Следниот дел
Претходниот дел
мислит............15
Дај ми, боже, шчо ми мислит жена ми, а не мајка ми.
Дај ми, боже, шчо ми мислит комшијана, а не мајка и татко.
Друго мислит, друго ти зборуат.
Едно мислит камиљата, а друго камиљарот.
Едно мислит, друго зборвит, трето прајт.
Едно мислит, друго зборвит.
Кој многу благодарит, не мислит да платит.
Кој многу молитвит, не мислит да вратит.
Кој пејт, лошо не мислит.
Мачкана и кога цојсвит за глуфците мислит.
Пакос којшто праит, не мислит да влези во рај.
Санким гемиите му пропаднаа, што туку се мислит.
Ти го пљуваш, а тој мислит од господа росица.
Чвек мислит едно, господ дат друго.
Шчо трезвен мислит, то пијан зборвит.
мислиш............8
Ако мислиш зло на друг, и сам го чекај.
Ако мислиш оти просото ќе го исколфаа пилишчата, не го сеј.
Лошо е да не знъјш, а да мислиш оту знъјш.
На тове шчо мислиш утре да му одиш, денеска не му оди.
Работа што ќе ватиш, крајот да и го мислиш.
Шчо зборвиш, да ми бидит; шчо ми мислиш, да ти бидит.
Шчо ми мислиш мене, на гла да ти бидит.
Шчо мислиш, то сонвиш.
миткат............2
Туку се миткат зетот нов покрај невестата како лисицата покрај кокошката.
Туку се миткат како некоја лисица.
митра.............1
Итра Митра за комат, за работа никој пат.
митрашинки........1
Будинарки — се ленарки, митрашинки — пенугарки.
митроен...........1
Дојде ли Митроен, чекај си Ѓурѓевден.
мишка.............3
Два карпуза под една мишка не се носет.
Две лубеници под една мишка не се носат.
Под една мишка два карпуза не се носет.
мишо..............1
Побегнала мачката — фатила мишо.
млад..............14
Али млад жени се, али млад калугери се.
Али млад жени се, али млад калугери се.
Да се жениш млад, рано е, стар — доцкна е.
Додека е млад, оди сос две, после сос три и на крае сос четири.
Додека е млад, секуј го иска, остаре ле, нико го неќе.
Жени се млад, рано е; жени се стар, доцкна е.
Ја млад жени се, ја млад калугери се.
Ја млад жени се, ја млад калугери се.
Ко бев млад, малчи не знъјш, ко остарев, си се сматуфил!
Кој рано ручат и млад се оженит, не ќе се кајт.
Млад да се жениш — рано е, стар да се жениш — доцкна е.
Млад делија — итер просјак.
Смртта не опитвит стар и млад.
Човек се учи додека е млад.
млада.............13
Ако ти е жената млада, не седи многу на туѓина.
Беќар без девојка млада, губи љубовна нада.
Верата е стара и млада.
Девојката млада се љуби, после и нада губи.
Дедо води баба, оти не му даваа млада.
Дреми како млада невеста.
Дури е млада жената, пули је се во ноѕете и во гръдите, ко ќе остарит, пули је се во ръцете.
Жена млада и вино старо земај.
Млада жена имај си, старо вино купи си и ич гајле немај си.
Млада курва, стара светица.
Момата се лаже додека е млада.
На млада свекрва и на бела кобила сеизин да не си.
Од млада свекрва и од бела кобила господ да те чува.
млади.............3
Бог да не чуа од луди, млади.
Вълкот сакат млади јагниња.
Касна женидба, млади сираци.
младие............2
Дека старио вол потргне, младие не може.
Старие вол дека тргне, там младие не може.
младио............2
Младио има кувет (сила), а старио ум.
Стар чоек со стапче се потпират, а младио со стапчето кутур капа си игра.
младиот...........2
Младиот можит, а старјот сигурно умират.
На богатиот и на младиот секако му играт коњо.
младите...........11
Векот на младите останува.
За младите е веков, а за старите катот.
Младите ги јадат киселачките на старите им трпнеат забите.
На младите светов останвит.
На младите умот им идет, им сјодвит.
Настанаа младите, кој ти гледа старите.
Светов на младите останува.
Старите кажвет шчо напрајле, а младите шчо ке напрајет.
Старите му се чудат на младите оти си летаат со умоите.
Старите што работа да сработат, младите непара ја бендисуаат.
Чест на старите, път на младите.
младичка..........1
Од две старички една младичка.
младо.............16
Богатото мамче младо се жени.
Во фети меој младо вино не се туриват.
Дреоно се виткат дури е младо.
Дури е младо детето, се учи.
Дури е младо дрвото се вие.
За стар мачорок младо глувче требит.
Младо се преманува за убавина, старо за чес.
Многу ми е мило да сум дете младо.
Мошне ми е мило да сум дете младо.
На стар мачорок младо глуфче му требит.
Стари кости — младо месо не се носи.
Старо за прилика — младо за убавина.
Старо фали - младо фани.
Цвеќето се берит дури е росно, а моме се љубит дури е младо.
Шарено одајче со младо невевче.
Шарено одајче со младо невешче.
младому...........1
Поарно старому под брада, одошчо младому под стрја.
младос............4
Збирај на младос, да имаш на старос.
Којшто на младос дење преспива, на старос ќе гладуа.
Којшто на младос растура, на старос ќе страда.
Којшто сака да се починит на старос, нека се помачит на младос.
младост...........6
Да ми е овој ум, а она младост.
Кој на младост не учит, на старост ќе се мъчит.
Кој сакат на старост да си починит, на младост требит да се потит.
Лудост младост, матна река.
Младост за старост не се чува.
Работај на младост, кри за старост.
Следниот дел
Горе