Следниот дел

Претходниот дел

 безводни..........1
Малите реки поеќе се вредни од многуто облаци безводни.
 безгрешните.......1
Восоко го собираат безгрешните пчели, затоа се гори пред чесните икони.
 безгрешно.........1
Детето дури е мало, е безгрешно.
 безработата.......1
Страмотата седит во безработата.
 безризична........1
Штодека е лична некоја невеста кога е безризична.
 безумна...........1
Жена лична и безумна домаќинска куќа запустуа.
 безумнио..........1
Камењето и песокта сет тешки, ама збороите лоши од безумнио сет потешки.
 бел...............16
Блаѕе на тој шчо имат бел образ.
Господ да те бранит да си измеќар на бел коњ и на калуѓер.
Грозјето е црно, ама ќе го изедеш; снего е бел, ама ќе клекнеш
За жените и ѓаолот е бел.
Мераклија ко Еѓуптин на бел џигер.
На бел кон без седло и на мајстор калфа да не одиш.
На бел коњ сеиз и на нов мајстор калфа да не бидиш.
На бел снег и црно семе се јаде.
Не види црно куче на бел снег.
Остана бел в очите.
Работата е бел образ.
Со бел образ.
Туѓината е за сиромав бел образ.
Умирачка — бел образ.
Црн пипер на бел ориз се золит.
Чиста сметка — бел образ.
 белјот............1
Блаѕе си му на белјот образ.
 бела..............22
Баг да те чува од зла срешча и од туна бела изненадна.
Бела - дење свешча не се палит.
Бела книга, црно писмо.
Бела Неда на кур гледа и се познава.
Бела пара за црн ден.
Бела работа, не се учи човек да е.
Бела сос пари, ошче побела без пари.
Брадата арно ја има бела, туку глаата ја има зелена.
В'ко куга краде, не гледа ни бела ни црна, само да е подебела.
Ветар го вејт на бела кобила.
Криво рало — бела пченица.
Мирната вода повеќе бела прави.
На бела мома бело и не требе.
На млада свекрва и на бела кобила сеизин да не си.
Од млада свекрва и од бела кобила господ да те чува.
У квача црни ръце, ама бела погача.
У ораче црни раце, ама бела погача.
Убава жена — бела и кашча.
Црна нива — бела пченица, раница.
Црна пот — бела погача.
Црни ръце, бела погача.
Чувај бела пара за чрн ден.
 белата............1
Белата нема ни нозе ни раце, а па свршува.
 белачка...........1
Без белачка нема живјачка.
 белејт............3
Еѓупка не белејт.
Само арап не белејт.
Само црн образ со нишчо не белејт.
 белее.............1
Кожа в'к не плаши. Кожето белее, бабата лудува.
 белезан...........2
Лошјот и од бога е белезан.
Од белезан чвек господ да те бранит.
 белезано..........2
Бегај далеку од белезано нешчо.
Од белезано нешчо, бегај далеку.
 бели..............10
Баба шимија носи за да скрие бели коси.
Бели пари за црн век.
Бели пари за црни дни.
Една беља не е беља, сто бели се беља.
Едната ръка је мијат другата, за да се и двете бели.
Црна земја — бели погачи.
Црна кокошка бели јајца носит.
Црната земја бели погачи рожџат.
Црни дни имат, ама и бели имат.
Црни пари за бели денове.
 белило............1
Маж е и белило и црнило на жената.
 белите............1
Белите ръце чужџа работа барет.
 белича............1
Не атириса од белича за да му даиме на куша.
 бело..............19
Ако на Божич нема бело, ќе нема на Ѓурѓовден зелено.
Ако нема на Божиќ бело, ќе нема на Гурѓевден зелено.
Бежаноа бело носи, а Стојанова црно.
Бело е момето како од котело газеро.
Бело ми е лицево, ама црно ми е срцево.
Бело му е лицено, ама црно му е срцено.
Бело му е лицето, а црно му е срцето.
Бело преде — црно носи.
Белото си е секоаш бело, а црното — црно.
И бијолицана бело млеко дат
И црната крава бело млеко дат.
Ластојце, грамотнице, на ти сино и зелено, дај ми бело и црвено.
Лете зелено — зиме бело.
Мажот Бело Море и Црно ќе обидит за жената да ја преранит.
Мошне е мило бело видело.
На бела мома бело и не требе.
Не гледе црно, бело — гледе да е подебело.
Црна бијолица бело млеко дат.
Црното бело не бидуат.
 белото............4
Белото видело е најмило.
Белото не праи го црно кога те ваќа инато.
Белото си е секоаш бело, а црното — црно.
Белото црно не бидуа.
 бендисал..........1
Секој сам се бендисал.
 бендисаше.........1
Чоекот ако сам не се бендисаше, сам себе ќе се убиеше.
 бендисуаат........1
Старите што работа да сработат, младите непара ја бендисуаат.
 бераат............1
Кауѓерите си седат по манастирите и ич не бераат гајле за мирјаните.
 берат.............4
Децата гајле не берат, затоа и брго растат.
Дрва што берат, непара се обогатуат.
Од секое дрво јемиш не се берат.
Таткото и мајката берат гајле за децата, затоа брго ќе остарат.
 берберин..........1
Берберин ле си, секакви бради ќе стрижеш.
 берберите.........1
Колку аир ќе видат берберите од попоите, толку аир ќе видат и арамиите од крадење.
 берберо...........1
Берберо ќе бричи и здраво и ќелао.

Следниот дел

Горе