Следниот дел
Претходниот дел
лает..............4
Карванот си врвит, кучињата лает.
Кој ранит чужџи кучиња, ќе го лает негојте.
Сите кучиња шчо лает не късет.
Тешко вълкот по кого не лает кучиња.
лаж...............2
Аџија лаж — ѓаол со опашка.
Лаж и скржав веднаш се погодуаат во пазаро.
лажа..............3
Ако не е лажа, верно е.
Лажа река не гази.
Мижи ќорчо да те лажа.
лажам.............4
Ако те лажам да не осунам.
Лажи ме да те лажам, бре брате.
Мижи да те лажам.
Мижи очи да те лажам.
лажат.............2
Мнозина се надеваат по смртта да се спасат, ама се лажат.
Црвени-бели образи девојчински и лажат очите ергенски.
лажата............2
Лажата врх има, корен нема.
На лажата нозете са куси.
лаже..............7
Ако баба лаже, трап не лаже.
Ако баба лаже, трап не лаже.
Кадија лаже, ѓубре не лаже.
Кадија лаже, ѓубре не лаже.
Кој лаже, тове и краде.
Кој ногу дума, ногу и лаже.
Момата се лаже додека е млада.
лажеш.............2
Ако не знаеш да лажеш, немој ни да крадеш.
Лажи, шчерко, кој ќе лажеш: и маќа е момувала, и маќа врагувала.
лажи..............16
Баба лажи - трап не лажи.
Баба лажи - трап не лажи.
И итриот се лажит, како будалата што се лажи.
Ит'р се лажи, глупав се рани.
Кој кради тој лажи.
Којшто лажи, можи и да си крадит.
Лажи - Богоројца не биди.
Лажи го дека му наметнеш оглавта.
Лажи ме да те лажам, бре брате.
Лажи — мажи.
Лажи, шчерко, кој ќе лажеш: и маќа е момувала, и маќа врагувала.
Мајсторо ако лажи еднаш, калфата дваж.
Не лажи, не кради — снајди се.
Не лажи, не кради, ами работи, и Господ ќе ти наврти.
Поп ако лажи еднаш, мирјанинот дваж.
Сам Господ се чуди кога гледа поп да лажи и да кради.
лажибогородица....1
Бог да те чува од лажибогородица.
лажит.............6
Баба за круши не се лажит.
И итриот се лажит, како будалата што се лажи.
Лажит како некој Евреин.
Лажот и сам себе се лажит.
Лажот лажит како Еѓупка.
Не лажит, ама прао не кажуат.
лажите............1
Ако бабата е умрела, лажите не е однела.
лажица............4
Ако сакаш голема лажица земи и голема мотика.
Кој знае, признава и на лажица; кој не знае, не признава и на паница.
Сето море матеница, за нас па нема лажица.
Со лажица морето не се исцрпуат.
лажиш.............6
Ако не лажиш, али ако лажиш, речи да се сториш како прстов.
Ако не лажиш, али ако лажиш, речи да се сториш како прстов.
Греота е да лажиш, ами и страмота е да се лажиш.
Греота е да лажиш, ами и страмота е да се лажиш.
Ит'р да си да се не лажиш, ами и да не излажиш.
Кога лажиш, кај се пулиш?
лажиче............1
Кај што има голема гозба, земи си мало лажиче.
лажичник..........1
Лажичник и газичник се познаа.
лажлив............3
Лажлив поп сеедно да кажуат за Бога, никој не го веруат.
Лажлив човек и право да кажува, никој не го верува.
Лажлив чоек и прао да кажуат, никој не го веруат.
лажот.............3
Лажот и сам себе не се веруат, камоли другога.
Лажот и сам себе се лажит.
Лажот лажит како Еѓупка.
лазара............1
Ни с мъжа, ни с Лазара.
лаи...............2
Куче што не лаи и не каса.
Кучето си лаи, карвано си врви.
лаит..............3
Кучка за селото да го брани не лаит, ама за газо свој да си вардит.
Лаит песот за да си брани комато.
Секо куче дома си лаит.
лакно.............2
Од сто бради по лакно — цела брада; на стомина по лакно — без брада.
Од сто бради по лакно — цела брада; на стомина по лакно — без брада.
лаком.............5
Лаком газ крв сери.
Лаком газ не е газ.
Лаком гъз, крв серит.
На скржав и лаком очите не му се п'нат.
Ни во куче вера, ни во лаком мера.
лакомјот..........1
На лакомјот секогаш му е малу.
лакомија..........1
Големата лакомија чоека поболуа.
лакомо............2
Око лакомо, душа загубена.
Чвечкото око е лакомо и ненаситно.
лакот.............1
Педа човек — лакот брада.
лакрдија..........1
Брз коњ се стигнува, а брза лакрдија не може.
лакрдијата........1
Прецеди ја лакрдијата, да после речи ја.
ламја.............4
Здравјот е појунак и од ламја.
Куќа — ламја.
Ламја си за јадење, а за работење мрава.
Раширил уста како некоја ламја.
ламјата...........1
Ламјата го пие бериќетот кога не се раѓа.
ламба.............2
Ламба без газје и фитиле не гори.
Негвата добрина, ко ламба на полден.
лани..............10
Али ти е жив коњот шчо ти пцојса лани?
Да ти е жив коњот шчо ти цојса лани.
Ќе му и плати парите лани на грозје брање.
Ќе му и плати парите лани на лук брање.
Ќе му и плати парите лани на Петроен.
Лани баба умрела, годинава се свапирила.
Лани баба умрела, годинава се смрдела.
Лани бев на туѓина, годинава не сум дома.
Лани горела, а са смрдела.
Лани куќи изгореле, годинава посмрделе.
Следниот дел
Горе