Следниот дел
Претходниот дел
зачувај...........1
Зачувај денеска да ти се најт за утре.
збареше...........1
Секоа муа мед да збираше, бумбаро каца ќе збареше.
збере.............2
Да може секоа муа мед да бере, бумбаро ќе збере највеќе.
Ќе збере кашча колку прах на тапан.
збери.............1
Тргај, старче, орото да се збери селото.
збеснел...........2
Збеснел како мачка во сечка.
Збеснел како некој бесен пес.
збеснеле..........1
Едни луѓе збеснеле од јадење и од пиење.
збеснит...........1
Куче од него да къснит ќе збеснит.
збијат............1
Браќа коа ќе се збијат, трчај да и отмиш, оти ќе се умртват.
збидне............1
Шчо е пишано, нека се збидне порано.
збило.............1
Другему било како било, мене ми се збило.
збира.............8
Ако бумбаро збира мед, ногу ќе собере.
Друг збира стока со мака, друг ќе јади без мака.
Друг збира, друг ќе јадит што не спечалил.
Дуќан на ќоше не збира муштерии, ами ќошето збира.
Дуќан на ќоше не збира муштерии, ами ќошето збира.
Еѓуптинот стока не збира, оти парите си и пие на меана.
Јас тропам тапане, друт го збира брашното.
Од две дупќи катран не зе збира.
збирај............2
Збирај на младос, да имаш на старос.
Секоаш збирај, ама не растурај.
збираат...........2
Кај што има гнасотиј, тамо се збираат муи.
Пчелите и мравите лете збираат за зиме да јадат.
збират............5
Ја збират парата како гнојот раната.
Ја збират парата како песо болвите.
Ја збират парата како пчелата медот.
Ја збират парата како чумата децата.
Пчелата ако е мала, ама можи мед да збират.
збираше...........1
Секоа муа мед да збираше, бумбаро каца ќе збареше.
збире.............2
За селсќи говеда не збире слама.
Не збире слама за чужџи магариња.
збогум............2
Збогум сиромашчијо, појли питачлак.
Останете збогум и добро видение.
збор..............41
Ајванот се врзвит со јъже, а чвек со збор.
Арен збор — златен кључ.
Арен маж на збор не стоит.
Арниот збор железна врата отворат.
Арниот збор и царска врата отворат.
Арниот збор ојт далеку, а лошиот ушче подалеку
Благиот збор и железна врата отворат.
Брз коњ се втасуа, ама брз збор не се втасуа.
Глобок збор: езеро, море.
Голем залак касни, голем збор не речи.
Голем збор: мечка, планина.
Добриот збор, железна врата отвора.
За магаре сено, та за него збор.
За тебе збор, за магаре оро.
Збор збор да ни бидит, неќум утре да се пишманит.
Збор збор да ни бидит, неќум утре да се пишманит.
Зборот збор отворат.
Кај збор не помага, тамо стап помага.
Кај што излегуа збор, — и душа.
Кај што не помага збор, тамо и стап не помага.
Ке шчо излегвит збор и душа излегвит.
Ке шчо не помогвит збор, ќе поможит стап.
Кој не разбират од збор, ќе разберит од стап.
Којшто разбира, од еден збор разбират; а кој не разбират, и илјада да му велиш, пак не ќе те разбери
Лошата пљага заздравјат, ама лошјот збор не се за бора.
Мевлем на рана — збор на жалба.
На момичка поарно куршум, отколку лош збор.
Од збор на збор пијаницата ќе се ватит за суроицата.
Од збор на збор пијаницата ќе се ватит за суроицата.
Од кај што излегуа збор, и душа.
Окото порано нека му излезит на чоеко, а лош збор да не му излезит.
Поарно да се слизниш со нога одошто со збор.
Поарно да ти излезит едно око, отколку лош збор.
Поарно ет да се слизниш со нога одошто со збор.
Поарно око да ти излезит, одошчо лош збор.
Поголем залак касни, поголем збор не речи.
Поголем късај късни, поголем збор не прогори.
Сите луѓе еден збор немаат.
Со збор се е лесно.
Чоек се учи со збор, а мечка со стап.
Чоек се учи со збор, а мечката со стап.
зборвал...........1
Ај нему си му зборвал, ај на дрво.
зборвала..........2
Уста му зборвала, носон му слушал.
Уста му зборвала, шапка му слушала.
зборвам...........3
Како на чвек ти зборвам.
Како чвек ти зборвам.
Ти зборвам, ќерко, дошикај се снао.
зборвењето........1
Зборвењето е стребро, а малчењето злато.
зборвет...........1
Чвек шчо работат вредит колку за десет шчо зборвет.
зборви............5
Во куќата на обесен не зборви за јъже.
Зборви прау, оди ке ти драго.
Зборви си, ако си имаш време.
Зборви усто, да не бидиш пуста.
Малу зборви, многу работај.
зборвиме..........1
За вълкот зборвиме, а тој зад врата шчутел.
зборвит...........18
Ако е мъчно да се зборвит, не е мъчно да се малчит.
Двапъти водејнци се зборвит.
Едно мислит, друго зборвит, трето прајт.
Едно мислит, друго зборвит.
Зборвит ко празна водејнца.
Кога зборвит постар, помладите требит да малчет.
Кој зборвит шчо му драго, ќе слушат шчо не му е драго.
Кој зборвит шчо сакат, ќе слушат шчо не сакат.
Кој многу зборвит, грешит.
Кој многу зборвит, многу мъмит.
Лесно е да се зборвит, ама тешко е да се работат.
Мртва уста не зборвит.
Од ко ќе умрит чвек, лесно е за него да се зборвит сешчо.
Слушај шчо зборвит попон, а не прај то шчо прајт тој.
Умрена уста не зборвит.
Уста зборвит, аљ' гъз прдит?
Устата е да зборвит, а ръцете се да работет.
Шчо трезвен мислит, то пијан зборвит.
Следниот дел
Горе