиш.
Да е арна работата и владиката ќе работи.
Да се не веруаш и на брата ти, та да му кажиш некој скришим работи.
Ден работи, ден седи, не треба чоек да праи.
Еден работи — ногу јадат.
За да има чоек многу пари, треба ноќе-дење да работи.
Залудо работи, залудо не седи.
Зиме, лете треби да се работи, оти сака да се јади.
Кога работи ѓсолот што ќе прави Господ.
Кој не работи, тове не греши.
Кој оди по ѓаола, ќе му ја работи работата негоа.
Кој си работи, бог не му брани.
Кој си работи, тове си и има.
Којшто има пари, што сака со нив работи.
Којшто неќи да работи, тој си бара муабети.
Којшто работи и молчи, поеќе работа ќе свршит.
Којшто работи чесно, ќе живеит полесно.
Ќе ја работи работата како вол за сламата.
Малку јади, поеќе работи.
Малку починувај се, работи поеќе.
Многу работи кој заваќат, не ги довршуат.
Не лажи, не кради, ами работи, и Господ ќе ти наврти.
Ногата дури те риза, печали и работи.
Отколку што моиш работи, и моли се на Бога да ти ја блаосоит.
Работи и живеј со правина, за Господ и чоек да те милуаат.
Работи како за сто години да живеиш, а мисли како за утре оти ќе умриш.

Следниот дел

Горе