Следниот дел
Претходниот дел
кажит.............8
Ајванот немат јъзик, та не знъјт да кажит шчо го болит.
Ако се измъмит, та вистината да ти ја кажит.
Дури не врзиш прс и да бараш лек, да кому како ќе му текни, и лек ќе ти кажит.
Змија нога кажвит, та тој нешчо да кажит.
Кога ќе ти платит, и мене да ми кажит.
Кој не сакат да дајт, ќе најт шчо да кажит.
Мрзливио секоаш прашај го да кажит колку е саатот.
Шчо не мојт ѓаолот да сторит, ќе је кажит на баба да му поможит.
кажите............1
Али вино, али вода аљ' кажите да си сјодам.
кажиш.............1
Да се не веруаш и на брата ти, та да му кажиш некој скришим работи.
кажуј.............2
Кажуј праото пред секого и ич не бој се од никого.
Не кажуј му на татка ти кај му се нивјето.
кажуало...........1
Било, да за тоа се кажуало.
кажуат............5
Лажлив поп сеедно да кажуат за Бога, никој не го веруат.
Лажлив чоек и прао да кажуат, никој не го веруат.
Не лажит, ама прао не кажуат.
Од кај знаи тој што кажуат, зер со Бога зборуал?
Од кокошка нога јал, та затоа скришното го кажуат.
кажуаш............1
Кога не те прашаат, не треба да кажуаш.
кажува............4
Змија кажува ле си нозете та и мома греовето.
Лажлив човек и право да кажува, никој не го верува.
На стара баба не се кажува ка се легнува.
Шчо мисли трезвеш, пијан го кажува.
кажувај...........1
На жена тајна не кажувај.
кажуваа...........1
Улавите рогове немаа, сами си и кажуваа.
кажуваш...........1
На жена срцето да не си кажуваш.
кажуве............2
На стара баба за тове не кажуве.
Не кажуве каков си бил, туку каков си.
каза..............2
На мајтап рече, вистината је каза.
Се слизна јъзикот, је каза вистината.
казанче...........1
Молчи, чепче, под казанче.
казна.............1
Прошката е најстрога казна
каише.............1
Притегни се колкав ти е каише.
как...............1
Кој как постеле така и легнуве.
какај.............1
Тука папај, тука какај.
какан-ден.........2
Да се нает за какан-ден.
Пак ќе дојт какан-ден.
какараска.........1
Какараска од кол на кол — на остар кол.
каква.............20
Во каква лељајка го повиле, во таков гроб го закопале.
Каква брада, таков брич.
Каква врата — таков клуч.
Каква врба, таков клин.
Каква гла, таков брич.
Каква глава, таква капа.
Каква домаќинката, таква и куќата.
Каква коза, такво јаре.
Каква куќата, таква домаќинката.
Каква лељајка го залељала, таква мътика го закопала.
Каква мајка, таква ќерка.
Каква маќа — таква шчерка.
Каква му гла, таква му капа.
Каква рачичка преда, таква газичка носила.
Каква ти е верата, таква ти е и вечерата.
Каква чаршија — таков аршин.
Кој го знъјт од каква вълна му е капата.
С каква го лулќа залулаа, с таква мотика ќе го закопаа.
С каква дружина си, таков и ти ќе си.
Со каква мера мерите, со таква ќе ви се врати.
какви.............1
Какви сме, свој си сме.
какво.............11
Виж дрвото какво е, па седни под него на сенќа.
Жената не е цвеќе да го помирисаш, за да знъјш какво е.
Знае воденичарот какво брашно турил во вреќата.
Какво дрво — таков прат.
Какво насадиш, такво ќе сркаш.
Какво печење — такво решение.
Какво посееш — такво ќе сркаш.
Какво семе, таква жетва.
Какво си постелеш, на такво ќе си легнеш.
На какво дрво, таков клин.
На какво оро се фатиш, така ќе играш.
каке..............1
Лут каке ѕвер.
како..............371
А бидам зет ушче еднош, знъм како да гувјам.
Ако бидам невеста уште еднаш, знам јас како да гувеам.
Ако не лажиш, али ако лажиш, речи да се сториш како прстов.
Ако не можеш да направиш како сакаш, направи како можеш.
Ако не можеш да направиш како сакаш, направи како можеш.
Ако не мојш да напрајш како сакаш, напрај како мојш.
Ако не мојш да напрајш како сакаш, напрај како мојш.
Ако падниш, падни како мъж, а не како жена.
Ако падниш, падни како мъж, а не како жена.
Ако си мек ќе те згазат како кал, ако си благ ќе те изедат като мед.
Ако си ми татко, не си ми Господ, да што сакаш да ми се качиш како петел на врато?
Ако ти ја клаат алката на носот, како мечка ќе ми те водат.
Ако чоекот ет во снагата како скот, ама во душата ет како Бог.
Ако чоекот ет во снагата како скот, ама во душата ет како Бог.
Арам стока спечалена, ќе истечит како вода.
Бегај од злото како Евреино од крсто.
Бегај од пијанио како од улаио.
Бегат како ѓаол од темјан.
Бегат како ѓаолот од темјан и Евреинот од крстот.
Бегат како Евреин од крс и протестанец од пос.
Бегат како некој елен треќак.
Бегат како некоја јагула, што се слизга од рака.
Бегат како од чума.
Бело е момето како од котело газеро.
Болеста се ваќа за чоека како некоја пијавица.
Брблаица жена е како некоја празна воденица.
Будалата се гнети во лошото како слепио во кашата.
Виното како што стои в бочва, не стои во чоека.
Виното не седит во глата мадро како во шишето.
Вистината е како пипер в очи.
Влегвит како в ан.
Вреват в црква како во авра еврејска.
Времето си лета како со крилја.
Врзи прс, за да бараш лек, да секоја баба ќе ти баи како што знаи.
Гајлето го јаде човекот како 'рѓата железото.
Галеното дете е како ѓупцото теле.
Галеното дете е како магарешко прле.
Го направи вратот како питачко магаре.
Гола е како змија на трн.
Господ секому не можит како што сакат да му угодит.
Дено се познаа уште од утрината како ќе биде до вечера.
Дете мало ет како кучето и мачето.
Детето мало како што го милуа шеќеро, така и огно.
Децата си играат како браќа, ако не се родени од една мајка.
Дните си врват како вода.
Дните си летаат како со крила.
Дните си летаат како стрела.
Дреми како млада невеста.
Другему било како било, мене ми се збило.
Дури не врзиш прс и да бараш лек, да кому како ќе му текни, и лек ќе ти кажит.
Ѓаурски глај како тикви.
Жабата видела како коват, и она си подала ногата.
Жена куса, руса и шишкаа, велит: ах, како не сум висока, калеша и танка бојлија?
Жена пијана ет како улаа свиња.
Жената е како патка, трајт и на студено.
Жената е како тирен чараб — се тегнит.
Жените сега и повелаат мажите и си играат со нив како мачките со глувците.
Заборајл како го викет.
Збеснел како мачка во сечка.
Збеснел како некој бесен пес.
Зборојте сет како цреши: една вати, сите ќе се кренат.
Зборот како коа крава јазикот да му го изел.
Зборуат и туку брборит како газ на грозје брање.
Зборуат како празна воденица.
Зборуј коа те прашаат, не молчи како ќос на јајца.
Зинал како пес во горештина.
И итриот се лажит, како будалата што се лажи.
И опулил очите како некој мачор.
Инат праит како магаре на мос.
Исправен како пушка.
Исправен како пушка. Исправен како свеќа.
Исправен како пушка. Исправен како свеќа.
Исправен како свеќа.
Истај ми се од пред очиве, оти како крв ми се гледаш.
Ит'р како некој ѓаол.
Ја зареза куќата како на рабуш.
Ја збират парата како гнојот раната.
Ја збират парата како песо болвите.
Ја збират парата како пчелата медот.
Ја збират парата како чумата децата.
Ја растурила жената куќата како табаана.
Јас не сум лош како Петка ваш, Петко се со нож, а јас се со грош.
Јас си го вардам како очите детето.
Како алтани да имат во устана.
Како в бунар да си го фрлил.
Како ве остајв, така ве најдов.
Како викнато, така оѕвано.
Како вода донесло, така и однесло.
Како го крошни залулале, така го мотика закопала.
Како го купив, така ти го продам.
Како Господ што рекол.
Како да зина земја и го голтна.
Како да не јајт леб секој ден.
Како да не јајт солено.
Како дошло, така пошло.
Како дробиш, така јадиш.
Како змија да го къснала.
Како играш, така ќе ти свират.
Како костени да имат во устана.
Како крава кога а лизнало. (Кога е замазнет).
Како ќе дробиш така ќе сркаш.
Како ќе ја бркаш работата, така ќе ти ојт.
Како ќе си дробат така ќе си сркаат.
Како ќе си постелат така ќе си легнат.
Како ќе си постелиш, така ќе си легниш.
Како ќе ти свират, така ќе играш.
Како лук в очи.
Како магарето, и прлето.
Како мачка на сланина.
Како му стори умо, нека му трга глаата.
Како на чвек ти благодарам.
Како на чвек ти зборвам.
Како од камен го вадит сиромајот лебот.
Како од татква си стока да дат.
Како од таткво си ќесе да плашчат.
Како памбук да имат во ушине.
Како пошол, така дошол.
Како првио залак што е сладок, не ет и вториот.
Како предит мајката, така ткајт ќерката.
Како се задојл, така се ишчинал.
Како се заткало, така и се доткало.
Како се скројло, така ќе се ишчинит.
Како семката, и ластунката.
Како си дробил, така ќе сркаш,
Како си послал, така ќе легниш.
Како смртта пред мене да си ја гледам кога тебе ќе те видам.
Како срце болело, така и очи плакале.
Како срцето болело, така очите плакале.
Како Струга немат друга.
Како ти свирет, така ќе играш.
Како чвек ти благодарам.
Како чвек ти зборвам.
Како што викнало, така му се оѕвело.
Како што дошло, така и си иошло.
Како што дробил, така нека срка.
Како што е аџија, уште да не е ајанџија, секој ќе го веруат.
Како што земаш пари, така и ќе даваш.
Како што се арџат пари за вино и ракија, така да се арџеа и за наука, не ќе тргаа сиромасите мака.
Како што ти мислат комшиите, така не ти мислат куќните.
Како што ти мисли комшијата, така да ти мисли и Господ.
Како шчо го раниш кучето, така ќе ти ја вардит куќата.
Како шчо праеше, арно помина,
Како шчо праеше, си најде.
Ке пријатељ како на гости, на ан и на отел како дома.
Ке пријатељ како на гости, на ан и на отел како дома.
Кога легнав, како скапана круша веднаш заспав.
Кој за себеси е лош, како ќе бидит за други арен.
Кој како дење си мисли, и на сон ќе му иди.
Кој како е скроен, така ќе се ишчинит.
Кој како знъјт така и пејт.
Кој како ќе си је наредит.
Кој како прајт, така и наожџат.
Кој како работат, така е и платен.
Кој како си коња ранит.
Кој како шчо се скројл, така ќе се ишчинит.
Кој како шчо се скројл, така си живејт.
Којшто се ваќа на танец, како ќе му свират, така ќе играт.
Колни како владика.
Колни како Еѓупка.
Колни како маштеа паштерка.
Колни како свекрва.
Кому како му е ќејф, така си прајт.
Комшиската кокошка се гљат како гуска.
Кротко како бубалче.
Кротко како гулапче.
Кротко како јагне.
Крцкат како кола без катран.
Крцкат како колце без катран.
Крцкат како скрипец.
Кус да рус и во забите како пес.
Ќе го јадеше како леб и сол.
Ќе ја работи работата како вол за сламата.
Ќе пројде како пците на Василица.
Ќе пропиштите и вие како змија под пенушка.
Ќе пукнит од мака како костен во пуза.
Ќе се запие кавгаџијата за чоека како некоја пијаица.
Ќе си го лизни страмот како Еѓупче мрсул.
Ќе си даит како поп.
Ќе си даит клучеите, како што го гледам.
Ќе си седиш мадро како поп.
Ќе те јада како алва на Прочка.
Лажит како некој Евреин.
Лажот лажит како Еѓупка.
Легнал на колк како бег.
Лежит мрзливион како некој умрен.
Лесичка правина — права како важе в торба.
Лилјако ноќе излегуат и ноќе се криет, како да ет борчлија на Евреите колку страв имат.
Луѓето сет врзани со ал'шверишо како алките од синџиро.
Лут како дива свиња.
Лут како пипер.
Маж како петело наш.
Меѓу два огна се наоѓат, како не ќе изгорит?
Мек како бубаќ.
Мек како бубрег.
Ми оит како на 'ртот мад...
Ми оит како на ракот во трапот.
Ми помина зборот како на камен.
Мириса пијаниот како расол во марта.
Мирно седи детето како јагне во трлото.
Моли се понекоаш и на ѓаоло како на ангело, за да не ти напраи лошо.
Молчи кабаетлијата како ќос на јајца.
Мравката и пчелата не учет како се печалит.
Му ги врзале очите, како на бавчанџиски коњ.
Му ваќа умот во глаата како на камен.
Му идат како на утот.
Му помина болеста како на некое куче.
Му прилега како ѕвонец на свиња.
Му прилега како катанец на кочина.
Му прилега како на ат да носи зарзават.
Му прилега како на Еѓуптин да носи дивит.
Му се овргали како бивол во тиња.
Му се тресит ръкана како на Чифутин.
Му течит како од ръкав.
Мустаќи долзи како од мачор.
На жената се гљат како је држит куќата, а на мъжот како носит в куќи.
На жената се гљат како је држит куќата, а на мъжот како носит в куќи.
Најумниот на веков ќе умри како најнеумниот.
Наружани како маски опковани.
Не враќај се од зборот како жена од пазарлакот.
Не знаи свиња како се јади диња.
Не како што знаиш, ами како што ќе наиш.
Не како што знаиш, ами како што ќе наиш.
Не менуј се од зборо како времето во марта.
Не опињај се како некоја жаба на брзеј.
Не учи бавчанџија како се садет крастајци.
Нека не дреме како ќос на јајца.
Нека не праит инат како магаре на мос.
Неканет гост молчит како ќос на јајца.
О, бир, брада жужер црна како къклица.
Овенал како некој скинат трендафил.
Од свое село мома, како вода в чаша, од чуждо село мома, како вода в стомна.
Од свое село мома, како вода в чаша, од чуждо село мома, како вода в стомна.
Одит без гаќи како кауѓер во сирница.
Одит како слеп коњ во гробишта.
Однеси го магарето каде сакаш, тоа пак ке се врати како магаре.
Ојт како проѕевка од уста на уста.
Ококотил очи како мачор во мутли.
Окрвавил во очите како некој вапир.
Опулил очи како од вол.
Отворил очи како некој плочи.
Отфркна од мене како некој нерез.
Очите во глаа му играат како на некој сатана.
Паднал како чоек: еден Господ не паѓа.
Парите се арџат и од кесе течат како вода.
Парите стојат в кесе како билбиљо во кавезо.
Пеит песна како да гледа на книга.
Пијан беше веќе како ќутук.
Пијан беше како дрво.
Пијан беше како труп.
Пијанио се валка како свињата во калта.
Поканат како и почестен.
Поклони му се на злото како на светото.
Помин поминуат како пците на Василица.
Поминаа како пците на Василица.
Прав како јаже в торба.
Прав како свеќа.
Прав како светец.
Прав како фидан.
Пријатело се познаа во нужда како стреброто во огно.
Простако се раѓа како теле, живеит како јунче, умират како воле.
Простако се раѓа како теле, живеит како јунче, умират како воле.
Простако се раѓа како теле, живеит како јунче, умират како воле.
Пука како костен во пуза.
Пукна како ѓаол.
Пукна како меур подуен.
Пукна како топ.
Работи како за сто години да живеиш, а мисли како за утре оти ќе умриш.
Работи како за сто години да живеиш, а мисли како за утре оти ќе умриш.
Растат децата како лубениците во бостан.
Растит дете како кога да го тргат некој за уши.
Раширил уста како некоја ламја.
Рие ничкум како свиња во тиња.
Рус да кус, во забите како пес и брез.
Св наежил како некој еж.
Светијте зер рогои имаат, ами и тие беа луѓе како нас.
Свил си вратот како мачоро во тланикот.
Свињата си е свиња, затоа не знаи како се јади диња.
Се бунат како Грк во апсана.
Се валка како свиња во калта.
Се драпат како коза крастава.
Се ежит како некој еж.
Се заваќа како некоја капина.
Се закаса како некој бесен пес.
Се залачка како некоја бесна кучка.
Се залепил за мене како некој лепаец.
Се запил како некоа пијајца.
Се инати како магаре пред мосто.
Се испраи како некој да е во планина.
Се истегнал како јалоарски пес.
Се милват како куче и маче.
Се наврли како леќа на Велигден.
Се надул како еѓупски тапан.
Се надул како некој мисир.
Се напецал како некоја вошка.
Се напнал како арнауцки пиштол.
Се напнал како некоја жаба на брзеј.
Се научил пијаницата да одит на меана како песо на касапница.
Се озабил како варен зајак.
Се окубал пијаницата како лисицата во косење.
Се пика како слепио во кашата.
Се притруса како приш при јаникара.
Се провре и оваа недела како глушец низ дупка.
Се радува како мало дете на црвено јајце.
Се расклоца како коза од стршни.
Се родил саде да јади и да пие и како гоедо да живее.
Се свиткал како змија во зора.
Се скрил како некој зајак во рас.
Се смуртил како кога ќе врнит.
Се соголил како мајка што го родила.
Се спружил како волк на припек.
Се стуткал како некоја вдоица.
Се стуткал како некоја сиротица.
Се стушил како марта.
Се тресит како Евреин од крс.
Се тресит како лис на дрво.
Се тресит како прат.
Се шири како орел во торба.
Сечит со зборот како сабја.
Си живеат како кучето и мачето.
Си живеет браќа како ракој в торба.
Си ја гледа човекот женичката како говедарот стелната крава.
Си лежи на колк како некој дембел.
Симни капата, удри ме, коа и ти си како мене.
Скокат како да го дупат шилци во газот.
Скокат како мачка по мрвка.
Скокат како некоја жаба или како скакулец.
Скокат како некоја жаба или како скакулец.
Сплеткал конците како мрзлива жена косите.
Староста не ет радосна како младоста.
Стоит како некое дрво.
Стоит како некој дирек.
Стоит како некој поп пред владика.
Те спетлале како мечка во синџири.
Трча како прле пред магаре.
Туку 'ржит како некој пес во кочин.
Туку вреви како некоја празна воденица.
Туку го врти газот ергенон како некој калајџија.
Туку го гризи како црво дрвото.
Туку жржат како некој коњ за зоб.
Туку клапа како бесен пес по сокаци.
Туку клапа како волк во магла.
Туку клапа чапк'нот како волк во сечко.
Туку липа како магаре за зоб.
Туку се виткат како црв во дрво.
Туку се дуе како некој мисир.
Туку се миткат зетот нов покрај невестата како лисицата покрај кокошката.
Туку се миткат како некоја лисица.
Улаите со рогој не сет, да и тие како сите луѓе.
Устата ја отворил како некоја чапја.
Уште еднаш ако бидам зет, знам јас како да гувеам.
Црвен како крв.
Црвен како крмуз.
Црвен како приш.
Црвен како прч.
Црвен како ружица.
Црвен како тетоско јаболко.
Црвен како трендафил.
Цревата кркаат како жаба моклишка.
Црн како котел.
Црн како некоја гламна.
Чис како гулаб, ит'р како ѓаол.
Чис како гулаб, ит'р како ѓаол.
Чис на татка си излезе, како да му ја скинал глаата.
Чоек како што се родил, така и ќе умрит.
Чоекот треба да е растурен како бостан.
Џвакат како со туѓа уста.
Шега ако се биеш за некого, и ти ќе бидиш како него.
Што ит'р ет како некоја лисица.
Што туку вика како магариште.
Што туку вика како улав.
Што туку викат како полјак.
Следниот дел
Горе