Следниот дел

Претходниот дел

 мезе..............1
Жена мрзелива мезе на вошките бидуа.
 мек...............5
Ако си мек ќе те згазат како кал, ако си благ ќе те изедат като мед.
Ако си мек, ќе те газа като кал, ако си благ, ќе те јадат като шиќер.
Мек како бубаќ.
Мек како бубрег.
Мек леб за деца, а попара за баба.
 мека..............1
Мека постела сиромајот ако барат, гладен ќе си легнуат.
 мекачи............1
Во мътна вода ракој — мекачи.
 меките............1
Меките постели не сет за сиромаси.
 мелат.............3
Два камена лути не мелат брашно.
Два камења љути не мелат брашно.
Два камна лути не мелат брашно.
 меле..............4
Анета преде, а Павле меле.
Воденица на ред меле.
Воденицата на ред меле.
На ред меле воденицата.
 мелет.............1
Два љути камена брашно не мелет.
 мелеш.............1
Ако мелеш, ќе месиш.
 мели..............4
Без вода воденица не мели.
Воденицата неклепана брашно не мели.
Обесете го брата ми, оти мене ми се мели умот.
Со ред мели воденица.
 мелит.............4
Без чарк водејнца не мелит.
Жито се мелит, брашно не падинат.
Какол и пченица си го мелит воденица.
На водејнца со ред се мелит.
 меми..............1
В'ко влакното мени, табието не меми.
 мен...............2
На друг обречено, на мен испечено.
Сос учен до праг, сос мен до век.
 менѕе.............1
На дечеренце до гъзеренце, менѕе и тенѕе пљонѕе.
 менал.............8
Ако ги менал рутишчата, табиетот не го менал.
Ако ги менал рутишчата, табиетот не го менал.
Ако го менал рувото, ама табиетот не.
Ако ја менал капата, не си го менал умот.
Ако ја менал капата, не си го менал умот.
Менал чума за гробник.
Менал чума за панукла.
Не си го менал ни рувото ни бојата.
 менвит............13
Воукот од влаконото се менвит, од умот не се менвит.
Воукот од влаконото се менвит, од умот не се менвит.
Вълкот влакното го менвит, ама уќот не го менвит.
Вълкот влакното го менвит, ама уќот не го менвит.
За торба урда вера не се менвит.
Каков е, таков е, не се менвит.
Кој си ја менвит верата, ја менвит и душата.
Кој си ја менвит верата, ја менвит и душата.
Кој си ја менвит верата, је менвит и народноста.
Кој си ја менвит верата, је менвит и народноста.
Кој си ја менвит капата, је менвит и верата.
Кој си ја менвит капата, је менвит и верата.
Стар вълк зъби не менвит.
 мендухија.........1
Ми даде леблебија, ми зеде мендухија.
 мене..............51
Ако најдеш некаде поарно, викај ме и мене.
Ако ти е тебе мило, мене не ми е.
Блаѕе си ми кога имат кој да ме перит, тешко мене кога немат кој да ме перит.
Вјавај ме, жељко, дури летат орелон над мене.
Вјајме желко, оти ево го орелот над мене.
Господ мене со вреште, јас тебе со торба.
Другему било како било, мене ми се збило.
За алкот мрсуљ, за мене сокол.
За мене враните се думаа.
Земи си парите и истај ми се од пред мене.
Зъјакот је рекол на жељката; Вјај ме жељко, дури орелон летат над мене.
Или со мене или против мене.
Или со мене или против мене.
Јас го викам бисерко, а он мене посерко.
Како смртта пред мене да си ја гледам кога тебе ќе те видам.
Ко ќе ми дајт господ мене со врешче, јас тебе со торба.
Кога ќе ти платит, и мене да ми кажит.
Кој къснал од мене, се отрул.
Колку ти што си ми дал мене, толку и Господ тебе.
Куга на мене господ сос вреќа, јас на тебе сос торба.
Мене ветво — тебе ново.
Мене дај ми копано, да ти јади го оризо.
Мене до срце ме доболе, тој ми вели: што викаш олеле.
Мене лага, тебе вистина.
Мене ми е жал, да знам што да му праам на пијаниот.
Мене ми е мака дури да го клаам борчлијата в рака, да после ќе си го клаам кај што прдат магарињата.
Мене ми иди да се расплачам, тој ми се смеит.
Мене ми идит да пукнам од мака, тој се смеит.
Мене ми се запалиле гаќите, тој вели: стој да си запалам цигарата.
Мечка страв, мене не страв, кога ја видов, се испострав.
На мене ми ѕирка, на тебе ти виси, и не сме исти.
На мене речено, за друг испечено.
Наместо клин на мене, набоде си кол на себе.
Не чешај си го јъзикот со мене.
Нема некому да му се стемни, та мене да ми се осамни.
Ни мене лозје, ама ни тебе грозје.
Обесете го брата ми, оти мене ми се мели умот.
Од мене песна, од Бога здравје и веселба.
Отфркна од мене како некој нерез.
Парата, не стои у еднега: денеска у мене, утре у тебе.
Прајв, прајв за тебе, одвај напрајв за мене.
Прди ти, куме, мене ме страм.
Се залепил за мене како некој лепаец.
Симни капата, удри ме, коа и ти си како мене.
Симни си капата и пресуди се на неа, да ќе видиш оти не си поарен ти од мене.
Тешко мене ко ме жалет, блазе си ми ко ми завижџет.
Тешко мене кога немам кој да ме перит.
Ти мене, а тебе господ.
Ти мене, јас тебе.
Ти се смејш, а мене срцево ми горит.
Шчо ми мислиш мене, на гла да ти бидит.

Следниот дел

Горе