Следниот дел
Претходниот дел
леставица.........1
Сос една леставица пролет не дооди.
лета..............5
Високо орело лета, затоа далеку гледа.
Времето си лета како со крилја.
Лесно е некој да се кити со туѓи перја, ама тешко е да лета.
На децата умот му лета.
Не се јади све што лета.
летај.............1
Летај ако сакаш по облаци, и пак не можиш да се вкачиш на небеси.
летаат............5
Дните си летаат како со крила.
Дните си летаат како стрела.
Кај што летаат чавки, има нешто.
Поарен си да имаш едно врапче в рака одошто сто да летаат.
Старите му се чудат на младите оти си летаат со умоите.
летат.............10
Вјавај ме, жељко, дури летат орелон над мене.
Да му речет: Летат магаре, тој ќе излезит да го видит.
Зъјакот је рекол на жељката; Вјај ме жељко, дури орелон летат над мене.
И пчелана по убото цвеќе летат.
Кој високо летат, ниско ќе паднит.
Му се чини на децата оти се што летат се јадит.
Не се јајт се шчо летат.
Не се летат дури не порастет крилја.
Се што летат, не се јадит.
Се шчо летат не се јајт.
лете..............22
Во лете спечали си, во зиме јади си.
Еден си е памет — дали за зиме или за лете.
Еден ум имам: дали за лете, дали за зиме.
Еден ум, аљ за лете, аљ за зиме.
Зиме да врни снег — го прилега, ама во лете е за страмота.
Зиме леб, а лете гуна носи, рекол овчарот.
Зиме расол и сланина — лете крава и градина.
Зиме, лете треби да се работи, оти сака да се јади.
Кој лете ладува, зиме гладува.
Кој лете пладнуват, тој зиме гладуват.
Којшто во лете пладнува, во зиме гладува.
Лете без кожув, а зиме без леб не оди, рекол овчарот.
Лете да си куче, зиме да си мачка.
Лете зелено — зиме бело.
Лете има на секоја лединка и лебинка.
Лете кој лежи под сенка, зиме под стреа.
Лете ладува, зиме гладува.
Лете не оди без качул, а зиме без јужина.
Лете работат и мравките.
Лете рај, зима вечна.
Пчелите и мравите лете збираат за зиме да јадат.
Селска кашча зиме без расол, а лете без матеница, не е кашча.
летен.............3
Летен измиќар — зимен господар.
На летен облак и зимна ведрина многу не верви им.
Шчо дат летен ден, не дат зимна година.
летенце...........1
Секое летенце и детенце.
летна.............3
Било, што било, сојкино крило: сојката летна, мачката клепна.
Летна лепешка — зимна понада.
Летна пилето, остана празно седелото.
летнало...........1
Гледај дури не ти летнало врапчето од рака, оти после мачно се ваќа.
летне.............1
Зборот не е врапче. Ако летне не се фаќа.
летни.............1
Ржаниче, медениче, ја летни, уплаши ме, оти ми подбелеа без тебе очиве.
летно.............3
Летно време и на трн колак бива.
Летно ѓубренце, зимна понада.
Летно лајно, зимна понада.
лето..............14
Арното лето се познава по пролетта, арние ден по ѕаранта.
В лето бес гуна и в зима бес леб да не ојш на дрва.
Во лето имат на секое трнче и лепче.
Дојде Танас, дојде лето у нас.
Кое лето без горештина.
Лето без горештина не бидуа.
Лето дојде, зимата си отиде.
Лето за сиромаси, а зимо за богати.
Лето — пресно млеко; а зима — лута змија.
Нема лето без жешко.
По зимата лето, по сънцето дожд.
Сечи сечко, не сечи, па на лето мирисаш.
Со едно цвеќе лето не бидвит.
Со едно цвеќе лето не идит.
летојна...........1
Сечко сечит, не сечит - на летојна мирисат.
летото............4
Летото бргу поминвит.
Летото лита, ама да има кој да го фане.
По летото и зима идат.
Шчо ти дат летото, зимата ти го земат.
лешника...........2
Два лешника еден орев го кршат.
Два лешника еден орев надвивјет.
лешници...........1
За три лешници девет трешници.
лешча.............3
Ега се посереш од варена лешча.
Кур се вари побрже од лешча.
Не учи баба ка се сади лешча.
лечењето..........1
На лек и селимет! - се вели кога ќе заврши лечењето.
лечит.............3
Време течит, пљаги лечит.
Времето се лечит.
Поарно е да се спречит, одошчо да се лечит
ли................8
Дават ли ти - зиме, гонат ле те, беге.
Дојде ли Митроен, чекај си Ѓурѓевден.
Здрави ли ти се гнили јајца?
Писо мацо, дреме ли попот?
Сакаш ли човека да го видиш каков е дај му власт.
Со глава се турка ли ѕид.
Тргаа ли во злото, ете го пред тебе дошло.
Шума ли ти вълна, да е дупка пълна.
ливадата..........1
Ако ти продадох кравата, не ти продадох ливадата.
лиже..............3
Жена што лиже тис не лижеш.
Кој е околу медо, он си лиже прстите.
Кучето кокале ни го лиже, ни на друг го дава.
лижеш.............1
Жена што лиже тис не лижеш.
лижи..............4
Кај што плука чоек, треба да не лижи.
Ке ќе пљуниш, не лижи.
Не лижи ке шчо си пљунал.
Шчо ќе пљуниш, не лижи.
Следниот дел
Горе