Следниот дел

Претходниот дел

 накаде............2
Секој ја одбива водата накаде своата воденица.
Секој си тегли чергата накаде наго.
 накажуј...........1
Детето и милуј го и негде накажуј го.
 накажуа...........1
Господ когого милуа, и го накажуа.
 накажуат..........1
Кого милуат Господ, и го накажуат.
 накарали..........1
Искарали пилци, накарали опинци.
 накарува..........2
Бог дава, ама в кошара не накарува.
Господ дава, ама в кошара не накарува.
 наквалното........1
Ето ја сабјата, ето го наквалното.
 наквасвит.........1
Тивкиот дожд појќе наквасвит.
 накрај............1
Нека сум во рај, да ако сум накрај.
 накрена...........1
Ја накрена лејката.
 накрепа...........1
Врба огрја, зетва накрепа.
 накрепвит.........1
Дрео на дрео се накрепвит, а чвек на чвека.
 налепат...........1
Ако си благ като мед, и мушиците по теб ќе се налепат.
 налепи............1
Вај, бај чоек да не налепи од лоша жена на кат и од лош коњ на пат.
 налепиш...........1
Од тоа што се боиш, ќе налепиш.
 налугил...........1
Санким татка му му го отепал некој, што се налугил.
 налутен...........1
Ако е налутен, кој му е втесен.
 налути............2
Ако се налути сам, сам ќе се одлути.
Ако се налути, бестрага нека ватит.
 нам...............4
Варено, печено нам ни било речено.
Времето си врви, нам ни се куси.
Дните врват и нам ни се кусат.
Нам здравје, на Турци болест.
 нама..............1
Без заахмет — нама раахмет.
 намажал...........2
Видел манго масло, па си намажал и газо.
Нашел Циганино масло, та си намажал и газо.
 намажеш...........1
После бајрам и по газо да се намажеш к'на, нема фајда.
 намакне...........1
Кој се лути, брже ќе намакне фути.
 намамил...........2
Го намамил на гнила шчица.
Го намамил на слаб мраз.
 намачка...........1
Кога го намачка гъзот со јъглења, кога се стори квач.
 намачкај..........2
Намачкај ги колцата да не крцкет.
Намачкај ја оската да не чкртат.
 намачкал..........3
Арапот кога нашол појќе масло, го намачкал и гъзот да му светит.
Еѓуптинот кога нашол појќе мас, го намачкал и гъзот да му светит.
Ко нашол Еѓуптинот појќе мас, го намачкал гъзот да му светит.
 намен.............1
Кај оди, оди куче, се намен го толче.
 намери............1
Патот до пеколот е поплочан со добри намери.
 наместила.........1
Станала ќерката, се наместила сната.
 наместо...........5
Наместо веѓи да му тргнит, очите ќе му ги изваит.
Наместо волојте да рикет, оските крцкет.
Наместо да го бакни, ќе го касни.
Наместо да си јагне, да те јадет вълци, биди вълк, јади ти.
Наместо клин на мене, набоде си кол на себе.
 наметнеш..........1
Лажи го дека му наметнеш оглавта.
 намигнам..........1
Ако ми намигниш, ќе ти намигнам.
 намигниш..........1
Ако ми намигниш, ќе ти намигнам.
 намирисвит........1
Мачката и преку девет ѕидој ја намирисвит пастрмата.
 намирисет.........1
Крастите магариња преку девет планини ќе се намирисет.
 намирисуат........2
Мачката под камен да има риба скриена, ја намирисуат.
Мачката преку три куќи ја намирисуат рибата.
 намъчил...........1
Кој не се намъчил, не се научил.
 намъчит...........1
Кој ќе се намъчит, ќе се научит.
 намъчиш...........1
Дури не се намъчиш, не се најадвиш.
 наоѓа.............3
И од пиле млеко се наоѓа кога чоек да барат.
Којшто дава на сиромав милостина, пред Бога му се, наоѓа.
У секого се наоѓа по една пара ум.
 наоѓат............4
Меѓу два огна се наоѓат, како не ќе изгорит?
Саде во магарињата не ет магарштил'ко, и во некој луѓе се наоѓат.
Татко и мајка колај не се наоѓат.
У секој домаќин се наоѓат по едно парче леб.
 наоѓаш............1
Дури не врлиш рипче, не наоѓаш крапче.
 наоди.............1
Виж се сам, па наоди маана на другите.
 наодиш............1
Каде го тераш, там го наодиш.
 наое..............1
Кој има брада наое и чешељ.
 наожџат...........2
И од пиле млеко се наожџат, само чвек да барат.
Кој како прајт, така и наожџат.
 наопаку...........1
Сите терсене, ние наопаку.
 нап'ни............2
Ако не се истури, не мож да се нап'ни.
Просјачка торба сос нишчо не може да се нап'ни.
 нап'нил...........1
Ако е умрел, неговата дупка е нап'нил.
 напади............1
Ја напади таа ороспија сиромаштијата.
 нападија..........1
Дојдоа дивите ги нападија питомите.
 нападни...........1
Зер волко не бара магла за да нападни овчките стада?
 напецал...........1
Се напецал како некоја вошка.
 напи..............2
На вода отиде, вода не се напи.
По вода отиде, вода не се напи.
 напијат...........3
Едно магаре вода не знъјт да напијат.
Магаре вода не знъјт да напијат.
Не знъјт да напијат едно магаре вода.
 напие.............2
Ако се лути, нека се напие троа киселина и ќе се одлути.
Отруачка праведен да се напие, пак не ќе се отруе.
 напил.............2
Поминал низ меана и ич не се напил ракија, само ја мириснал.
Преку вода те поминал, капка вода не те напил.
 напила............1
Се напила вошката крв, та се застојла на чело.
 написано..........1
Никому не му е на челото написано.
 напишит...........1
Сакаешчем да му напишит вежди, му изваде очите.
 наплуваа..........1
Не откриве си курот да не ти го наплуваа.
 напнал............2
Се напнал како арнауцки пиштол.
Се напнал како некоја жаба на брзеј.
 напој.............1
Појди кај гладен, најади го; кај жеден — напој го.
 напое.............1
Не знај да напое магаре вода, а не да пиши книга.
 наполу............2
Дај си нивата наполу — зиме на третјо.
Со рака кој тепат, наполу го јадит ќотекот.
 напрај............8
Ако не мојш да напрајш како сакаш, напрај како мојш.
Ако сакаш некого да го познајш, напрај го големец.
Кога прајш црква, напрај и камбанарија.
Кога прајш џамија, напрај и минаре.
Лицето од месо му го напрај.
На душман шчо бегат напрај му златен мост.
Напрај добро и в море врли го.
Напрај добро и на душмано.

Следниот дел

Горе