Следниот дел
Претходниот дел
меѓата............1
Старите волови дури не тргнат - јунчињата не можат да ја ораат меѓата.
меѓи..............1
Не преместуј туѓи меѓи.
меѓу..............11
Блаѕе си му на умниот меѓу будалите.
Ко магаре меѓу пастујте.
Лисицата и калугерка да се сторит, не пушчај ја меѓу кокошките.
Магаре меѓу две копи гладно умира.
Меѓу арните да си арен, не е никаков марифет.
Меѓу враке шчо крцкет, не клај прст.
Меѓу два огна се наоѓат, како не ќе изгорит?
Меѓу два стола, ти долу.
Меѓу две маќи детето е ќилаво.
Не клај прст меѓу две враќе.
Тешко на умниот меѓу будалите.
мељат.............1
Два камења љути не мељат брашно.
меќајте...........1
Не фатие меќајте.
меанџијата........1
Се скарал со меанџијата, а со мјаната не.
меанџиите.........2
Меанџиите ги честат пијаниците дури да му земат парите.
Меанџиите мошне ги мијат чашите за да ги блазнат пијаниците.
меана.............6
Во меана кој влегуа начесто, не излегуа трезен.
Еѓуптинот стока не збира, оти парите си и пие на меана.
Пари колај се арџат ја на вечер на меана, ја на свадба на дајре, ја на попо в котле.
Поминал низ меана и ич не се напил ракија, само ја мириснал.
Сака чоек да бидит пијаница, да затоа влегуа в меана.
Се научил пијаницата да одит на меана како песо на касапница.
меаната...........1
Меаната е стапица за пијаниците.
меани.............3
Еѓупците кога имаат пари, цел ден си пијат по меани.
Меани во секој град има поеќе отколку друзи дуќани.
Меани туку да снема, и пијаници ќе снема.
меаните...........2
Во меаните се арџат пари со пот неспечалени.
Жените си стојат по портите во празниците, а мажите му си пијат по меаните.
мев...............8
Атерџика мома - мев до заби.
Дават скржаиот една маслинка да земит мев масло.
Лесно е да фалиш пости со пълн мев.
Мев па миризмата се познава внатре што има.
На празен мев оро играа.
Од свиња мев не бидуат.
Со пълн мев на задуша не се ојт.
Со пълн мев пости да фалиш, лесно е.
мевлем............1
Мевлем на рана — збор на жалба.
мевот.............1
Алија на мевот, Салија капа му крое.
мегдан............5
Ако е јунак, нека излезит на мегдан.
Кој е јунак, нека излезе на мегдан.
Коњ брз имат, ами широк мегдан немат.
Ни им показа бакарот на мегдан.
Си го показа бакарот на мегдан.
мегу..............2
Мегу слепите тој со едно око е цар.
Мегу чужди љуѓе ко да си, требит да имаш зъјачки уши и соколој очи.
мед...............46
Ако бумбаро збира мед, ногу ќе собере.
Ако е пријатело мед, не го изедуве цалие.
Ако мешаш мед, се ќе ги лизниш прстите.
Ако пријателот ти е од мед, не го јади целиот.
Ако се сториш мед и мувине ќе те пљувет.
Ако си благ като мед, и мушиците по теб ќе се налепат.
Ако си мед, и глувците ќе те јадат.
Ако си мек ќе те згазат како кал, ако си благ ќе те изедат като мед.
Ако ти е пријатело мед или шеќер, не јади го сиот.
Бадијала киселина од мед е послатка.
Бадијала киселина поблага е од мед.
Бадјала ќиселина поблага од мед.
Борчлијата ја во устата мед нека има, ја со раката во џеб нека посига.
В устата ти мед.
Во една врчва мед, една олџица лајна.
Во една каца мед, една ока лајна.
Во јазико мед носи пчелата, а на газо отруачка.
Да береше секоја пчела мед, бумбарон ќе собереше најмногу.
Да береше секоја пчела мед, ќе беше ока и пара.
Да може сека муа да бере мед бумбаро највеќе ќе собере.
Да може секоа муа мед да бере, бумбаро ќе збере највеќе.
Дури да речиш ќиселина, речи мед.
Зет ко мед, син ко пелин.
Зет мед, син пелин.
И пчелана е малечка, ама мед берит.
Инетот е поблаг од мед.
Јагуридата полека-лека мед бидуат.
Комар мед не бере.
Љубовта е пълна со мед и со пелин.
Мед да туриш, та да собериш.
Му удрила сеќирата в мед.
На гладниот и пиперот му е мед
На јъзикот мед, под јъзикот зер.
На уста мед и масло, на срце пелин и зер.
Од уста мед и млеко, од срце зер и пелин.
Пчелата ако е мала, ама можи мед да збират.
Пчелата од цвеќата берит мед, а пъјакот — зер.
Секоа муа мед да збираше, бумбаро каца ќе збареше.
Секоа муа мед не собира.
Секоја пчела ако би брала мед, бумбарот би набрал најмногу.
Секоја пчела мед не берит.
Син — пелин, зет ко мед.
Со време и јъгурината мед се прајт.
Ти му даваш леб, он ти иска мед.
Царска уста мед и масло.
Царската уста — мед и млеко.
медената..........1
Медената уста железни враќе отворат.
медениче..........1
Ржаниче, медениче, ја летни, уплаши ме, оти ми подбелеа без тебе очиве.
медо..............5
Инато е поблаг от медо.
Кој брца рацете в медо, он ќе си и и олиже.
Кој е околу медо, он си лиже прстите.
Посладок ет инатот од медо.
Така знај дедо, така го мака медо.
медот.............6
Ако е благ медот и прстите да си ј изејме?!
Ако е медот благ, ама прстите не се јадет.
Дека е медот благ, тики прстите да си изееме?
И медот е благ, ама прстите не се јадет.
Ја збират парата како пчелата медот.
Колку што е медот благ, толку е и горк.
Следниот дел
Горе