Следниот дел
Претходниот дел
леба..............1
Крста ми, леба ми, којшто ти вели, сака да те излажит.
лебец.............3
Дај милостина лебец и чаша студена водица, за поеќе греои да ти се простат.
На сиромајот јасјето му од лебец, со солца и пиперца.
Ржан лебец да јадам, ама на туѓина да не одам.
лебинка...........1
Лете има на секоја лединка и лебинка.
леблебија.........2
Малечко зрно е леблебија, ама го јадат по раќија.
Ми даде леблебија, ми зеде мендухија.
лебо..............4
Кучето дека јаде лебо, там брани.
Му влезе лебо во забите, затоа го кошка со нога.
Од дрво и од камен треба лебо да си го вадиш.
Откога ќе се скрши лебо, веќе не се стауат.
лебон.............1
И лебон плачит ко се јајт забадјала.
лебот.............7
Да ти е арам лебот шчо го јајш.
Како од камен го вадит сиромајот лебот.
Кој барат преку лебот погача, ќе останит без леб.
Кому му е квасо голем, побрго му кисни лебот.
Лебот е поблаг кога е заработан.
Лебот со сълзи го јајт.
Умниот и во сонот си го изват лебот.
лебу..............2
Ела лебу, да те јадам.
Лежи, лебу да те јадам.
лев...............1
Имаш ле лев в раце, арен си.
лева..............1
Лева рака — десен џеб.
левам.............1
Ни даам, ни земам; ни гурам, ни левам.
левата............2
Ако даиш со десната рака милостина, гледај да не те узнаи левата.
Го зајаде левата рака.
лево..............1
Кога ти игра лево око ќе се разболеш.
легалото..........1
И на ѓаолот легалото му го знъјт.
легви.............1
Рано станви, доцкна легви!
легвит............3
Кој на утро богато јајт, си легвит без вечера.
Легвит со кокошкине, ама станвит со петлине.
Легвит со кокошкине.
леген.............1
Зошчо ми е златен леген кога крв ќе пљувам во него.
легна.............1
Му легна на табието виното на пијаницата.
легнав............1
Кога легнав, како скапана круша веднаш заспав.
легнал............1
Легнал на колк како бег.
легнат............1
Како ќе си постелат така ќе си легнат.
легне.............1
Ќе си дојде на годините, ќе му легне умот.
легнеш............2
Ка си постелеш, така ќе си легнеш.
Какво си постелеш, на такво ќе си легнеш.
легни.............9
Јади, пиј, гладан легни, спиј.
Легни му да те гази.
Легни, стани, господи брани.
Ов легни, ов стани, цел стави, ич не крени!
Од жена кој маж ќе земи пари, нека си легни да го газит.
Оф легни, оф стани, цел стави, не крени.
Рано легни, рано стани.
Стемни се, раздени се, легни пукни, то ти бил веков.
Цел легни, цел стани, цел стави не крени.
легниш............4
Ако си постелиш, ќе легниш.
Како ќе си постелиш, така ќе си легниш.
Како си послал, така ќе легниш.
Поарно и без вечера да легниш, отколку борчлија да станиш.
легнуат...........1
Мека постела сиромајот ако барат, гладен ќе си легнуат.
легнува...........1
На стара баба не се кажува ка се легнува.
легнуве...........1
Кој как постеле така и легнуве.
ледина............1
Се препна на права ледина.
лединка...........1
Лете има на секоја лединка и лебинка.
ледо..............1
Пише на ледо — ќе го покрие снего.
лежал.............1
Болен ле си лежал или си болен чувал?
лежала............1
Ке лежала пак да лежит.
лежат.............3
Болници лежат, квасници врват.
Жените одат на бања, ако мажите му лежат апсаана.
Мртвите ќе лежат во земјата дури да чујат од ангело свирката.
лежет.............2
Два душмана лежет в една постеља.
Две добра на една перница не лежет.
лежи..............6
Болен лежи лошио чоек, на постела ет и пак од лошото не се остаа.
В'ко дека лежи не дави.
Лежи, лебу да те јадам.
Лете кој лежи под сенка, зиме под стреа.
Му са сичеја жилте - кога некој долго лежи
Си лежи на колк како некој дембел.
лежит.............6
Еѓуптинот под черга лежит, а Еѓупката по село пита.
Ке лежала пак да лежит.
Куќата не лежит на земи, туку на жената.
Лежит мрзливион како некој умрен.
Лежит мрзливион на плеќи и чекат нешто од Бога да му паднит.
Ортачка кобила в кал лежит.
лежиш.............1
Од дека лежиш, од тамо р'жиш.
лезет.............1
Тапано сткраја да го слушаш, поарен лезет имат.
лек...............24
Ако има век, ќе има и лек.
Ако имат век, ќе имат и лек, ако немат век, ќе немат ни лек.
Ако имат век, ќе имат и лек, ако немат век, ќе немат ни лек.
Врзи прс и тере лек, па да ти бае секоа баба като шчо знае.
Врзи прс, за да бараш лек, да секоја баба ќе ти баи како што знаи.
Врзи прст, барај лек.
Дури не врзиш прс и да бараш лек, да кому како ќе му текни, и лек ќе ти кажит.
Дури не врзиш прс и да бараш лек, да кому како ќе му текни, и лек ќе ти кажит.
За се имат лек, ако имат век.
За старо лек — мътика и лопата.
Имат век, имат лек.
Имат век, имат лек; немат век, немат лек.
Имат век, имат лек; немат век, немат лек.
Кога немат век, немат лек.
Лек да са фате! - се вели кога ќе се плати лекот.
На лек и селимет! - се вели кога ќе заврши лечењето.
На секое зло лек му е смртта.
На секоја бољка имат лек, а на страмот ни до век.
На секоја бољка имат лек.
Не бива да е од чума лек.
Пресечена гла лек немат.
Секоа болес си има лек.
Смртта е лек за се.
Смртта е најарен лек за секоја боља.
Следниот дел
Горе