Следниот дел
Претходниот дел
акот..............6
Акот на Ѓурговден.
Акот на стопанот.
Акот си оит у стопанот.
Влечкај стапот, земај акот.
Дошол акот на стопанот.
Не заќинви му го на мајсторот акот.
акшам.............1
Дека акшам — там сабам.
акшам-суратлија...1
Не биди акшам-суратлија.
ал................11
Ал да имаш, ал да немаш.
Ал да имаш, ал да немаш.
Ал има тој, што ја нема.
Ал на бојаџи.
Ал со жена, ал без жена.
Ал со жена, ал без жена.
Ал со неја , ал без неја.
Ал со неја , ал без неја.
Ал чвек да имат, ал да немат.
Ал чвек да имат, ал да немат.
Кому ал, и присмех.
ал'швериш.........3
Го престрел волко, затоа стори убав ал'швериш.
Го престрел зајак, затоа ал'швериш не напраил.
Со свој чоек јади и пи, ал'швериш не прај.
ал'шверишо........1
Луѓето сет врзани со ал'шверишо како алките од синџиро.
алаџата...........1
Поскап астаро од алаџата ќе излезит.
алал..............9
Алал да ти е ко млеко мајчино.
Алал да ти е млекото мајчино.
Алал стока не гини — и да загини, па ќе се најдит.
Арам му носија, алал му јадење.
Арниот коњ алал јади раната.
Да ти е алал на граот.
На дете арам му ет облеклото, а алал му е јадењето.
На дете му е алал шчо јаде, арам шчо носи.
Стоката алал не гинит и ако заѓинит, пак ќе се најт.
алат..............3
Без алат нема занаат.
Без алат нема занает.
Мајстор без алат шчо и без занает.
алаш-вереш........2
Алаш-вереш со господа кога прајш, биди на се готов.
Со свој чвек јади, пи, ама алаш-вереш да немаш.
алва..............2
Дури не къснит рисјанин лајна, Турчин не късвит алва.
Ќе те јада како алва на Прочка.
алваџија..........1
Алваџија за бозаџија.
алвата............1
Алвата е слатка и без леб.
алвица............1
Чекаше мрзливиот да му падни од Бога алвица, ама си остана со зината уста.
але...............7
Ако не е вака ко шчо ти вељам, мустаќиве ќе ги фрљам в але.
Грејт сънце в але.
На брзина само в але се ојт.
Сам чвек само в але го личит.
Сам чвек само за в але.
Со брзање само в але се ојт.
Сънцено и в але грејт, ама не смрдит.
али...............11
Ако не лажиш, али ако лажиш, речи да се сториш како прстов.
Али вино, али вода аљ' кажите да си сјодам.
Али вино, али вода аљ' кажите да си сјодам.
Али млад жени се, али млад калугери се.
Али млад жени се, али млад калугери се.
Али се стори чоек арамија, по себе си ја влечи ортомата.
Али се стори чоек арамија, тој веќе си ја клал глаата в торба.
Али ти е жив коњот шчо ти пцојса лани?
Не си водејнци али ваљајци, та викаш толку.
Не сум болен та ме опитвиш али сакам.
Пес али се скрастаи, крастата ќе го изеит.
алија.............5
Алија на мевот, Салија капа му крое.
Дојде Алија в џамија.
Облекол е Алија, куга се водел — па в тија.
Се променил Алија, се погљал — пак в тие.
Шчо Алија катен, то добарден.
алишта............1
Шарени алишта со срма кој носи, можи на старос да проси.
алиштата..........3
Алиштата ако ти се издрпани, никој за богат не те есапи.
Алиштата го покажуаат чоека за богат и сиромав.
Крпен биди во алиштата, ама не биди борчлија во чаршијата.
алиштето..........3
Ако е чоекот кус од алиштето, можиш да му го придаиш; ама ако е од умот — не можиш.
Ќе траит алиштето од Бадник до Бадник.
Од попа до коача го соши алиштето терзијата.
алката............2
Ако ти ја клаат алката на носот, како мечка ќе ми те водат.
Ако ти је клајт алката на носот, ќе те водит ко мечка низ село.
алките............1
Луѓето сет врзани со ал'шверишо како алките од синџиро.
алкот.............4
За алкот мрсуљ, за мене сокол.
Никој не можит да му је врзит устата на алкот.
Устите од алкот не се враќе да ги закључиш.
Устите од алкот не се врешче да ги затвориш.
алој..............2
Од алој јајце на глава ми се печит.
Триста алој си имам над глава.
алови.............1
Свинсќи опинци, говежџи ножичќи, алови чорапе, мачовсќи ерѓенган.
аловито...........1
Аловито — вековито.
алт'н.............2
Лекот ет за една пара, а кој не го знаи, алт'н дават.
Црна земја — алт'н покров.
алт'ни............2
Еден драм милос да има чоеко, одошто ока алт'ни да дават в црква.
Коњо алт'ни јадит и лепешки серит.
алтан.............1
Лекот е за една пара, ама кој не го знаит алтан дават.
алтани............1
Како алтани да имат во устана.
алтица............1
Сват сватица за алтица.
ама...............290
Ако го менал рувото, ама табиетот не.
Ако е аџија, ама да не ет ајнаџија.
Ако е виното кисело, ама срцето ни е весело.
Ако е куќата мала, ама да има пиење и веселба.
Ако е медот благ, ама прстите не се јадет.
Ако е тесно, ама нека е бесно.
Ако е човек кус на панталони, ќе му и наддадеш, ама ако е кус на ак'ло, не мож да му додадеш.
Ако е чоек сиромав, ама да е барем здрав.
Ако е чоек слаб на лице, ама нека е здрав на срце.
Ако е чоекот кус од алиштето, можиш да му го придаиш; ама ако е од умот — не можиш.
Ако јадам манџа во ваган, ама да ет од наш грнчар напраен.
Ако сака да изгорам од горештина, ама јас ќе одам.
Ако се забаит, ама да не се забораит.
Ако се ожениш, арно ќе сториш, ама гледај дали ќе можит жената да ја раниш.
Ако чоекот ет во снагата како скот, ама во душата ет како Бог.
Амин, господи, ама ногу е.
Арамијата и ноќе гледа, ама и од сенката се плаши.
Арен ак'л, ама малку пари чини.
Арен ти е зборот, ама тиквен ти е грошот.
Арна капа, ама лоша глава.
Арната овца многу не блејт, ама многу млеко дат.
Арно е да имаш жена и умна и лична, арно ама Господ две добра на едно место не дава.
Арно е да имаш жена умна и лична, арно ама господ две добра на едно место не дава.
Арно е се да знаеш, ама не требе се да приш.
Арно е се да знаиш, ама не треби се да праиш.
Арно јади, ама и арно работи.
Арно каче — ама тече.
Арното секој го валит, ама секој не го држит.
Арното секој го фали, ама секој не го држи.
Арното секој го фалит, ама секој не го прајт.
Арсланицата едно рожџат, ама арслан.
Бело ми е лицево, ама црно ми е срцево.
Бело му е лицено, ама црно му е срцено.
Бог дава, ама в кошара не накарува.
Болниот малу јајт, ама многу арџит.
Бољка сус кола флазе, ама низ иглини уши излезе.
Брада му порастила, ама умот не.
Браос, бре Гапе, падна, ама не се изваљка.
Брз е зајакот, ама побрз е 'ртот.
Брз коњ се втасуа, ама брз збор не се втасуа.
Вати да си оди коњо по пато, ама откоа го изеде грбачо.
Вера да веруаш, ама и добри работи да праиш.
Верви му на момокот, ама и на окото.
Виното и раќијата немет нозе, ама по нозе мавет.
Виното и раќијата немет ръце, ама за очи фашчет.
Вјасај за брго да втасаш, ама глеај да не се препниш.
Водата и огнот се добри слуги, ама лоши господари.
Волко длаката ја менуат, ама ќудта не ја менуат.
Волкот влаконото го менува, ама ќудта не ја менува.
Врапците буот го бркаат, ама сами в уста му влегуаат.
Време лошо ама друм врви.
Вълкот влакното го менвит, ама уќот не го менвит.
Газ што ќе посере се пере, ама уста што ќе посере не се пере.
Гази ми на стапалката, ама не гази ми на работата.
Гледе напред, ама обршче се и назад.
Го поканиле магарето на свадба, ама му рекле и самарот да си го зејт.
Гони го ѓаолот, ама не барај му трагот.
Господ бој му дал, ама ум не му дал.
Господ дава, ама в кошара не накарува.
Господ дават, ама в амбар не ти тура.
Господ дат, ама низ опак не пушчат.
Господ забаат, ама не забораат.
Господ забавја, ама не заборавја.
Госто и прди и не, ама домаќине не сопира.
Град глад не праит, ама тешко кого ќе наит.
Градот глад не прајт, ама тешко ке ќе удрит.
Грда е жената на онцица, ама работна и е раката.
Грда нека е жената, ама уредна да и е куќата.
Грозјето е црно, ама ќе го изедеш; снего е бел, ама ќе клекнеш
Грозјето е црно, ама ќе го изедеш; снего е бел, ама ќе клекнеш
Гулема рана здравее, ама лоша дума се павни.
Да земиш жена сиромашка, ама да не е лижи-саавка.
Да ме клоцнит ат, се јајт некако, ама да ме клоцнит красто магаре, со нишчо не се јајт.
Да растураш е лесно, ама да направиш е тешко.
Да те клоцнит ат, се јајт некако, ама магаре да те клоцнит, болит.
Да те ритне Турчин с чизма, нема да те боли, ама Циганино сос боса нога!
Дај вересија, ама на мразо пиши ја.
Дала баба грош да се фатит на оро, после дала и јузлук да се пушчит, ама не је пушчале.
Далеку оди, ама и за дома мисли.
Два ќотега се карет, ама не и два ручега.
Детето и милувај го, ама и потепнувај го.
Добри пријатели, ама и добри есапи треба да имаат.
Додека ти викаа бисерко, колај е, ама ракоа ле ти посерко, това и ќе си останеш.
Дома седам, ама Стамбол шетам.
Дума дупка не прави, ама ритканица прави.
Езико коски нема, ама коски крши.
Еќим душа не дава, ама болние полесно оздравува.
Еќим душа не дава, ама болниот со полесно го оздравуат.
Железото и дрво и камен сечит, ама и него 'рѓата го јадит.
Жена со пари се купуа, ама по селата.
Жените му баат на болните, ама и му пеат со попоите.
Жените со пари си ги купуаат мажите, ама во градоите.
За арчење пари колај, ама за печалење е тешко.
За пари арџење колај е мошне, ама за вадење помачно е.
Забаено, ама не забораено.
Зајакот ет брз за бегање, ама 'ртот уште побрз.
Зборот дупка не дупнуа, ама се паметуа.
Зборот дупка не отворат, ама рана отворат.
Зборот дупка не отворат, ама се паметвит.
Зборот не е стрела, ама полошо од стрела устрељвит.
Зборуат, ама и тој сам не знаит што зборуат.
Зиме да врни снег — го прилега, ама во лете е за страмота.
Змијата кога се влечит се се кривит, ама кога ќе приближи до дупката, сакат-неќит ќе се испраит.
Знъм шчо го болит, ама не можам да му поможам.
И лисицана е итра, ама кожата нејзина на ќуркчи је продавет.
И грозјето е црно ама е слатко.
И гъзов е мој, ама ми смрдит.
И гъзот ти смрдит, ама го носиш.
И ѓаолот знъјт шчо е арно, ама не прајт.
И јас мога, и кон може, ама господ не поможе.
И јасиката је висока, ама ја серет чафките.
И јъсикана е висока, ама сенка немат.
И јъсикана е висока, ама чавки је серет.
И кафено е црно, ама бегој го пијет.
И козата има брада, ама коза е.
И магаре не умира, ама и шарко си работа нема.
И мачкана би фашчала рипчиња, ама не сакат даси ги квасит нозете.
И медот е благ, ама прстите не се јадет.
И ова ќе поминит, ама тръга ќе остајт.
И пенот е убав ко да е променат и наситен, ама пак си е пен.
И пилето е маленко, ама седело си прави.
И плевната изгоре, ама и глувците.
И пчелана е малечка, ама мед берит.
И светците грешеле , ама се посветиле.
И светците згрешиле, ама пак се осветиле, откоа се покајале.
И тополана е висока, ама чавки је серет.
И царот е чоек, ама од Бога е благосоен.
И чоекот да ја сеит жито земјата, ама и Господ со сонце да ја стоплит.
Има у мнозина ум, ама у малцина разум.
Имам стока за продавање, ама немат нога.
Имат ука, ама имат и одука.
Инатчијата умират, ама зборот назад не си го земат.
Инетот коски немат, ама коски кршит.
Јаболконо го гљаш однадвор црвено, ама внътре гнило.
Јазико коски нема, ама коски кршит.
Јајцено е мало, ама големо пиле излегвит
Јъзикот коски немат, ама коски кршит.
Камењето и песокта сет тешки, ама збороите лоши од безумнио сет потешки.
Камилата е за аспра, ама аспра нема.
Капа се купвит, ама ум не.
Кашча тесна, ама срце нека е широко.
Кночко, ама дълго.
Кози и кожи не живеат на едно место, ама бива кат са се нашли.
Кој види в'вко и вике и не, ама кој само чуе, одере се викајќи.
Кокошката има мозок, ама ја знаат по копаните.
Коњ можи и јунак можит, ама кога Бог не му поможуат.
Корењата на учењето се горчли, ама плодојте благи.
Крвта вода не се прајт, ама понекогаш и гној се прајт.
Крпен биди во алиштата, ама не биди борчлија во чаршијата.
Курва врагува, ама знае и џуап да дава.
Кучка за селото да го брани не лаит, ама за газо свој да си вардит.
Ќе му дојди умо, ама ќе му појди кумот.
Ќе прокопса лошио, ама кога ќе му никни на ќосо брада.
Ќе прокопса, ама по смртта, или кога ќе си го видам тилот.
Лајна го раниш, ама лајна и ќе јадеш.
Легвит со кокошкине, ама станвит со петлине.
Лекот е за една пара, ама кој не го знаит алтан дават.
Лекот е за пара, ама кој го знъјт.
Лекот ет за една пара, ама кој го знаит?
Лесно е да зборвиш, ама тешко е да сториш.
Лесно е да се зборвит, ама тешко е да се работат.
Лесно е да се научиш, ама тешко е да се одучиш.
Лесно е некој да се кити со туѓи перја, ама тешко е да лета.
Лесно иде, ама тешко си оди болеста.
Лесно се велит, ама тешко се одвељвит.
Лесно се разболуваш ама тешко оздравуваш.
Лесно се фрљат каменот в бунар, ама тешко се изват од бунар.
Летото лита, ама да има кој да го фане.
Лоша мома, ама арен касмет.
Лошата пљага заздравјат, ама лошјот збор не се за бора.
Лоши и се на момето веѓите, ама чесни и се збороите.
Лошото лесно идет, ама лесно не си ојт.
Луто ако јадиш, ама благо да зборуаш.
Магаре на магаре прилегвит, ама в една врата не влегвит.
Мажот е глава на семејството, ама жената е вратот.
Макар е гол, ама е сокол.
Малечко зрно е леблебија, ама го јадат по раќија.
Ми даде, ама откоа ќотеко го јаде.
Мнаѕина се болни, ама не јъчет.
Многу ѓаол ет, ама аир не ќе видит.
Многу јал, ама со заб не џвакнал.
Многу пъти силата се радвела, ама секогаш правдата надољвела.
Многупати одит стомната на вода здрава, ама еднаш ќе се окршит.
Мнозина има пријатели, ама поеќе му се чаша дости.
Мнозина одат на туѓина, ама малцина пари добиваат.
Мнозина се надеваат по смртта да се спасат, ама се лажат.
Мнозина се причествет, ама не се исповедвет.
Мнозина сет викани за да бидат рисјани, ама малцина сет дојдени.
Мнозина таксуаат, ама малцина го исполнуаат.
Мошне ми оди на прт-кека, ама ако е до гуша и на Еѓупците борчлија.
Мошне се крева на големо, ама ако е дрво неделкано.
Мошне се прчит, ама не знам кај ќе му излезит.
Му дал господ бој, ама не му дал ум.
Му дојде паметта на растурачот, ама откога ја изеде стоката.
Му дојде умот, ама му појде кумот.
Му помина под рака, ама откоа се борија и падна.
Му текна, ама доцна.
Мъмејнцата мојт да бидит дебела ама секогаш е куса.
Мъчно е да трпиш, ама не и да паметвиш.
На гости убо, ама дома поубо.
На кафенето врата широка за влазење, ама тесна за излазење.
На секој се пилето качува на рамото, ама блазе му на оне кој умее да го фане.
На сто вреќи ќе врзеш устите, ама на една жена не можеш.
Не лажит, ама прао не кажуат.
Не мъмит, ама прау не кажвит.
Не се плашам, ама ми е страв.
Нека ми е като кука, ама да ми е тука.
Немат нишчо поблаго од сон, ама ако многу го љубиш без леб останвиш.
Неољата не е од железо, ама камења кршит.
Ни мене лозје, ама ни тебе грозје.
Низ јазико му се валка, ама не можит да го речит.
Никој не го викат вълкон, ама тој и невикан идат.
Образот е колку два прста, ама за нишчо на веков не се дат.
Овој век е мошне мил, ама смртен час да не беше бил.
Огнот и водата се арни измеќари, ама лоши господари.
Од град нема глад, ама тешко дека падне.
Од ѕвонците по нешчо, ама од козите ни рог.
Од страот се бега, ама од страмот не се бега.
Оди дја ќе одиш, ама дома да си дојдиш.
Оѓин и водата се арни слуги, ама лоши господаре.
Окото гљат далеку, ама умот ушче подалеку.
Опитај кого сакаш, ама од умот твој не дели се.
Остарел, ама умот не му дошол.
П'ти просјак да сам, ама леб и пари да си имам.
Падна, ама не се изваљка.
Парата е ѓаол, ама жената поѓаол.
Парата е Јуда, ама жената појуда.
Пари и Еѓупците имаат, ама чес немаат.
Планина сос планина не се сришча, ама човек сос човек се сришчаа.
Поарно е да се п'знеш, ама лоша дума да не продумаш.
Поп да припопуа, ама и троа да прикопуа и да приоруа.
Поп шчо прави — прави и ти, ама шчо вика — не го слуше.
Попувај, попе, ама и поорувај.
Правината се танчи, ама не се кинит.
Праината се кночит, ама не се ќинит.
Прај шчо ќе праиш, ама мисли и за утре.
Пријател биди ми, ама в кесе не посигај ми.
Пријателот пријател, ама грбо ти го копа.
Пчелата ако е мала, ама можи мед да збират.
Пченицата си ја каснал, ама не знам кога ќе му го јадам оризот.
Р'жен леб да јада, ама да сам здрав.
Раната заздравјат, ама тръга остат.
Рано пиле рано пое, ама и рано го колат.
Ржан лебец да јадам, ама на туѓина да не одам.
Руса нека е или калеша невестата, ама да ет умна и разумна.
Сакај му на Бога што ти треба, ама со молба.
Се е арно да знаеш, ама се да не правиш.
Се смеит, ама смеата низ нос ќе му излезит.
Сегде оди, ама пак дома дојди.
Сегдека арно, ама дома најарно.
Секоаш збирај, ама не растурај.
Секој знаи да јади слатко-благо, ама ако немат со што да си купи, со сол и леб ќе си поминит.
Секој сакат да остарит, ама неќит да умрит.
Сешто бидуа, ама старцу моме не бидуат.
Си ја влечка ортомата, ама ишала ќе го обесат со неа.
Сите лошото го знаат, ама не го праат.
Сите луѓе сет луѓе, ама поразумните сет полуѓе.
Со свој чвек јади, пи, ама алаш-вереш да немаш.
Сољ и пипер ќе јада ама не крада.
Срамота, срамота, ама арна работа.
Стомнана многу пъти ојт на вода, ама еднош се кршит.
Судијата кротко дума, ама пари зима.
Суша скапија не праит, ама тешко кој ќе го најдит.
Сънцено и в але грејт, ама не смрдит.
Сънцено и в кал грејт, ама не се ваљкат.
Те сака тебе ама повеќе се сака самиот.
Тесно, ама не е бесно.
Тесно, ама чесно.
Тешка рана оздравуа, ама тешка реч не се забораа.
Тргај, тргај, во пазарот, ама гледај, не кини.
Трн да те боцни, ама лош чоек да не те закачит.
Туку си лајт, ама кој го слуша.
У квача црни ръце, ама бела погача.
У ораче црни раце, ама бела погача.
У секого има лутина, ама блазе на тој што ја заузда.
У секого има мисла, ама блазе си му кој си ја има чиста.
У Солуна грош сомуна, ама до Солуна колку сомуна?
Убо е грозјено, ама ушче нездрело, рекла лисицата не моела да го досегнит.
Умират инатчијата, ама назад не се враќат.
Умират инатчијата, ама не се поклонуат.
Умнио чоек ако пие вино и ракија, ама умо не си го пиет.
Умниот пополека ојт, ама поборгу ќе фтасат.
Умниот пополека ојт, ама подалеку ќе фтасат.
Црн образ, ама пълна торба.
Црни дни имат, ама и бели имат.
Црно е, ама мое ми е, рекла Еѓупката кога је рекле оту детето је било црно.
Чвек е чвек, ама е и магаре.
Чекаше мрзливиот да му падни од Бога алвица, ама си остана со зината уста.
Шапката му ет арна, ама глаата му ет празна.
Што ќе сториш, стори, ама и за назад мисли.
Следниот дел
Горе