Следниот дел

Претходниот дел

 лекот.............8
Лек да са фате! - се вели кога ќе се плати лекот.
Лекот е за една пара, ама кој не го знаит алтан дават.
Лекот е за пара, ама кој го знъјт.
Лекот ет за една пара, а кој не го знаи, алт'н дават.
Лекот ет за една пара, ама кој го знаит?
На секое зло смртта му е лекот.
На смрт лекот му е умирачката.
Секоја болес си има и лекот.
 лекуање...........1
Отруачката не е за луѓе труење, ами за лекуање.
 лекува............2
Рана шчо се крие, мачно се лекува.
Со пари тагата не се лекува.
 леле..............3
Вура супура за три дена, ох леле за сите дена.
За туѓо леле не треби плачење.
Тупа, лупа за три дни, оф и леле за си дни.
 лелеит............1
Песна пеит, гора се лелеит.
 лели..............9
Го зела матната лели се сторил пијаница.
Лели имам женска челад и со црниот ѓавол ќе се сосвата.
Лели ме турнал Господ, и вредно и невредно ќе ме туркат.
Лели мрциново, па мрциново.
Лели сум сиромав, никој ме неќит.
Лели сум сиромав, никој род немам.
Лели те сака главата, опашката што ќе прави.
Никоја река не го мие, лели во борч влезе.
Песна ќе му пеам, лели да ти го напраам.
 леликат...........1
Кој ојт по бога, леликат до бота.
 лен...............1
Лен благо не јајт.
 ленарки...........1
Будинарки — се ленарки, митрашинки — пенугарки.
 ленивата..........1
Ленивата рака доноси сиромашчија.
 лениш.............1
Јадиш, пиш, лениш, спи — така си праат мрзливите жени.
 леноста...........1
Леноста е мајка на сите лошоти.
 лепаец............1
Се залепил за мене како некој лепаец.
 лепешка...........5
Кој ојт по бумбар, ќе го однесит на лепешка.
Летна лепешка — зимна понада.
Не буричкај лепешка да не ти смрдит.
Од лепешка зелник не се месит.
Сонцето греит и на лепешка.
 лепешката.........1
Ако се плашам од бијол, не и од лепешката.
 лепешки...........1
Коњо алт'ни јадит и лепешки серит.
 лепи..............1
Нема ле си човек од внетри, ти му лепи од вонка.
 лепит.............2
Пукнатото грне мъчно се лепит.
Сешчо за ръка му се лепит.
 лепич.............1
Не ме смете разлошка в'на сос лепич.
 лепче.............3
Во лето имат на секое трнче и лепче.
Од малу брашно мало лепче.
Со малу брашно мало лепче.
 лесен.............10
Лесен е во глана.
Лесен е во умон.
Лесен е под капана.
Лесен ет будалата во умот.
Лесен ум, јаки ноѕе.
Лесен, дури со суи штици.
Лесен, лесен, дури однесен.
Лесен, лесен, дури однесен.
На чужџи плешчи тварот е лесен.
Тварот е лесен на чужџи плешчи.
 лесица............4
Итра лесица — пада в стапица.
Лесица вов вреќа не влази.
Лесица вов вреќа се не продава.
Сос лесица се на пазар не оди — ќе ти подвали.
 лесици............1
Господ да те запази од лесици клеветници и од в'ци мурафетл'ци.
 лесичка...........1
Лесичка правина — права како важе в торба.
 леској............1
Пушчи леској, фати дреној.
 лесна.............2
Ќелава брада — лесна за бричење.
Старост чесна не е многу лесна.
 лесно.............48
Ако имаш вујко владика, лесно ќе се сториш поп.
Ако си мушчерја, лесно ќе се погодиме.
Болеста лесно дооди, лесно не си оди.
Болеста лесно дооди, лесно не си оди.
Будалата лесно се прелажуа.
Готој пари и печен леб лесно се јадет.
Да растураш е лесно, ама да направиш е тешко.
Доброто лесно се заборавјат, а лошото никогаш.
Душа од мрша лесно не се делит.
Една прачка лесно се крши, ногу прачки не се кршат.
Една прачка лесно се кршит, а поеќе мачно.
Еле сме си ние, лесно е.
Злото многу лесно дојдуат, а доброто мачно.
Ѕвонец лесно не се носит.
И зелник се лесно не јаде.
Кој лесно вервит, лесно се мъмит.
Кој лесно вервит, лесно се мъмит.
Кој немат, лесно фешчат.
Лесно е да бидиш арен со чужџо арно.
Лесно е да бидиш на гото дете татко.
Лесно е да зборвиш, ама тешко е да сториш.
Лесно е да имаш, тешко е да чуваш.
Лесно е да се зборвит, ама тешко е да се работат.
Лесно е да се научиш, ама тешко е да се одучиш.
Лесно е да се прајш на гото дете татко.
Лесно е да се разболиш, тешко е да оздравееш.
Лесно е да фалиш пости со пълн мев.
Лесно е некој да се кити со туѓи перја, ама тешко е да лета.
Лесно е покрај чаша јунак да бидиш.
Лесно иде, ама тешко си оди болеста.
Лесно му е на богатиот.
Лесно се велит, ама тешко се одвељвит.
Лесно се разболуваш ама тешко оздравуваш.
Лесно се фрљат каменот в бунар, ама тешко се изват од бунар.
Лошото лесно идет, ама лесно не си ојт.
Лошото лесно идет, ама лесно не си ојт.
Не е лесно старо бунишче куга се запали.
Не смеј му се на будалата зашчо лесно мојш да го фтасаш.
Од ко ќе умрит чвек, лесно е за него да се зборвит сешчо.
Од чужџа торба лесно се дат.
Парите лесно излегвет од џепот.
Покрај чаша лесно јунак се бижџат.
Со збор се е лесно.
Со пълн мев пости да фалиш, лесно е.
Со чужџи ръце лесно се фашчат врено железо.
Со чужџо добро добар да бидиш лесно е.
Тешко е Бисерко да се викаш, та за постранко е сосем лесно.
Чесниот чвек лесно се мъмит.

Следниот дел

Горе