Следниот дел

Претходниот дел

 мала..............16
Ако е куќата мала, ама да има пиење и веселба.
Во мала вода јъдра риба не живејт.
Големата риба во мала вода не живејт.
Една пара — мала стока, а за голема дужбина.
За мала печалба човек затанува.
Коде слушаш много круши с мала торба оди.
Мала вечеричка, долга живејачка.
Мала работа, голема срамота.
Мала роса подлабоко вземи влегуат.
Од мала дупка голем глушец излегуат.
Од мала искра голем пламен се прајт.
Од мала искра гулем оѓин бива.
Пчелата ако е мала, ама можи мед да збират.
Риба и жена нема стара, нема мала.
Се што е мало е мило, само мала риба не е мила.
Сносла кокошката едно јајце, је разбудила целата мала.
 малата............2
И за малата неста и за големата неста требет сватој.
И малата и големата неста сакет сватој.
 мале..............1
На даве друг маката да ти јаде. Не даве ме мале, не мисли на касмет.
 маленка...........1
И гулема и маленка невеста еден мастраф.
 маленко...........1
И пилето е маленко, ама седело си прави.
 малечка...........2
И пчелана е малечка, ама мед берит.
Малечка кокошчичка, довек јаричка.
 малечки...........5
Ѕид без малечки камчиња не стои.
Ѕиздот без малечки камчиња не стојт.
Малечки деца — малечко гајле, гулеми деца — гулемо гајле.
Малечки прикаски гулем ак'л даваа.
На малечки кучиња сечат се ушите.
 малечко...........3
Детето се чува додека е малечко.
Малечки деца — малечко гајле, гулеми деца — гулемо гајле.
Малечко зрно е леблебија, ама го јадат по раќија.
 мали..............5
Голем град, мали гробишча.
Кога некој ќе добие мали чирчиња велат: на здраве е“.
Куче, маче, теле јагне, рипче, врапче и дете — сите се мили, дека се мали.
Од мали деца, мал изитет, од големи деца голем изијет.
Штркот и познаа уште од мали штркчињата кој се арни.
 малиот............1
Не може да и се фати на малиот пест.
 малите............4
Кај што ѕвонат големите ѕвона, малите не се слушаат.
Малите приказни голем ум даваат.
Малите реки поеќе се вредни од многуто облаци безводни.
Настанаа малите, кој ти ги слагат старите.
 малку.............23
Арен ак'л, ама малку пари чини.
Борчлија ако си молчи, малку давај и многу моли.
Кога многу грмит, малку врнит.
Кој дава ногу — од имање дава; кој дава малку — од душа дава.
Кој иска ногу, и без малку останува.
Кој малку дава, од срце дава.
Кој ногу втасува, малку извршува.
Кој ногу знае, малку страда.
Која кокошка многу крека, малку нос јајца.
Која овца многу блет, малку млеко дава.
Којшто многу таксуа, малку исполнуа.
Куга ногу грми, малку врне.
Лимон којшто јадит, малку ќе се начумерит.
Малку јади, поеќе работи.
Малку починувај се, работи поеќе.
Мрзливио чоек малку работит, а многу сакат да печалит.
На женска фурна малку дрва требат.
На ногу грмење, малку тресење.
Секој чоек имат по малку лутина, а едни и улавштина.
Сос малку масло сладок ручок не бива.
Човек шчо ногу чита, малку знае.
Чужџие кон малку јаде, ногу носи.
Шчо ќе ти е малку криво, нека ти е поправо.
 мало..............14
Ако му даваш на мало дете се што сакат, ќе те натерат да му ја симниш и месечината.
Во мало село многу кучиња.
Дете мало ет како кучето и мачето.
Детето дури е мало, е безгрешно.
Детето мало како што го милуа шеќеро, така и огно.
Јајцено е мало, ама големо пиле излегвит
Кај што има голема гозба, земи си мало лажиче.
Колку мало, толку пало.
Мало мнуче — мало рипче.
Мало мнуче — мало рипче.
Од малу брашно мало лепче.
Се радува како мало дете на црвено јајце.
Се што е мало е мило, само мала риба не е мила.
Со малу брашно мало лепче.
 мало-големо.......1
Мало-големо се лага станало.
 малоо.............2
Во малоо село честа ангарија.
Малоо кравајче — голем ден, требит стиснат газ.
 малото............2
И малото камче можит кола да превртит.
Малото грне бргу се варит.
 малу..............18
Ако сум сиромав за многу, за малу не сум.
Болниот малу јајт, ама многу арџит.
Ке ојш малу? — При многуто!
Кога многу грмит, малу дожд врнит.
Кој многу се смејт, малу се радвит.
Кој не сакат малу, ќе немат многу.
Која кокошка многу гракат, малу јајца носит.
Кокошка шчо многу грачит, малу јајца носит.
Малу дадено, од срце дадено.
Малу дадено, од срце; многу дадено, од имање.
Малу зборви, многу работај.
Малу зборој, многу рабоќе.
Малу му е во торбана.
На лакомјот секогаш му е малу.
На чисто лице малу вода му требит.
Од малу брашно мало лепче.
Со малу брашно мало лепче.
Чужџјот коњ малу јајт, многу носит.
 малуто............2
Кој барат многу, ќе го загинит и малуто.
Кој не го чуват малуто, не ќе мојт да имат многу.

Следниот дел

Горе