Следниот дел

Претходниот дел

 амбар.............9
Без дури не се испотиш, в амбар не можиш да туриш.
Во празен амбар глувците не влегуваат.
Во празен амбар ни глуфци не живеет.
Голем амбар со кутле не се пълнит.
Господ дават, ама в амбар не ти тура.
Господ кога да сакат и од амбар житото ти го земат.
И в амбар со мера се фрљат.
Кум с празно ќисе и овца на празен амбар, нишчо не бива.
Чоекот треби да биди на срцето амбар.
 амбаре............1
На амбаре еден катанец — на плевната два.
 амбарот...........2
Изгорел амбарот, изгореле и глувците.
Кој си имат во амбарот 'рж, не одит у комшијана да земат назаем чејнца.
 ами...............55
Ак'ло сос пари не се купува, ами се печали.
Арно ти шчо си видел, ами јас шчо не сум видел.
Брзио чоек не оди да пие вода на чешма, ами жеднио оди.
Во неоља не се плачит, ами чаре се барат.
Господ не гледа на лице, ами на срце.
Господ не гљат на љуѓето, ами на срцата.
Грео не ет нешто живо, ами пак го мачит чоекот.
Греота е да лажиш, ами и страмота е да се лажиш.
Дуќан на ќоше не збира муштерии, ами ќошето збира.
Едни неќаат да работат, ами сакаат да се обогатат.
Имај стока, ќе ја продаиш, ами ако немаш, што ќе продаиш?
Ит'р да си да се не лажиш, ами и да не излажиш.
Јас на моите очи зер не ќе се веруам, ами на туѓите зборои?
Јас не сум цвеќе, да да ме мирисаш, ами сум коприва.
Кираџијата не ја носи вастегарката за црни очи, ами за да си потприт.
Коњ брз имат, ами широк мегдан немат.
Коњот не го ранет зобта и сеното, ами очите од стопанот.
Лоша стреќа нема, ами пак луѓето се плашат.
Луѓето трева не пасат, ами луѓе пасат.
Магарето не го викаат на свадба за нунко, ами за да носи вода и дрво тоарено.
Магаршчината не ојт по ајвани, ами по љуѓе.
На чоеко месото не му се јадит, ами зборот.
Не биле тикви, ами чупки.
Не брзај со јъзикот, ами со работата.
Не вали се каков си бил, ами каков си.
Не гледај го коренчето, ами гледај цвеќенцето.
Не гледај му на капата, ами под капата.
Не гледај на лушпата, ами на јатката.
Не гљај шчо бев, ами шчо сум.
Не е бричено, ами стрижено.
Не ет улав тој што го изел зелникот, ами тој што го дал.
Не за кого било печено, ами за кого било речено.
Не за кого е печено, ами за кого е речено
Не за кого е печено, ами за кого е речено.
Не искај болес, ами искај здравје.
Не је дави-кобила, ами прди-дол.
Не кажви шчо сум, ами шчо ќе бидам.
Не кажвит баба шчо сон видела, ами шчо сакат да видит.
Не како што знаиш, ами како што ќе наиш.
Не купува кобила со пари ами сака невеста со ќеф.
Не лажи, не кради, ами работи, и Господ ќе ти наврти.
Не питаа чие е бичето, ами чие е телето.
Не плачи гората од секирата, ами од рачката.
Не по врат, ами по шија.
Не прашај старца, ами паталца.
Не се фали каков си бил, ами каков си.
Не фали ми лична жена, ами умна.
Немат кабает тој што зема вересија, ами тој што дават.
Отруачката не е за луѓе труење, ами за лекуање.
Очите не гљавет, ами умот.
Пилците ни ораат, ни копаат, ами пак се ранат.
Пријател за црни очи не се држи, ами за во нужда да ти се најдит.
Светијте зер рогои имаат, ами и тие беа луѓе како нас.
Светот неќат приказни, ами сакаат пари.
Ум со пари не се купуат, ами со мака по наука.
 амида.............1
Еден е Аџе шчо го држит султан Амида под гъз.
 амин..............2
Амин, господи, ама ногу е.
На секоа дума амин не се вика.
 амо...............1
Амо маќата не го остави, детето нема да заплаче.
 амути.............1
Дури имат коњи, ќе имат и амути.
 ан................2
Влегвит како в ан.
Ке пријатељ како на гости, на ан и на отел како дома.
 анѓел.............1
Анѓел со рогој.
 анѓелино..........2
Анѓелино, парај колче: ноќе везиш, дење параш.
Шарај, парај, Анѓелино, ако параш, пак ќе шараш.
 анѓелот...........1
На правјот анѓелот, а на кривјот ѓаолот му поможвит.
 анџија............1
Анџија и ќираџија не е кабиљ да не се стретет.
 анџијата..........1
Друго мисли кираџијата, друго анџијата.
 ана...............1
Ана барат мана.
 ангарија..........1
Во малоо село честа ангарија.
 ангел.............2
Ангел со опашка.
Чоек чоеку е ангел и ѓаол.
 ангелите..........1
Христос ќе дојдит со ангелите и со светците за да судит живите и умрените.
 ангело............2
Моли се понекоаш и на ѓаоло како на ангело, за да не ти напраи лошо.
Мртвите ќе лежат во земјата дури да чујат од ангело свирката.
 ане...............1
Мара го сакат Анета, ушче Ане да је сакат Мара.
 анета.............2
Анета преде, а Павле меле.
Мара го сакат Анета, ушче Ане да је сакат Мара.
 анот..............1
Колку мъски земат анот?
 апе...............2
Кое куче од далеко лае, не апе.
Кучето шчо лае, не апе.
 апен..............1
Кој е апен од змија, страх го е и од гушчер.
 апливо............1
М'комото куче е апливо куче.
 апни..............1
Гулем залаг апни, гулема дума не кажи.
 април.............2
Сечко сечи, Марта влечи, Април кожи продава.
Сечко сечит, марта дерит, април кожи продат.
 апсаана...........3
Апсаана куќа необична.
Апсаана куќа сиромашка.
Жените одат на бања, ако мажите му лежат апсаана.
 апсаани...........1
Колцина излегле арамиј, сите тукуречи умреле по апсаани.
 апсана............1
Се бунат како Грк во апсана.

Следниот дел

Горе