Следниот дел
Претходниот дел
ланската..........1
Ланската година ја бараме годинава, а годинашнава в година.
лански............1
Поминало ко снегот лански.
ланско............2
На ланско огнишче оган барат.
На ланско огнишче оган не се барат.
ланцко............1
На ланцко огниште огон не барај.
лао...............1
В'ко се од кучето не плаши, туку од лао.
лапаш.............2
Ако не трапаш, не лапаш.
Ако трапаш, ќе имаш и да лапаш.
лапнал............1
Зинал да лапнит бијол, та лапнал ајпида.
лапни.............2
Зини, земјо, лапни!
Зини, усто, лапни море — не бидуа.
лапнит............2
Зинал да лапнит бијол, та лапнал ајпида.
Рашири уста за да ме лапнит.
ласт..............1
Кучињата ласт, карванот си врвит.
ластварка.........1
За една кола грнци една ластварка е доста.
ластики...........1
Жените со ластики, мажите без парички.
ластојца..........1
Една ластојца не прајт пролет.
ластојце..........1
Ластојце, грамотнице, на ти сино и зелено, дај ми бело и црвено.
ластовица.........1
Една ластовица не прави пролет.
ластовичка........1
Една ластовичка не ја чини пролетта.
ластунката........1
Како семката, и ластунката.
лаф...............1
Добрио лаф железни врати отворва.
лафој.............1
Многу лафој, торба стапој.
лачи..............1
Лачи го лозјето да ти уздреи грозјето.
ле................71
Арна ле ти е жената, свадба не ти требе.
Бега ле комшијата, поварке и ти.
Берберин ле си, секакви бради ќе стрижеш.
Болен ле си лежал или си болен чувал?
Бричи ле се комшијата, топи се и ти.
Видиш ле луд, не стануве друг.
Видиш ле матна вода, не гази.
Врзат ле те за уста, ќе те водат като вол.
Гара сос гора се состанува, а камох ле човек сос човек.
Гори ле на комшијата кашчата, трчи да гасиш твоата.
Грми ле ногу, не врне.
Дават ле ти зимај, гонат ле те бегај.
Дават ле ти зимај, гонат ле те бегај.
Дават ли ти - зиме, гонат ле те, беге.
Додека е млад, секуј го иска, остаре ле, нико го неќе.
Додека ти викаа бисерко, колај е, ама ракоа ле ти посерко, това и ќе си останеш.
Дојде ле косење, дојде и пички просење.
Дрнкало ле е ралото, и српо ќе дрнка.
Духна ле му под опашката.
Жив земја влази ле се?
Забандало ле се е, ќе се избанда.
Замира ле, не умира.
Здрав ле е човек, се има.
Змија кажува ле си нозете та и мома греовето.
И снцето не мош насекаде да огрее, та јас ле.
Игра ле мечката у комшијата, ќе дојде и у тебе.
Имаш ле вуќа владика, поп ќе бидеш.
Имаш ле грб, самаре триста.
Имаш ле лев в раце, арен си.
Имаш ле магаре, не си магаре.
Имаш ле маша, нема да си гориш прстите.
Караш ле магарето, ќе му трпиш и прдежо.
Куме, ќе јадеш ле печено прасе, или да го пушча да пасе?
Ќе јадеш ле, куме, печено прасе, или да го пушча да пасе?
Молат ле те — зиме, гонат ле те — беге.
Молат ле те — зиме, гонат ле те — беге.
Му рекле на вълкот: Речи Вангеле! Тој рекол: јагне ле.
На вълкот му рекле: Речи Ванѓеле! Тој рекол: јагне ле.
Наврвиш ле по бумбаро, он ќе те одведе на говно.
Направи ле на друг ќефо твое ќе го растуриш.
Научи ле се куче на касапница, не се одучува.
Научи ле се кучето кокал да глода, се ќе си тера да глода.
Не видех аир од очите, та од клепките ле?
Не ме е огреало с'нцето до пладнина, та од пладнина ле?
Не сам видел арно од очите, та од клепќите ле?
Не си ле фане сајбиска рака, нема фајда од другите.
Неќеш ле мира, на ти секира.
Нема ле кокошка, може и чавка.
Нема ле погача, ако е и колаче.
Нема ле си човек од внетри, ти му лепи од вонка.
Нема ле таир, нема ни саир.
Немаш ле в главата, ќе имаш в нозете.
Овца ле си, и в'ци ќе те јадат.
Од бога дојде да трпиш, та од човека ле?
Одбираш ле, ќе избереш.
Оѓин сос слама се не гаси. Ојде ѓемијата та лосто ле ќе жала?
Петело најде ле зрно, викне кокошќите, а па сам го изеде.
Пушчиш ле го низ село воз село, дома не дооди весело.
Разбира ле свинло од кладенчова вода?
Рипа ле комшијата, рипе и ти.
Скакаа ле од кол на кол, ќе се наденат на некој.
Та балд'за рода ле е и магаре стока ле е.
Та балд'за рода ле е и магаре стока ле е.
Тенко ле е влакното ќе се преќине.
Тепаш ле, ќе те тепаа.
Трн вов пазви тура ле се?
Умре ле етрвата, ќе се прошири золвата.
Умре ле јагнето, овцата се зам'зуза веднага.
Фати ле се на орото, ќе играш.
Чеше ле те друг, и месо ќе отќине.
Човек жив в земја влази ле?
лељајка...........2
Во каква лељајка го повиле, во таков гроб го закопале.
Каква лељајка го залељала, таква мътика го закопала.
леќа..............1
Се наврли како леќа на Велигден.
лејка.............1
Нашол глушецот дупка да се скрие па си врзал и лејка за опашката.
лејката...........1
Ја накрена лејката.
лејт..............1
Езеро со лопата не се лејт.
леб...............68
Ако не дајш труд, ќе јадиш леб и лук.
Ако те удри некој со камен, ти удри го со леб, така рекол Христос.
Алвата е слатка и без леб.
Без работа леб немат.
Без работа, без леб; без работа, без чест.
Блага водичка, потурнилебец, рекол сиромајот кога јадел сув леб.
В лето бес гуна и в зима бес леб да не ојш на дрва.
Врти куќа без леб.
Готој пари и печен леб лесно се јадет.
Даруј на Еѓупка леб, ако сакаш да те вати некој грев.
Еѓуптинот го клале цар, а тој опитал: Шчо ќе прам за леб?
Зиме леб, а лете гуна носи, рекол овчарот.
И ние леб јадеме, трева не пасеме.
Јајт леб со сълѕи.
Како да не јајт леб секој ден.
Ко да спијат, леб не јајт.
Ко имат леб, немат сољ.
Ко имат сољ, немат леб.
Кој барат преку лебот погача, ќе останит без леб.
Кој не е јал чужџи леб, он нишчо не знае.
Кој по тебе со камен, ти по него со леб.
Којшто дава леб по пците, ќе му останат немутриците.
Колку леб, толку сирење нема.
Ќе го јадеше како леб и сол.
Леб без квас не бижцат.
Леб без мътика немат.
Леб и вода е најарна рана.
Леб и сол - Божи блаосов.
Леб и сол што дал Господ.
Леб по земја не се фрла — греота е.
Леб со нога не се кашка, оти е греота.
Лете без кожув, а зиме без леб не оди, рекол овчарот.
Мек леб за деца, а попара за баба.
Му даде повеќе леб од сирење. (Го тепаше).
Му даде повеќе сирење од леб.
Му дале печен леб в ръце.
На 'ржан леб манџата е глад.
Нашата невеста многу арна ет: кога спиет, леб не јадит!
Немат нишчо поблаго од сон, ама ако многу го љубиш без леб останвиш.
П'ти просјак да сам, ама леб и пари да си имам.
Пијаницата саде ќев терат, а децата без леб седат.
Поарно без вера, одошчо без леб.
Поарно денеска да ми даиш леб и сол одошто утре леб и шеќер.
Поарно денеска да ми даиш леб и сол одошто утре леб и шеќер.
Поарно денеска леб и сољ, одошчо утре печена кокошка.
Поарно е леб и сол да јадеш, од шчо дома да се караш.
Поарно леб и сол да јадиш одошто дома да се караш.
Поарно сув леб со мир, отколку печено јагне со кавга.
Повели, брате, ручај леб и заби.
Р'жен леб да јада, ама да сам здрав.
Раскршен леб не се заварува.
Свој леб јади, чужџо гајле бери.
Секое леб месење и торба тресење.
Секој знаи да јади слатко-благо, ама ако немат со што да си купи, со сол и леб ќе си поминит.
Сирење без дупчиња, леб со дупчиња, вино без пена и раќија со пена секогаш се арни.
Скржаиот леб арно не се најадуат.
Со работа - со леб, со работа - со чест.
Со свој леб на гости, гости не слагаат.
Суша леб питат.
Тежок е чуџјот леб.
Ти му даваш леб, он ти иска мед.
У секој домаќин се наоѓат по едно парче леб.
Убавина леб не дават.
Чужџјот леб е џежок.
Чужџјот леб зъби кршит.
Чужџо гајле берит, а свој леб јајт.
Што дал Господ, леб и сол.
Што девојче, што стока, кога спиет, леб не јадит.
Следниот дел
Горе