Следниот дел
Претходниот дел
младоста..........8
Да ти имам младоста, (а) да ти немам срцето.
Да ти ја имам младоста, да не ти го имам срцето.
Ќе т' опитат староста, ке ти била младоста.
Младоста да ти ја имам, мрзата да ти ја немам.
Младоста да ти ја имам, срцето да ти го немам.
Младоста не е довека.
Староста не ет радосна како младоста.
Чорбаџил'ко е до време, а младоста е до крај.
младото...........1
Младото дрео се виткат.
млеко.............28
Алал да ти е ко млеко мајчино.
Арната овца многу не блејт, ама многу млеко дат.
Градска крава млеко не дава.
Езероно млеко да се сторит, за него ќе немат олџица.
И бијолицана бело млеко дат
И од пиле млеко се наоѓа кога чоек да барат.
И од пиле млеко се наожџат, само чвек да барат.
И црната крава бело млеко дат.
Кој се попарил од млеко, дуват и на мъшчејнца.
Која овца многу блет, малку млеко дава.
Лето — пресно млеко; а зима — лута змија.
На Циганин ќисело млеко не даве.
Од Еѓуптин ќисело млеко.
Од јалва крава млеко не се мълзит.
Од млеко се попарил, та и на матеницата дува.
Од уста мед и млеко, од срце зер и пелин.
Оцкријано млеко мачки го јадет.
Покриено млеко не го јади песо.
Покриеното млеко мачките не го локаат.
Покриеното млеко мачќите го не клепаа.
Покријаното млеко мачки не го локет.
Попарен од млеко, дуат и от маштеница.
Само од пиле млеко шчо немат.
Секоа крава не дава млеко.
У Еѓуптин кисело млеко не барај.
Царската уста — мед и млеко.
Црна бијолица бело млеко дат.
Што дека давала крава многу млеко кога го клоцнуала и го истурала.
млекото...........3
Ако се изгоре на млекото ќе дува и на потквасо.
Алал да ти е млекото мајчино.
За љуле тутун и млекото мајчино си го исказа.
млечни............1
Му никнале млечни зъби.
мнаѕина...........1
Мнаѕина се болни, ама не јъчет.
мноѕина...........2
Еден прајт, мноѕина тргет.
Мноѕина се причествет без да се покает.
много.............2
Коде слушаш много круши с мала торба оди.
Сака-неќи, којшто много пие, ќе се опие.
многу.............134
Ако и да има чоек многу стока, пак ќе има нешто неугодно в куќа.
Ако сум сиромав за многу, за малу не сум.
Ако ти е жената млада, не седи многу на туѓина.
Ако ти е жената многу лична, не пуштај а сама на свадба.
Арната овца многу не блејт, ама многу млеко дат.
Арната овца многу не блејт, ама многу млеко дат.
Бог да бие кој многу пие.
Болниот малу јајт, ама многу арџит.
Борчлија ако си молчи, малку давај и многу моли.
Велигденои пости многу сет долзи.
Во една гемија кај што имат многу капидани, таа можи и да пропадни.
Во мало село многу кучиња.
Воденица многу зборои се праат.
Да има чоек многу пари и да и крие вземи, фајда не ќе види.
Дете во мајка се тресит. (Многу страв).
Детето со многу татковци без капа оди.
Дури не се изматит водата, не се ваќат риби многу.
Ѓаволот е многу јак, шета по ден и мрак.
Евтините круши многу се поскапи.
Една душичка опште стое - кога некој многу ќе се разболи.
Едно око, едно кале. (Многу красна мома или жена).
Жаба да се помочат не се излегвит од кал. (Местото многу е кално).
Живот и здравје и добра мисла кога да има у чоека, не му треба многу стока.
За да има чоек многу пари, треба ноќе-дење да работи.
За думање многу, за пиење нишчо.
Зашчо бараме многу, сме сиромаси.
Злото многу лесно дојдуат, а доброто мачно.
И за господа ако е, многу е.
И од господа ако е, многу е.
Каде пеат многу петли, подоцна осамнува.
Кауѓерите многу пари зеле од мирјаните.
Ко ќе се превртит колата, пътишча многу.
Кога кокошка многу грачи, помалку јајца снесуа.
Кога ќе влегуаш кај судот, портата ти се гледат многу широка; а кога ќе излегуаш — тесна.
Кога многу грмит, малку врнит.
Кога многу грмит, малу дожд врнит.
Кога многу грмит, многу врнит.
Кога многу грмит, многу врнит.
Кожа и коски останал, - се вели кога некој многу ќе ослаби.
Кој барат многу, ќе го загинит и малуто.
Кој држит многу празници бргу осиромашвит.
Кој зафашчат многу рабоќе ниедна не битисвит.
Кој знъјт многу занаети, без кошуља останвит.
Кој многу благодарит, не мислит да платит.
Кој многу дат, сам ќе питат.
Кој многу дробит, бргу ќе просит.
Кој многу зборвит, грешит.
Кој многу зборвит, многу мъмит.
Кој многу зборвит, многу мъмит.
Кој многу знъјт, многу тргат.
Кој многу знъјт, многу тргат.
Кој многу молитвит, не мислит да вратит.
Кој многу се смејт, малу се радвит.
Кој многу се смејт, многу ќе плачит.
Кој многу се смејт, многу ќе плачит.
Кој многу трчат, ќе се сопнит.
Кој не го чуват малуто, не ќе мојт да имат многу.
Кој не поминал, не знъјт многу.
Кој не сакат малу, ќе немат многу.
Која кокошка многу гракат, малу јајца носит.
Која кокошка многу крека, малку нос јајца.
Која овца многу блет, малку млеко дава.
Којшто дава милостина, многу брго осиромашуа.
Којшто има лична жена, многу пријатели ќе има.
Којшто многу таксуа, малку исполнуа.
Кокошка шчо многу грачит, малу јајца носит.
Куќните арамии се многу поопасни од надвореѓните.
Къде бабат многу баби, децата без гла се рожџет.
Лутината многу пакос сторила.
Љушченката не падинат многу далеку од пенот.
Малу дадено, од срце; многу дадено, од имање.
Малу зборви, многу работај.
Малу зборој, многу рабоќе.
Многу бабици, килаво дете.
Многу дадено, од имање, а не од срце.
Многу дадено, од имање.
Многу ѓаол ет, ама аир не ќе видит.
Многу е мачно кога чоек дома нема брашно.
Многу е полесно да ја дотераш главата однадвор отколку однатре.
Многу зборои сет стребрени, а помалку позлаќени.
Многу зборои — торба ореи.
Многу зборој, многу арноти.
Многу зборој, многу арноти.
Многу ја кренал опашката, де да видам до кај ќе истера.
Многу јал, ама со заб не џвакнал.
Многу кучиња давет вълк.
Многу лафој, торба стапој.
Многу ми е жал задека сум стар.
Многу ми е мило да сум дете младо.
Многу му е гајле на господа тиквите да не ги попарит слана.
Многу му загребвит сврделот.
Многу му зафашчат лопатата.
Многу печалит оној шчо не купвит сешчо.
Многу пъти и најарниот пливач се давит.
Многу пъти силата се радвела, ама секогаш правдата надољвела.
Многу работи кој заваќат, не ги довршуат.
Многу раце блаосоени, а многу усти афоресани.
Многу раце блаосоени, а многу усти афоресани.
Многу ръце блосоени, мноту усти кълнати.
Мрзливио чоек малку работит, а многу сакат да печалит.
На едно дете — еден кум. На едно дете многу кумој не чинит.
На земја мирисе, се вели за некој што е многу болен.
На летен облак и зимна ведрина многу не верви им.
На момини враќе многу магариња рикет.
Надвор од оро многу песми знъјт.
Нашата невеста многу арна ет: кога спиет, леб не јадит!
Немат нишчо поблаго од сон, ама ако многу го љубиш без леб останвиш.
Низ иглини уши да гу вдениш (за оној што е многу слаб).
Од кого е, многу е.
Од кого е, многу е; за кого е, ушче појќе е.
Од многу баби втурени деца.
Од многу деца угриз не бидуат.
Од многу капење капајца и камено го предупуат.
Од многу пари едни што имаат, та не знаат што да му праат.
Од многу ум капата му се дупнала.
Од тој шчо се крстит многу, многу варди се.
Од тој шчо се крстит многу, многу варди се.
Откога ќе се скрши колата, многу патчиња ќе се отворат.
Откога ќе се скршит колата, пътишча многу.
Поарно ет да имаш име чесно ошто многу стребро.
Празна бочва многу ѕвечит.
Сврделот многу му загребвит.
Со два прста многу работа се завршува; со јазик уште поише.
Со едно дете многу кумој фашчат.
Со многу баби килао дете.
Со чоек што има многу дари не заваќај се.
Старио се прегрбаил одошто многу работил.
Старост чесна не е многу лесна.
Стомна шчо ојт многу пъти на вода бргу се кршит.
Стомнана многу пъти ојт на вода, ама еднош се кршит.
Таткото и мајката многу грешки му проштаваат на челадта.
Умен биди, да ако немаш многу пари.
Чужџјот коњ малу јајт, многу носит.
Што дека давала крава многу млеко кога го клоцнуала и го истурала.
Следниот дел
Горе