Следниот дел

Претходниот дел

 малцина...........8
Има у мнозина ум, ама у малцина разум.
Малцина веруаат оти можи утре да умрат.
Мнозина знаат за пари да вадат, а малцина знаат да ги држат.
Мнозина луѓе си мијат рацете за да ручаат со владиката, а малцина ќе седнат на негоата трпеза.
Мнозина одат на туѓина, ама малцина пари добиваат.
Мнозина сет викани за да бидат рисјани, ама малцина сет дојдени.
Мнозина таксуаат, ама малцина го исполнуаат.
У мнозина ум, у малцина разум.
 малчење...........1
Од малчење гла не болит.
 малчењето.........2
Зборвењето е стребро, а малчењето злато.
Малчењето е злато.
 малчет............1
Кога зборвит постар, помладите требит да малчет.
 малчи.............1
Ко бев млад, малчи не знъјш, ко остарев, си се сматуфил!
 малчит............3
Ако е мъчно да се зборвит, не е мъчно да се малчит.
Кој имат, нека малчит; кој немат нека не лајт.
Кој малчит, си ја знъјт работата.
 малчиш............2
Ако зборвиш лош си, ако малчиш ќе пукниш.
Ако не знъјш да зборвиш, знъјш да малчиш.
 мам...............1
Не те мам по уста, да ме фалиш.
 мама..............11
За бадјала и мама на тате не му дат.
Мама вино не пијат, коза сено не јадит.
Надала се мама на тате, тате на мама, и ѓубрето останало.
Надала се мама на тате, тате на мама, и ѓубрето останало.
Ни мама на тате забадјала не му дат.
Од мама на тате, од тате на мама.
Од мама на тате, од тате на мама.
Тате на мама, мама на тате — детето без капа.
Тате на мама, мама на тате — детето без капа.
Тате на мама, мама на тате, децата гладни.
Тате на мама, мама на тате, децата гладни.
 мамејнца..........1
Појќе чинит трошка вистина, отколку планина мамејнца
 мамелето..........1
Мамелето празник не држит.
 мамиш.............1
Мине — јадеж, мине — мамиш.
 мамо..............1
И мајка ми да беше момичка, ќе је речев моме а не мамо.
 мамче.............1
Богатото мамче младо се жени.
 манџа.............19
Ако има масло, и папрата манџа бидуат.
Ако јадам манџа во ваган, ама да ет од наш грнчар напраен.
В чужџа манџа не туре сол.
Во секоја манџа - мирудија.
Во секоја манџа мироѓија.
Во секоја манџа пипер не влегви.
Во чужџа манџа не клај сољ.
Грнчарот во ветво грне манџа јадит.
Десет јајца таман манџа.
Кога немат манџа — пости, кога немат пари — великој пости.
Кој варит манџа на трески, ќе му мирисат на чад.
Манџа што не јадиш, што се грижиш ако изгоре.
Маслинка манџа не бидвит.
Мртви усти да јадат — таква манџа сум напраил!
На секоја манџа и мирудија се праит.
На секоја манџа и црн пипер бидуат.
Од лајна манџа не се прајт.
Сирење — манџа, магаре — стока, зет — фара и врба дрео не се.
Со мас и опинците манџа се прает.
 манџата...........1
На 'ржан леб манџата е глад.
 мана..............1
Ана барат мана.
 манастир..........3
Ако направиш манастир, тури му и врата.
Ако правиш манастир, тури му и врата.
Куга правиш манастир, тури му и врата.
 манастирите.......2
Кауѓерите си седат по манастирите и ич не бераат гајле за мирјаните.
Кауѓерите си седат по манастирите и си чекаат мирни на поклонение, та да му даруаат пари за јадење.
 манастирот........2
Не носит манастирот.
Толку носит манастирот.
 манго.............7
Видел манго масло, па си намажал и газо.
Волкот домаќин и Манго ученик.
Најпосле излезе Манго од торбата.
Не давај се, манго, па пијани жени.
Не надај се манго на пијани жени.
Пофалил се манго сос празна торба.
Шчо ќе му речиш манго, речи му аго.
 мара..............13
Без Мара не бива попара.
Имат Мара појља.
Катаден Мара гизда, а на Велигден гнида.
Мара го сакат Анета, ушче Ане да је сакат Мара.
Мара го сакат Анета, ушче Ане да је сакат Мара.
Пара на рака, Мара за рака.
Пара на ръка, Мара за ръка.
Пари на рака пред Мара за рака.
Празна Мара тъпан била.
Сакала Мара оро, та се омъжила за гајдаџија.
Се постра Мара во зелникот.
Се потурчила Мара да не носит свински опинци, та обула кучешки.
Се шчо видела Мара, се поискала.
 мараз.............4
Газ мараз не фата.
Кој немат чедо, еден мараз; кој имат чеда, појќе марази.
Не сакалдисви се, дан' ти останит мараз на срцето.
Од жена кој маж зема пари, мараз ќе си отвори.
 марази............1
Кој немат чедо, еден мараз; кој имат чеда, појќе марази.
 марак.............1
Првие марак вода не станува.
 марика............1
Да е имала касмет Марика, ќе а е оженил владика.
 марифет...........10
Варди се дури си здрав, зашчо шчо марифет од ко ќе си је клајш чивијата.
Да знъјш не е марифет, марифет е да умејш.
Да знъјш не е марифет, марифет е да умејш.
Да имаш не е марифет, марифет е да знъјш да чуваш.
Да имаш не е марифет, марифет е да знъјш да чуваш.
Марифет е од живо јаре кожа да продајш.
Меѓу арните да си арен, не е никаков марифет.
Не е марифет да знъјш, марифет е да умејш.
Не е марифет да знъјш, марифет е да умејш.
У Бугарин инат, у Грк салтанат, а у Френг марифет.
 марка.............1
За Марка вила немат.
 марко.............1
За инет и Марко Крале би се потурчил.

Следниот дел

Горе